Télécharger Imprimer la page

Stiga R72 Li 48 V1 Manuel D'utilisation page 517

Tondeuse à gazon à conducteur assis, alimentation par batterie
Masquer les pouces Voir aussi pour R72 Li 48 V1:

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 357
Производителот одбива секаква одговорност
во случај на оштетување на додатокот
поврзан со USB приклучокот или губење на
податоците за време на неговата употреба.
6.7
ЗВУЧНИ СИГНАЛИ ЗА
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
• Двоен звучен сигнал укажува дека корпата
за трева не е монтирана. Проверете дали
има или дали е правилно поставена корпата
за трева, или дали има сет за заштита
за задно исфрлање (види пас. 16.3).
• Непрекинат звучен сигнал укажува
дека корпата за трева е полна.
Испразнете ја (види пас. 7.5.4).
• Единечен звучен сигнал укажува
дека нема согласност за косење во
рикверц. Види икона на сл. 7.C.
• Наизменичен и повторлив звучен
сигнал укажува дека операторот
не е седнат, а клучот е вметнат.
• Троен звучен сигнал укажува дека
нема согласност за активирање на
сечилата. Проверете дали има најмалку
3 акумулатори во косилката.
6.8
ПАНЕЛ СО КОПЧИЊА
Во зависност од моделот, косилката може да
биде опремена со една од верзиите на панели
со копчиња (сл. 6.C, сл. 6.D) опишани подолу: :
6.8.1
Панел со копчиња (тип „I") сл. 7
Копче за стартување
на косилката
Кога клучот е целосно вметнат (сл.
6.A), ова копче (сл. 7.A) ја вклучува
косилката и ги овозможува
сите функции. Активирањето се
сигнализира со звучен сигнал „бип".
ЗАБЕЛЕШКА
Ако се исполнети сите услови
за безбедност, се пали иконата
„ПОДГОТВЕНО" (сл. 7.K) и
косилката е подготвена за
употреба (види пас. 7.4).
Копче за активирање и
деактивирање на сечилото
Притиснете го копчето
сл. 7.B за да ги активирате/
деактивирате сечилата.
• Кога сечилата се активирани,
тие почнуваат да работат
по неколку секунди.
• Кога сечилата се
деактивирани, истовремено
се вклучува и сопирачката
за да го запре ротирањето
за неколку секунди.
ЗАБЕЛЕШКА
Ако ги активирате сечилата без
преземање на неопходните мерки
за безбедност, косилката ќе се
исклучи и не може повторно да
се стартува (види пас. 7.2.2)
Копче за активирање
на функцијата за
косење во рикверц
Со притискање и задржување
на копчето сл. 7.C се дава
согласност за косење во рикверц.
За косење во рикверц, активирајте
ги сечилата и истовремено
задржете го копчето.
ЗАБЕЛЕШКА
Единечен звучен сигнал
укажува дека нема согласност
за косење во рикверц.
Копче за вклучување
на светлото
Со притискање на копчето
сл. 7.D LED светлото се вклучува/
исклучува. Кога светлото е
вклучено, се пали иконата на сл. 7.L
Икона за внимание
Ако се запали иконата сл. 7.E
тоа укажува на непочитување
на условите за безбедност
или можна неисправност на
косилката (види погл. 15).
MK - 12

Publicité

loading

Ce manuel est également adapté pour:

R72 li 48 v2