со адитиви за одржување на дрвото; носете маска
за прашина и работете со правосмукалки
доколку можете да ги поврзете
• Следете ги процедурите на вашата земја за
прашината која се јавува како резултат од
материјалите со кои работите
• Зацврстете го материјалот кој го обработувате
(обработка која е зацврстена со стеги или во
менгеме е побезбедна отколку да ја држите со раце)
• Немојте да го прицврстувате електричниот алат во
менгеме
• Продолжениот кабел кој го користите, мора да биде
сосема одмотан и безбеден, со капацитет од 16 А
ВО ТЕКОТ НА УПОТРЕБАТА
• Кога работите, цврсто држете го алатот со двете
раце и заземете безбеден став
• Кабелот секогаш држете го подалеку од деловите на
алатот кои се движат; кабелот држете го на задната
страна, на страна од алатот
• Ако кабелот се оштети или пресече за време на
работата, веднаш исклучете го и не го допирајте
• Никогаш не користете алат ако кабелот е оштетен;
замената на кабелот мора да ја изврши стручно лице
• Во случај да дојде до електричен или механички
дфект, веднаш исклучете го алатот и исклучете го од
приклучокот
• Доколку дојде до прекин на струја или случајно
откачување на приклучокот, отпуштете го
прекинувачот H 2 за да попречите неконтролирано
повторно подвижување
ПО УПОТРЕБА
• Исклучете го моторот пред да го спуштите алатот и
проверете дали сите подвижни делови се комплетно
застанати
• По исклучувањето на електричниот алат, никогаш не
го запирајте вртењето на приборот со користење на
странична сила
ОБЈАСНУВАЊЕ ЗА СИМБОЛИТЕ ЗА АЛАТОТ
3 Пред употреба прочитајте го прирачникот за
употреба
4 Носете заштитни очила и заштита за ушите
5 Двојна изолација (не е потребна заземна жица)
6 Не фрлајте го алатот заедно со другиот отпад од
домаќинството
УПОТРЕБА
• Поставување на дополнителните рачки 7
! извлечете го приклучокот ако кабелот
- зашрафете ја дополнителната рачка A оддесно
или одлево на алатот (зависно од работата што
треба да се заврши)
- поставете ја дополнителната рачка B како што е
прикажано на сликата и затегнете ги двата шрафа
со доставениот клуч C
• Поставување на приборот 2
! извлечете го приклучокот ако кабелот
- исчистете го вретеното D и сите делови што ќе ги
поставите
- зашрафете ја подлошката од ВЕЛКРО-материјал E
на осовината D со притискање на копчето за
заклучување на оската F
! притискајте го копчето за заклучување на
осовината F само кога осовината D е целосно
застаната
- едноставно притиснете ја волнената навлака G на
потпорната подлошка од ВЕЛКРО E
- за отстранување на прибор се справи обратно
• Пред користење на електричниот алат
- проверете дали е приборот исправно поставен и
силно прицврстен
- проверете дали приборот може да се помести,
така што рачно ќе го стартувате
- пробно вклучете го алатот најмалку 60 секунди на
најголема брзина во празен од и во сигурна
положба
- веднаш престанете со работата доколку дојде до
поголеми вибрирања или други неправилности во
работата и прегледајте го алатот, за да ја
одредите причината
• Вклучено/Исклучено
- алатот вклучете/исклучете го со повлекување/
пуштање на прекинувачот H 2
• Електронско меко вклучување
Обезбедува внимателно постигнување максимална
брзина без неочекувано влијание кога ќе се вклучи
алатот
• Блокирање на прекинувачот за постојана употреба
- повлечете го прекинувачот H
- притиснете го копчето J со палецот
- отклучете го прекинувачот со повторно
повлекување на прекинувачот H и отпуштање
• Контрола на брзината 8
- Со тркалото K максималната брзина може да се
приспособи од ниска до висока (1-MAX)
- започнете со тркалото K во позиција 1 (најмала
брзина)
- ако е потребно, изберете поголема брзина додека
работи тркалото
- оптималната работна брзина зависи од
материјалот и може да се одреди преку практични
проби
• Работа со алатот
- вклучете го алатот
- поставете го алатот целосно врз површината
којашто треба да се полира и движете
рамномерно по делови
- едното движење треба да го преклопи
претходното за една половина
- не застанувајте на една точка за да избегнете
горење на подлогата
- не движете го алатот во кругови за да избегнете
дамки или горење на подлогата
! уредот треба да се подигне од работната
површина пред тој да биде исклучен
! приборот се врти уште некое време по
исклучувањето на електричниот алат
• Држење и насочување на алатот 9
! додека работите, секогаш држете го алатот за
местото (местата) кое (кои) се означени со
сива боја
- електричниот алат секогаш држете го силно со
двете раце, за да можете во секој момент да
имате целосна контрола врз него
126