Télécharger Imprimer la page

Skil 3920 Notice Originale page 173

Publicité

потскокнување и потфаќање на дополнителната
опрема. Аглите, острите рабови или отскокнувањето
имаат тенденција да ја потфатат дополнителната
опрема којашто се врти и на тој начин да изгубите
контрола или да предизвикате повратен удар.
e) Не ставајте сечиво за резбарење на моторна
пила или сечиво на пила со запци. Таквите сечива
предизвикуваат чести повратни удари и загуба на
контролата.
3) БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА
ОПЕРАЦИИ СО БРУСЕЊЕ И СЕЧЕЊЕ
a) Користете само типови на тркала коишто
се препорачуваат за овој алат и одредената
заштита произведена за избраното тркало.
Тркалата за кои овој алат не е примерен не може
соодветно да се заштитат и не се безбедни.
b) Површината за брусење на централно снижените
тркала мора да се постави под опсегот на
заштитната рамка. Неправилно поставеното тркало
коешто излегува од опсегот на заштитната рамка не
може да се заштитува.
c) Заштитата мора безбедно да се закачи на
алатот и да се постави за да пружи максимална
безбедност на тој начин што помал дел од
тркалото е изложено кон работникот. Заштитата
помага да се заштити работникот од скршени делови
на тркалото, од случаен контакт со тркалото и од
искри кои може да ја запалат облеката.
d) Тркалата мора да се користат само за
препорачаните примени. На пример: Не брусете со
страната на тркалото за сечење. Абразивните тркала
за сечење се наменети за периферално брусење.
Применетите странични сили кај овие тркала може
да предизвикаат кршење.
e) Секогаш користете неоштетени потпори за
тркалата со соодветна димензија и форма
за избраното тркало. Соодветните потпори за
тркалата го потпираат тркалото и на тој начин ја
намалуваат можноста за кршење на тркалото.
Потпорите за тркалата за сечење се разликуваат од
оние за тркалата за брусење.
f) Не користете изабени тркала од поголеми алати.
Тркало наменето за поголем алат не е соодветно
за поголемата брзина на помалиот алат и може да
пукне.
4) ДОПОЛНИТЕЛНИ БЕЗБЕДНОСНИ
ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА ОПЕРАЦИИТЕ СО
СЕЧЕЊЕ
a) Не „заглавувајте" го тркалото за сечење и
не применувајте прекумерен притисок. Не
обидувајте се да направите прекумерна
длабочина при сечењето. Ако вложите
прекумерен притисок врз притисокот, тоа доведува
до преоптоварување и поголема можност за
превиткување или виткање на тркалото при
сечењето, како и до можност за повратен удар или
кршење на тркалото.
b) Не поставувајте го телото во линија или зад
ротирачкото тркало. Кога тркалото во даден
момент на работа се оддалечува од телото, можен
повратен удар може да ги придвижи ротирачкото
тркало и алатот директно кон вас.
c) Кога тркалото се витка или кога прекинувате
со сечење од која било причина, исклучете
го алатот и држете го без да го поместувате
додека тркалото не застане сосема. Никогаш не
обидувајте се да го извадите тркалото за сечење
додека се движи, во спротивно може да дојде до
повратен удар. Проверете и преземете корективни
дејства за да исклучите причина за виткање на
тркалото.
d) Не започнувајте ја работата со сечење во
самиот предмет за работа. Оставете тркалото да
постигне полна брзина и внимателно навлезете
во линијата за сечење. Тркалото може да се свитка,
да се откачи или да предизвика повратен удар ако
алатот се вклучува во самиот предмет за работа.
e) Потпрете ги панелите или преголемите предмети
за работа за да го сведете ризикот од потфаќање
на тркалото или од повратен удар на минимум.
Големите предмети за работа се виткаат заради
нивната тежина. Потпорите мора да се постават под
предметот за работа близу линијата за сечење и
близу работ на предметот за работа од двете страни
на тркалото.
f) Обрнете особено внимание кога правите „џебен
засек" во постојни ѕидови или други слепи
области. При навлегување, тркалото може да ги
пресече цевките за плин или вода, електричната
инсталација или да наиде на предмети коишто ќе
предизвикаат повратен удар.
ДОПОЛНИТЕЛНИ УПАТСТВА ЗА БЕЗБЕДНОСТ
ОПШТИ
Овој алат не е соодветен за мокро брусење/сечење
Користете ги исклучиво рабовите кои сте ги добиле
со овој алат
Овој алат не треба да го користат лица под 16 години
Отстранете ја батеријата од алатот пред секое
подесување или промена на приборот
ПРИБОР
SKIL може да признае гаранција само доколку е
користен оригинален прибор
За поставување и користење на приборите кои не се
SKIL погледнете го упатството на производителот
Користете само дискови за брусење/сечење
со максимална дебелина од 6 мм и со отвор за
осовината од 22 мм
Не користете редуктори или апарати за да ги ставите
дисковите за стругање или сечење со преголем
отвор
Никогаш не користете прибор со отвор на "слепи"
навивки помали од М14 х 21мм
Внимателно ракувајте со дисковите за брусење и
сечење и чувајте ги за да избегнете оштетувања
ПРЕД УПОТРЕБА
Пред првото користење на електричниот алат, се
препорачува да добиете практични информации
Секогаш поставувајте ги дополнителната рачка E
2 и заштитата F 2 ; никогаш не користете го алатот
без нив
Користете соодветни детектори за наоѓање на
скриени инсталации или повикајте соодветна
компанија за помош (контактот со електричните
линии може да доведе до струен удар; оштетувањата
во гасоводна цевка може да резултира со експлозија;
пенетрирање во водоводна инсталација може да
доведе до оштета на предмети или електричен удар)
173

Publicité

loading

Ce manuel est également adapté pour:

3921