194 | Македонски
Cut Control (13) директно на лизгачката папуча (10)
важи надворешното означување (28).
Ознака за сечење за аголот на закосување меѓу 0° и 45°
се пресметува пропорционално. Таа може дополнително
да се нанесе на контролниот прозорец за Cut Control
(13) со неперманентен маркер и повторно да се
отстрани.
За прецизно работење најдобро е да направите пробен
рез.
Поместување на основната плоча (види слика H)
За сечење во близина на рабовите можете наназад да ја
поместите основната плоча (11).
Олабавете ја завртката (25) (на пр. со одвртувач) и
турнете ја основата плоча (11) во насока на батеријата
докрај (5).
Повторно затегнете го шрафот (25).
Сечењето со поместена основна плоча (11) е можно
само со агол на косо сечење од 0°. Освен тоа не треба да
се употребува заштитата од кинење (20).
Уред за оддувување на струготините
Со струењето на воздухот на уредот за оддувување на
струготини може да се одржува чиста линијата на резот
од струготини.
Вклучете го уредот за оддувување на струготините кога
работите со големо количество на отстранет материјал од
дрво, пластика и др. Вметнете го прекинувачот (7) во
позиција „I".
Исклучете го уредот за оддувување на струготините при
работење со метали како и системот за всисување прав.
Вметнете го прекинувачот (7) во позиција „0".
Ставање во употреба
Вклучување/исклучување
За вклучување на електричниот алат прво притиснете ја
блокадата при вклучување (1). Потоа притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (2) и држете
го притиснат.
Работната светилка свети при малку или целосно
притиснат прекинувач за вклучување/исклучување (2) и
овозможува осветлување на работното поле при услови
на слаба осветленост.
За исклучување на електричниот алат отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (2).
Напомена: Од безбедносни причини, прекинувачот за
вклучување/исклучување (2) нема да се блокира, туку за
време на работата постојано мора да биде притиснат.
Контрола на бројот на работни одови
Бројот на работни одови на вклучениот електричен алат
може да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа
колку ќе го притиснете прекинувачот за вклучување/
исклучување (2).
Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/
исклучување (2) се постигнуваат мал број на работни
1 609 92A 8M8 | (18.08.2023)
одови. Со зголемување на притисокот се зголемува и
бројот на работни одови.
Потребниот број на работни одови зависи од материјалот
и работните услови и може да се одреди со практична
примена.
Се препорачува намалување на бројот на работни одови
при поставување на сечилото за пила на алатот, како и
при сечење на пластика и алуминиум.
При подолготрајно работење со мал број на работни
одови, електричниот алат може многу да се вжешти.
Извадете го сечилото за пила и оставете го електричниот
алат да работи околу 3 мин. со максимален број на
работни одови.
Заштита од преоптоварување во зависност од
температурата
Правилната употреба не може да го преоптовари
електричниот алат. При преголемо оптоварување или
работење надвор од дозволените граници на
температура за батеријата, се намалува бројот на вртежи
или се исклучува електричниот уред. При намален број
на вртежи, електричниот алат се вклучува дури откако ќе
се постигне дозволената температура на батеријата или
при намалено оптоварување со полн број на вртежи. При
автоматско исклучување, исклучете го електричниот
алат, оставете ја батеријата да се олади и повторно
вклучете го.
3-те LED-светилки на приказот за наполнетост на
батеријата (3) брзо трепкаат, доколку температурата на
батеријата е надвор од опсегот на работна температура
од −20 до +50 °C и/или реагира заштитата од
преоптоварување.
Совети при работењето
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Доколку се блокира сечилото за пила, исклучете го
u
електричниот алат.
Доколку обработувате мали или тенки делови
u
секогаш користете стабилна подлога или маса за
пила (опрема).
Убодната пила главно е дизајнирана за вршење заболени
засеци. Во Bosch-асортиманот се вклучени и додатоци
кои овозможуваат право сечење или кружно сечење (во
зависност од моделот на убодната пила на пр. паралелен
граничник, шина-водилка или кружен секач).
При работата рачните убодни пили може да „го изгубат
правецот", што значи дека аголот и прецизноста на
сечењето ќе бидат намалени. Одлучувачки фактори кои
влијаат на прецизноста се дебелината на сечилото на
пилата, должината на сечењето и густината и дебелината
на материјалот на делот што се обработува.
Bosch Power Tools