Télécharger Imprimer la page

Skil 9955 Notice Originale page 125

Publicité

повлечат кон дополнителната опрема којашто се
врти.
m) Никогаш не оставајте го алатот додека
дополнителната опрема не се смири во целост.
Опремата којашто се врти може да се закачи за
површината и да ја изгубите контролата врз алатот.
n) Не вклучувајте го алатот додека го носите
отстрана. Случајниот контакт со дополнителната
опрема којашто се врти може да се заплетка во
облеката и да го повлече алатот кон телото.
o) Редовно чистете ги отворите за вентилација на
алатот. Вентилаторот на моторот вовлекува
прашина во куќиштето, а прекумерната акумулација
на иситнет метал може да предизвика електричен
удар.
p) Не работете со алатот близу запаливи
материјали. Искрите може да ги запалат овие
материјали.
q) Не користете дополнителна опрема којашто бара
течни разладувачи. Употребата на вода или други
течни разладувачи може да предизвикаат
електричен удар или смрт.
2) ПОВРАТЕН УДАР И ПОВРЗАНИ
ПРЕДУПРЕДУВАЊА
• Повратен удар е неочекувана реакција на потфатено
или заглавено тркало, подлошка, четка или која било
друга дополнителна опрема. Потфаќањето или
заглавувањето предизвикуваат нагло попречување
на вртењето што предизвикува алатот врз кој веќе
немате контрола да се потисне во правец обратен од
ротацијата на опремата кај точката на поврзување.
• На пример, ако абразивното тркало се потфати или
заглави со остаток од работата, работ на тркалото
којшто навлегува во потфатената област може да се
закопа во површината на материјалот и со тоа да
предизвика тркалото да се откачи или да ве бутне.
Тркалото може да отскокне кон или обратно од
ракувачот, зависно од правецот на движење на
тркалото во моментот на потфаќање. Абразивните
тркала може и да се скршат во овие услови.
• Повратниот удар е резултат на неправилна употреба
на алатот и/или несоодветна работна постапка или
услови, а може да се избегне ако ги преземете
неопходните безбедносни мерки како што е
посочено подолу.
a) Одржувајте цврст зафат на алатот и поставете ги
телото и раката на тој начин со којшто ќе си
овозможите да ја издржите силата на
повратниот удар. Секогаш служете се со
дополнителната рачка ако се доставува за
максимална контрола врз повратниот удар или
врз реакцијата од моментот на обрт при
вклучување. Ракувачот може да ги контролира
реакциите од моментот на обрт или силата на
повратниот удар ако ги преземе неопходните
безбедносни мерки.
b) Никогаш не ставајте ја раката близу опремата
којашто се врти. Опремата може да удри повратно
преку раката.
c) Не поставувајте го телото во областа каде алатот
би се придвижил ако дојде до повратен удар.
Повратниот удар ќе го потисне алатот во правец
обратен од вртењето на тркалото во моментот на
потфаќање.
d) Обрнете особено внимание кога работите кај
агли, остри рабови и слично. Избегнувајте
потскокнување и потфаќање на дополнителната
опрема. Аглите, острите рабови или отскокнувањето
имаат тенденција да ја потфатат дополнителната
опрема којашто се врти и на тој начин да изгубите
контрола или да предизвикате повратен удар.
e) Не ставајте сечиво за резбарење на моторна
пила или сечиво на пила со запци. Таквите сечива
предизвикуваат чести повратни удари и загуба на
контролата.
ДОПОЛНИТЕЛНИ БЕЗБЕДНОСНИ
ПРЕДУПРЕДУВАЊА
ОПШТИ
• Користете го овој алат само за полирање
• Користете ги исклучиво рабовите кои сте ги добиле
со овој алат
• Овој алат не треба да го користат лица под 16 години
• Обезбедете се алатот да е исклучен од струја
пред да вршите било какво подесување или
замена на приборот
• Не обработувајте никаков материјал кој содржи
азбест (азбестот важи за предизвикувач на рак)
ПРИБОР
• SKIL може да признае гаранција само доколку е
користен соодветен прибор кој може да се набаво во
сите SKIL продавници
• За поставување и користење на приборите кои не се
SKIL погледнете го упатството на производителот
• Користете само прибор чија дозволена брзина е во
најмала рака еднаква на најголемата брзина при
празен од на електричниот алат
• Никогаш не користете прибор со отвор на "слепи"
навивки помали од М14 х 21мм
• Не користете оштетена, деформирана или опрема
којашто вибрира
• Внимателно ракувајте и чувајте приборот
КОРИСТЕЊЕ НА ОТВОРЕНО
• Кога го користите на отворено, поврзете го алатот
преку осигурувач за струја (FI) за погрешно
напојување во струја за прекинување со максимум
30 mA и користете продолжен кабел којшто е
наменет за употреба на отворено и опремен со
водоотпорен приклучок
ПРЕД УПОТРЕБА
• Секогаш проверувајте напонот да е ист со оној кој е
назначен на плочката на алатот
• Секогаш поставувајте ја дополнителната рачка A 2
или B 2; никогаш не користете го алатот без неа
• Прашината од материјали како боја која содржи
олово, некои видови дрво, минерали и метали, може
да биде штетна за здравјето (контактот со
прашината или нејзиното вдишување може да
шредизвика алергии и/или болести на дишните
органи за оној кој работи со алатот или луѓето во
близина); носете маска за прашина и работете со
правосмукалки доколку можете да ги поврзете
• Некои видови на прашина се канцерогени (како на
пример прашината од даб или бука), особено заедно
125

Publicité

loading