Télécharger Imprimer la page

Stiga R72 Li 48 V1 Manuel D'utilisation page 518

Tondeuse à gazon à conducteur assis, alimentation par batterie
Masquer les pouces Voir aussi pour R72 Li 48 V1:

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 357
LED за акумулаторот
LED светилките сл. 7.F генерално
укажуваат на нивото на
наполнетост на акумулаторите
на косилката, но особено
комбинациите, нивниот статус
на осветлување обезбедува
информации за дефекти на
косилката (види пас. 15).
Икона „Подготвено"
Иконата на сл. 7.K се пали
кога косилката е вклучена и
подготвена за употреба.
Икона „Bluetooth"
Иконата на сл. 7.M се пали кога
косилката и уредот за размена
на податоци се поврзани.
Икона за прекумерна
температура на контролорот
и/или моторот
Иконата на сл. 7.N укажува на
прегревање на електричните
компоненти. Види пас. 15.
Икона за рачката за активирање
/ деактивирање на менувачот
Иконата на сл. 7.O се пали
кога менувачот не е вклучен
(види пас. 6.3 и погл. 15).
Икона за присутен оператор
Иконата на сл. 7.P се пали
кога операторот ќе стане од
седиштето (види пас. 7.2.2).
Иконата за копче за итни случаи
Иконата на сл. 7.Q се пали
ако е активирано копчето за
итни случаи (види пас. 6.5).
6.8.2
Панел со копчиња (тип „II") сл. 7
Копче за стартување
на косилката
Кога клучот е целосно
вметнат (сл. 6.A), ова
копче (сл. 7.A) ја вклучува косилката
и ги овозможува сите
функции. Активирањето се
сигнализира со звучен сигнал „бип".
ЗАБЕЛЕШКА
Ако се исполнети сите услови
за безбедност, се пали иконата
„ПОДГОТВЕНО" (сл. 7.K) и
косилката е подготвена за
употреба (види пас. 7.4).
Копче за активирање и
деактивирање на сечилото
Притиснете го копчето
сл. 7.B за да ги активирате/
деактивирате сечилата.
• Кога сечилата се активирани,
тие почнуваат да работат
по неколку секунди.
• Кога сечилата се
деактивирани, истовремено
се вклучува и сопирачката
за да го запре ротирањето
за неколку секунди.
ЗАБЕЛЕШКА
Ако ги активирате сечилата без
преземање на неопходните мерки
за безбедност, косилката ќе се
исклучи и не може повторно да
се стартува (види пас. 7.2.2)
Копче за активирање
на функцијата за
косење во рикверц
Со притискање и задржување
на копчето сл. 7.C се дава
согласност за косење во рикверц.
За косење во рикверц, активирајте
ги сечилата и истовремено
задржете го копчето.
ЗАБЕЛЕШКА
Единечен звучен сигнал
укажува дека нема согласност
за косење во рикверц.
MK - 13

Publicité

loading

Ce manuel est également adapté pour:

R72 li 48 v2