Télécharger Imprimer la page

Makita DMP181Z Manuel D'instructions page 220

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 12
3.
Не пумпајте го предметот повеќе од
неговиот максимален притисок. Во
спротивно, може да дојде до оштетување на
алатот или предметот и може да се повредите.
Не користете го алатот повеќе од неговиот
4.
максимален излезен притисок. Тоа може да
предизвика пукање на предметот или алатот.
5.
Пумпајте ги само оние предмети што
производителот назначил дека треба да се
пумпаат, како што се гуми, спортски топки
или мали гуми за пловење. Пумпање други
предмети може да ги оштети и да предизвика
повреда.
6.
При пумпање предмети, проверете
ги манометарот, статусот на алатот и
предметот и проверете дали некаде
истекува воздух. Во спротивно, може да дојде
до оштетување на алатот или предметот и
може да дојде до повреда.
7.
Кога го носите алатот, држете го за рачката.
Не држете го и не извлекувајте го цревото.
Алатот може да се оштети и да предизвика
повреда.
8.
По пумпање на предметите, проверете
го притисокот на воздухот со помош на
доверлива и калибрирана опрема за
мерење. Користете го манометарот на алатот
само како референца.
9.
По користење на алатот 10 минути
континуирано, престанете со користење
5 минути за да се излади. Не користете го
алатот повеќе од дозволеното континуирано
време на работење. Во спротивно, алатот
може да се оштети и да предизвика повреда.
10. Не користете го алатот на песок или
правлива површина. Туѓи предмети може да
навлезат во алатот и да предизвикаат дефект.
Не насочувајте го излезот на цревото кон
11.
вас или кон други лица. Предметите може да
се оддуваат и да предизвикаат повреда.
12. Не насочувајте го излезот на цревото кон
прав или слично. Правот може да се раздува
и да предизвика повреда.
13. Не пумпајте предмети со голем капацитет.
Ако пумпате предмети со голем капацитет,
алатот може екстремно да се загрее и да ви ја
изгори кожата.
14. Не допирајте ги алатот, цревото, главата за
воздух или адаптерот веднаш по пумпањето
предмети. Металните делови може да бидат
многу жешки и може да ви ја изгорат кожата.
15. Не користете го алатот со влажни раце.
16. Осигурете дека цревото не е заплеткано.
Заплетканото црево може да предизвика
загуба на рамнотежа и да предизвика повреда.
17. Никогаш не оставајте го алатот без надзор
кога цревото е прикачено на предмет или за
време на работењето.
18. Не користете го алатот како уред за дишење.
19. Не користете го алатот за прскање
хемикалии. Може да ви се оштетат белите
дробови од вдишување токсични испарувања.
20. Работете се алатот на отворено најмалку 50
cm подалеку од ѕид или предмети што може
да го попречат струењето на воздухот во
вентилациските отвори.
21. Не расклопувајте го алатот.
22. Користете само стандардни додатоци
на Makita. Со користење друг прибор или
додатоци може да се изложите на ризик од
телесни повреди.
23. Пред да пумпате гума, осигурете се дека
нема гребнатини или напукнувања во
гумата. Оштетената гума може да пукне кога е
напумпана и да предизвика повреда.
24. Додека пумпате гума, не стојте пред
нејзината странична гума.
Важни безбедносни упатства за
касетата за батеријата
1.
Пред користење на касетата за батеријата,
прочитајте ги сите упатства и ознаки
за претпазливост на (1) полначот за
батеријата, (2) батеријата и (3) производот
што ја користи батеријата.
2.
Не расклопувајте ја, ниту експериментирајте
со касетата за батеријата. Тоа може да
резултира со оган, прекумерна топлина или
експлозија.
3.
Ако оперативното времето станало
прекумерно кратко, престанете веднаш со
работа. Тоа може да резултира со ризик од
прегревање, можни изгореници, па дури и
експлозија.
4.
Ако електролит навлезе во вашите очи,
измијте ги со чиста вода и побарајте
медицинска нега веднаш. Тоа може да
резултира со губење на вашиот вид.
Не предизвикувајте спој на касетата за
5.
батеријата.
Не допирајте ги контактите со никаков
(1)
проводлив материјал.
(2)
Избегнувајте да ја чувате касетата
за батерија во сад со други метални
предмети како што се шајки, монети и
сл.
(3)
На изложувајте ја касетата за
батеријата на вода или дожд.
Краткиот спој на батеријата може да
предизвика голем проток на електрична
енергија, прегревање, можни изгореници, па
дури и пад на напојувањето.
Не складирајте и не користете ги алатот
6.
и касетата за батеријата на места каде
што температурата може да достигне или
надминува 50 °C (122 °F).
7.
Не палете ја касетата за батеријата дури
и кога е многу оштетена или целосно
потрошена. Касетата за батеријата може да
експлодира ако се стави во оган.
8.
Не заковувајте ја, сечете ја, фрлајте ја,
испуштајте ја касетата за батерија, ниту
удирајте ја од тврд предмет касетата за
батеријата. Таквото однесување може да
резултира со оган, прекумерна топлина или
експлозија.
220 МАКЕДОНСКИ

Publicité

loading

Ce manuel est également adapté pour:

Dmp181