ОБЈАСНУВАЊЕ НА СИМБОЛИТЕ ЗА АЛАТОТ/
БАТЕРИЈАТА
3 Пред употреба прочитајте го прирачникот за
употреба
4 Во допир со оган батериите ќе експлодираат, затоа
не ги палете батериите од која било причина
5 Секогаш чувајте ги апаратот/полначот/батеријата во
просторија на температура пониска од 50°C
6 Не се ослободувајте од електични алати и батерии во
домашниот отпад
УПОТРЕБА
•
Комбиниран прекинувач за вклучување/исклучување
и за контрола на брзината A 7
- брзината се контролира на степени од нула до
максимум со применување помалку или повеќе
сила врз активаторот A 8
Полнење на акумулаторска батерија
•
! прочитајте ги безбедносните предупредувања
и упатствата дадени со полначот
•
Вадење/инсталирање на батеријата 2
•
Прицврстување на клипот за ремен 9
- прицврстете го клипот за ремен F на дупчалката со
испорачаната завртка.
•
Индикатор за нивото на батеријата 9
- притиснете на индикаторот за нивото на батеријата
G за да се прикаже тековното ниво на батеријата
9 v
! ако по притискање на копчето G 9 b почне
да трепка индикаторот за најниско ниво на
батеријата, тогаш батеријата е празна
! кога ќе почне да трепка индикаторот за
нивоата на батеријата 2 по притискање на
копчето G 9 c, батеријата не е во рамките на
дозволениот опсег за работна температура
•
Заштита на батеријата
Алатот наеднаш се исклучува или не може да се
вклучи, кога
- товарот е преголем --> отстранете го товарот и
почнете повторно
- температурата на батеријата не е во рамките
на дозволениот опсег на работна температура
од -20 до +50°C --> 2 нивоата на индикаторот за
ниво на батеријата почнуваат да трепкаат кога ќе
го притиснете копчето G 9 c; почекајте батеријата
да се врати во рамките на дозволениот опсег на
работна температура
- батеријата е скоро празна (заштита од целосно
празнење) --> на индикаторот за нивото на
батеријата ќе се прикаже ниско ниво на батеријата
или ќе трепка за ниско ниво на батеријата 9 b
кога ќе притиснете на копчето G; наполнете ја
батеријата
! не продолжувајте да притискате на
прекинувачот за вклучување/исклучување
откако алатот ќе се исклучи автоматски;
батеријата ќе се оштети
•
ЛЕД-светло q
ЛЕД-светлото автоматски се вклучува кога ќе се
активира прекинувачот за вклучување/исклучување
! кога започнува да трепка ЛЕД-светлото,
се активира заштитата на батеријата (види
погоре)
•
Монтирање и отстранување на битови
- за да намонтирате бит повлечете ја главата за
стегање C нанапред, вметнете го битот до крајот
во држачот за битови и отпуштете ја главата за
стегање C за да го заклучите битот. ( w а w b w c)
! Повлечете го битот напред за да проверите
дали е заклучен ( w d)
- за да се отстрани битот, повлечете ја главата за
стегање C нанапред
! користете само битови со топчести наслони,
други битови може да се користат со
универзален држач за делови со топчест
наслон
! не употребувајте битови со оштетена дршка
•
Промена на насоката на ротација e
- ако левата/десната позиција не легнат како што
треба, прекинувачот A 2 нема да може да стартува
! менувајте ја насоката на ротацијата само кога
алатот се наоѓа во целосно мирување
•
Избор на режим r
- Притиснете го копчето за брзина E за да го
изберете саканиот режим на затегнување или
олабавување кога алатката е поставена на
ротација напред или назад:
Режим со ниска брзина (L) r a
- затегнување или разлабавување со помала сила и
мала брзина
- за помали завртки
Режим со висока брзина (Н) r b
- затегнување или разлабавување со висока сила и
брзина
- за големи завртки и навртки
Контролен режим (стрелка) r c
- почнете полека за да помогнете во поставување на
завртката во дрвото
- автоматски зголемувајќи ја брзината кога
завртката е поставена
- за долги завртки, особено завртки од PHILLIPS/
POZIDRIV
! контролниот режим е достапен само со
ротација нанапред; во обратна ротација се
користи за средна брзина
! режимите можат да се променат само откако
малку ќе се притисне на прекинувачот за
вклучување/исклучување (зеленото LED-
светло(а) е активирано) и кога алатот е
целосно исклучен
•
Држење и насочување на алатот t
! додека работите, секогаш држете го алатот
за местото (местата) кое (кои) се означени со
сива боја
- отворите за ладење D 2 држете ги отворени
- не притискајте премногу со алатот; дозволете тој
сам да работи
СОВЕТИ ЗА ПРИМЕНА
•
Користете соодветни бургии
•
При навртување на штрафовите на краевите на
дрвото, прво треба да се издупчи мала дупка за да
се избегне разлистување на дрвото
•
При завртување на завртката во тврдо дрво
претходно треба да се издупчи дупка
•
Кога затегнувате завртка, не затегнувајте премногу.
114