ЗАБЕЛЕШКА
За проблемите што не се наведени
во табелата, веднаш контактирајте со
овластен центар за поддршка.
16. ДОДАТОЦИ
16.1
СЕТ ЗА „МУЛЧИРАЊЕ"
Ситно ја дроби искосената трева и ја
распределува врз тревникот (сл. 36 A).
16.2
ПОЛНАЧ ЗА АКУМУЛАТОР
(БРЗО ПОЛНЕЊЕ)
Полначот помага за намалување на
времето на полнење на акумулаторот.
Листата со полначи коишто се соодветни
да се користат за оваа косилка се наоѓа
во табелата „Технички податоци".
Овозможува одлична ефикасност на
акумулаторот во периоди на неактивност, со
што се гарантира нивото на оптимално полнење
и долготрајност на акумулаторот (сл. 36.Б).
16.3
СЕТ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЧ ЗА
ЗАДНО ИСФРЛАЊЕ
Може да се користи наместо корпа за трева,
кога искосената трева не е собрана (Сл. 36.A).
MK - 30