Télécharger Imprimer la page

Bosch AdvancedSaw 18V-140 Notice Originale page 193

Scie sauteuse sans fil

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 22
Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат за канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
u
Правта лесно може да се запали.
Вклучување на системот за всисување прав
(види слики F–G)
Турнете ги млазниците за всисување (6) во
вдлабнатините на основната плоча (11), додека не
кликнат.
Вметнете го адаптерот за всисување (23) на црево за
всисување (22), така што ќе се слушне кога ќе се вклопи.
Поврзете го адаптерот за всисување (23) со млазниците
за всисување (6) на електричниот алат и цревото за
всисување (22) со всисувач (опрема).
Прегледот за приклучување на различните видови на
всисувачи за прашина ќе го најдете на крајот од ова
упатство.
Исклучете го уредот за оддувување на струготините, ако
го имате приклучено всисувачот за прашина.
За оптимално всисување, по можност поставете ја
заштитата од кинење (20).
Всисувачот за прашина мора да е соодветен на
материјалот на парчето што се обработува.
При всисување на особено опасни по здравје,
канцерогени или суви честички прав, користете
специјален всисувач.
Употреба
Начини на работа
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Bosch Power Tools
Подесување на осцилации
Осцилациите што се подесуваат на четири нивоа
овозможуваат оптимално прилагодување на брзината,
капацитетот и сликата на сечење на материјалот што се
обработува.
Со рачката за подесување (8) можете да ги поставите
осцилациите и за време на работата.
нема осцилации
мали осцилации
средни осцилации
големи осцилации
Оптималниот степен на осцилирање за односната
примена може да се одреди со практичен обид. Притоа
важат следните препораки:
– Доколку го изберете степенот на осцилирање што
помал одн. целосно го исклучите, толку ќе биде
подобар и почист исечениот раб.
– При обработка на тенки материјали (на пр. лимови)
исклучете го осцилирањето.
– Кај тврди материјали (на пр. челик) работете со мало
осцилирање.
– Кај меки материјали и при сечење на дрво може да се
работи со максимално осцилирање.
Подесување на аголот на закосување (види слика H)
Основната плоча (11) може да се навали кон десно или
кон лево за сечење под агол до 45°.
Заштитата од кинење (20) не може да се примени за
сечење под агол.
– Извадете ги млазниците за всисување (6), лизгачката
папуча (10) и заштитата од кинење (20).
– Олабавете ја завртката (25) (на пр. со одвртувач) и
малку турнете ја основата плоча (11) во насока на
батеријата (5).
– За подесување на прецизен агол на косо сечење,
основната плоча од десната и левата страна има
повеќе точки за вклопување. Навалете ја основната
плоча (11) согласно скалата (24) во саканата
позиција. Другите сечења под агол може да се подесат
со помош на агломер.
– Потоа притиснете ја основната плоча (11) до крај во
правец на сечилото за пила (12).
– Повторно затегнете ја завртката (25).
Контрола на линијата на сечење кај сечење со
закосување (види слика I)
За контролата на линиите на сечење на контролниот
прозорец за Cut Control (13) има ознака (27) за
правоаголниот засек со 0° и по една ознака (26) за аголот
на закосување со 45° кон десно и кон лево соодветно на
скалата (24).
При прицврстување на контролата на линиите за сечење
со основата за Cut Control (15) на основната плоча (11)
важи внатрешното означување (26).
При прицврстување на контролниот прозорец за
Македонски | 193
1 609 92A 8M8 | (18.08.2023)

Publicité

loading

Ce manuel est également adapté pour:

Bos-06030130000603013000