• Прилагодување на висината за косење (25-40-55 мм)
@
! исклучете го приклучокот од штекер и
проверете дали сечивото веќе не ротира
- поставете ја рачката B 3 во позиција за
складирање 'S'
- свртете ја косилката
- поставете двата предната тркала како и двата
задната тркала на саканата позиција за висина на
косење (25, 40 или 55 мм)
- по прилагодување на висината на сечење, секогаш
проверувајте дали кутијата за трева E 3 е и
понатаму безбедно прицврстена
• Безбедносен прекинувач за вклучување/исклучување
#
Спречува машината да се вклучи случајно
- вклучете ја машината прво со притискање на
безбедносниот прекинувач F и потоа повлечете го
прекинувачот за активирање G
- исклучете ја машината со пуштање на
прекинувачот за активирање G
! по исклучување на машината, сечивото
продолжува да ротира уште неколку секунди
• Упатство за работа
- држете ја косилката со двете раце
- поставете ја косилката на работ на тревникот и
косете нанапред
- свртете се на крајот на секој потег, делумно
преклопувајќи го претходното косење
- чувајте ја косилката подалеку од цврсти предмети
и растенија
! користете ја косилката само на сува трева
! при косење висока трева, прво поставете го
механизмот за косење на максималната
висина за косење и потоа на пониска висина
! прилагодете ја брзината на одење при косење
висока трева
• Чување $
- за заштеда на значителен простор за складирање,
поставете ја рачката B 3 во позиција за
складирање 'S' и складирајте го алатот како што е
прикажано; прво испразнете ја кутијата за трева
- не ставајте други предмети врз одложената
косилка
- чувајте ја косилката на затворено и суво место
- секогаш оставајте го алатот да се олади пред да го
складирате
• Замена на сечивото %
- исклучувајте го приклучокот од штекер
- едноставно извадете/поставете старо/ново сечиво
како што е прикажано
- откако ќе го смените сечивото, вклучете ја пробно
машината најмалку една минута без оптоварување
за да проверите дали работи правилно
! користете само сечива за косење од соодветен
тип (дополнителна опрема на SKIL 2610Z04031)
ОДРЖУВАЊЕ/СЕРВИСИРАЊЕ
• Овој алат не е наменет за професионална употреба
• Секогаш исклучувајте го алатот, вадете го
приклучокот од изворот на напојување и осигурајте
се дека сите подвижни делови се целосно запрени
• Одржувајте ги сите навртки, завртки и шрафови
цврсто затегнати за да обезбедите дека алатот е во
добра работна состојба
• Редовно проверувајте ја кутијата за трева за знаци на
изабеност или оштетување
• Имајте во предвид дека за време на чистење/
одржување (иако алатот е исклучен), сечилото
сепак може да се движи
• Алатот и кабелот секогаш да се одржуваат чисти
(особено отворите за ладење H 3)
• Исчистете ја косилката по секоја употреба со четка и
сува крпа
- отстранете ја насобраната покосена трева од
сечивото со дрвен или пластичен алат
! не користете вода (особено не спреови под
висок притисок)
• Доколку алатот и покрај внимателното работење и
контрола некогаш откаже, поправката мора да ја
изврши некој овластен SKIL сервис за електрични
алати
- во случај на примедба, испратете го алатот
нерасклопен, заедно со сметкопотврдата, до
вашиот продавач или најблискиот SKIL сервис
(адресите се наведени на www.skil.com)
РЕШАВАЊЕ ПРОБЛЕМИ
• Следниот список ги прикажува симптомите за
проблемите, можните причини и дејства за поправка
(контактирајте со продавачот или сервисерот ако
истите не го идентификуваат ниту решаваат
проблемот)
! исклучете ја машината и извадете го
приклучокот пред да го истражувате проблемот
★ Машината не работи
- нема напојување -> проверете го напојувањето
(кабел за напојување, прекинувачи, осигурувачи)
- расипан штекер за напојување со ел. енергија ->
користете друг штекер
- продолжниот кабел е оштетен -> заменете го
продолжниот кабел
- тревата е многу висока -> зголемете ја висината за
косење и закосете ја машината
★ Машината работи со прекини
- продолжниот кабел е оштетен -> заменете го
продолжниот кабел
- оштетување на внатрешното поврзување ->
контактирајте со продавачот/ сервисерот
★ Машината остава нерамномерна трага или моторот
тешко работи
- висината за косење е премногу ниска -> зголемете
ја висината за косење
- сечивото за косење е расипано -> заменете го
сечивото
- долната страна на машината е многу извалкана ->
исчистете ја машината
★ Сечивото за косење не ротира
- сечивото за косење е попречено -> исчистете ја
препреката
★ Машината вибрира невообичаено
- сечивото за косење е оштетено -> заменете го
сечивото за косење
- сечивото за косење е расипано -> заменете го
сечивото
92