▪ <Исклучување по ...>: изберете го временскиот интервал по кој камерата за
проверка автоматски се исклучува доколку не се притисне копче.
– <Информации за уредите>: тука ќе ги најдете сите информации за уредот како
на пример инсталираната верзија на софтвер и правните информации.
– <Фабрички поставки>: може да ги ресетирате сите опции од менито на
фабричка поставка. Истовремено, сите зачувани датотеки трајно се бришат.
Зачувување/пренесување на снимки
Фотографирање/снимање видео
При вметната Micro-SD-картичка (20) фотографиите и видеата се зачувуваат на
картичката.
Без Micro-SD-картичка, фотографиите се зачувуваат во внатрешната меморија на
камерата за проверка, видео снимките не се можни.
Режим на фотографии: притиснете го копчето за фотографирање/снимање
видео (12), за да направите фотографија од актуелниот приказ на екранот.
Режим на видеа: за да започнете снимање на видео, притиснете го копчето
фотографирање/снимање видео (12), за прекинување, притиснете го копчето
фотографирање/снимање видео (12) или средното копче (9).
Префрлањето помеѓу режимот на фотографија и видео се врши
преку <Глав.мени>.
Преглед на пренос на податоци
– Префрлете ги датотеките со фотографии од внатрешната меморија на Micro-
SD-картичката (20): со вметнување на Micro-SD-картичката (20) на екранот се
појавува прашање, дали податоците зачувани во внатрешната меморија на
камерата за проверка треба да се пренесат на Micro-SD-картичката.
– Префрлете ги датотеките со фотографии од внатрешната меморија преку
USB Type‑C®: Преносот е возможен само ако не е вметната, Micro-SD-
картичка (20) во камерата за проверка.
– Пренесувајте датотеки од Micro-SD-картичката (20): можете или да ги
префрлите датотеките од вметнатата Micro-SD-картичка (20) преку USB Type‑C®
или извадете ја Micro-SD-картичката (20) и вметнете друг уред.
Ставање на Micro-SD-картичката
Отворете го горниот поклопец (16) и ставете ја Micro-SD-картичката (20) во точниот
правец до крај во слотот (18). Внимателно повторно затворете го горниот поклопец.
Bosch Power Tools
Македонски | 345
1 609 92A 9RJ | (24.05.2024)