Вклучените светла (3) може да се вжештат за време на работата. Не ги
u
допирајте светлата, за да избегнете изгореници.
Не ја изложувајте камерата за проверка на екстремни температури или
u
осцилации во температурата. На пр. не ги оставајте долго време во
автомобилот. При големи осцилации во температурата, оставете ја камерата за
проверка најпрво да се аклиматизира, пред да ја ставите во употреба.
Ставање во употреба
Вклучување/исклучување
За вклучување на камерата за проверка притиснете на копчето за вклучување-
исклучување (6) или средното копче (9).
Напомена: Доколку кабелот за камерата не е монтиран при вклучувањето, екранот
покажува порака за грешка.
За исклучување на камерата за проверка, одново притиснете го копчето за
вклучување-исклучување (6) додека не се изгаси екранот.
Ако некое време не се притисне копче на камерата за проверка, таа автоматски се
исклучува за заштита на акумулаторската батерија. Времето на исклучување може
да го одредите во главното мени.
Регулирање на светлата на главата на камерата
За да го регулирате светлото, притиснете го копчето лево (8) одн. копчето
десно (11) додека не ја постигнете саканата осветленост или додека не се исклучи
светлото.
Не погледнувајте директно во светлата (3) и не ги насочувајте истите кон
u
други лица. Светлината на светлата може да ги заслепи очите.
Зголемување/намалување на сликата на екранот (Zoom)
За да го прилагодите нивото на зголемување на екранот, притискајте го копчето
горе (7) одн. копчето долу (10), додека не се достигне саканото ниво на
зголемување.
Главно мени
За да стигнете до <Глав.мени>, притиснете го средното копче (9).
Навигирање во менито
– Прелистување низ менито: притиснете на копчето горе (7) или копчето
долу (10).
– Менување во подменито: притиснете го средното копче (9) или копчето
десно (11).
Bosch Power Tools
Македонски | 343
1 609 92A 9RJ | (24.05.2024)