Télécharger Imprimer la page

Bosch GWX 18V-15 P Professional Notice Originale page 352

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 37
352 | Македонски
Поврзаните дискови за брусење и сечење имаат
u
датум на истекување, по кој дисковите не смеат да
се користат.
При оштетување и непрописна употреба на
u
батеријата може да излезе пареа. Батеријата може
да се запали или да експлодира. Внесете свеж
воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар.
Пареата може да ги надразни дишните патишта.
Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од
u
краток спој.
Батеријата може да се оштети од острите предмети
u
како на пр. клинци или одвртувач или со
надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен
краток спој и батеријата може да се запали, да пушти
чад, да експлодира или да се прегрее.
Користете ја батеријата само во производи на
u
производителот. Само на тој начин батеријата ќе се
заштити од опасно преоптоварување.
Заштитете ја батеријата од топлина, на пр.
од долготрајно изложување на сончеви
зраци, оган, нечистотии, вода и влага.
Инаку, постои опасност од експлозија и
краток спој.
Внимание! При користењето на електричниот алат
u
со Bluetooth ® може да настанат пречки на другите
уреди и системи, авиони и медицински апарати (на
пр. пејсмејкери, апаратчиња за слушање). Исто
така не може целосно да се исклучи можноста за
повреда на луѓе и животни во непосредна околина.
Не го користете мерниот уред со Bluetooth® во
близина на медицински уреди, бензински пумпи,
хемиски уреди, области со опасност од експлозија
и во близина на мински полиња. Не го користете
електричниот алат со Bluetooth® во авиони.
Избегнувајте долготрајна употреба во директна
близина на телото.
Ознаката со зборови Bluetooth® како и сликите
(логоата) се регистрирани марки и сопственост на
Bluetooth SIG, Inc. Секое користење на оваа ознака со
зборови/слики се врши со лиценца преку Robert
Bosch Power Tools GmbH.
Опис на производот и
перформансите
Прочитајте ги сите безбедносни
напомени и упатства. Грешките настанати
како резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за
користење.
1 609 92A 8Z2 | (20.11.2023)
Употреба со соодветна намена
Електричниот алат е наменет за сечење и четкање на
метал, камен, пластика и композитен материјал, за грубо
брусење на метал, пластика и композитен материјал како
и за дупчење во камени материјали со дијамантска
крунеста бургија без употреба на вода. Притоа,
осигурајте се дека користите правилна заштитна хауба
(види „Употреба", Страница 359).
При сечењето во камен погрижете се за доволно
вшмукување на правта.
Со дозволените алати за брусење електричниот алат
може да се користи за брусење со брусна хартија.
Електричниот алат не смее да се користи за брусење
камени материјали со дијамантска лончеста плоча.
(GWX 18V-15 C / GWX 18V-15 SC / GWX 18V-15 PSC)
Податоците и подесувањата на електричниот алат може
да се пренесат при активиран Bluetooth® Low Energy
Module GCY 42 (не е вклучено во стандардниот обем на
испорака) со помош на Bluetooth® радио технологијата
меѓу електричниот алат и мобилниот уред.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на илустрираните компоненти се
однесува на приказот на електричниот алат на
графичката страница.
(1) Лост за отклучување на заштитниот капак
(2) Стрелка за правец на вртење на куќиштето
(3) Рачка
(4) Кориснички интерфејс (GWX 18V-15 SC /
GWX 18V-15 PSC)
(5) Прекинувач за вклучување/исклучување
(GWX 18V-15 C / GWX 18V-15 SC)
(6) Капак (за Bluetooth® Low Energy Module GCY 42
кај GWX 18V-15 C, GWX 18V-15 SC,
GWX 18V-15 PSC)
a)
(7) Батерија
(8) Копче за отклучување на батерија
(9) Прекинувач за вклучување/исклучување
(GWX 18V-15 P / GWX 18V-15 PSC)
(10) Лост за отклучување за прекинувачот за
вклучување/исклучување (GWX 18V-15 P /
GWX 18V-15 PSC)
(11) Стандардна-дополнителна рачка (изолирана
a)
површина на рачката)
(12) Дополнителната рачка за придушување на
вибрациите (изолирана површина на рачката)
a)
(13) X-LOCK-плочеста четка
a)
(14) X-LOCK-конусна четка
(15) Заштитен капак за брусење
(16) X-LOCK-брусна плоча/ламелеста брусна плоча
(17) Заштитен капак за сечење
(18) Поклопец за сечење
a)
(19) X-LOCK-диск за сечење
a)
a)
a)
a)
Bosch Power Tools

Publicité

loading