ОДРЖУВАЊЕ/СЕРВИСИРАЊЕ
•
Овој алат не е наменет за професионална употреба
•
Секогаш исклучувајте го алатот, вадете ја батеријата
и проверувајте дали сите подвижни делови целосно
запреле
•
Секогаш чувајте го алатот чист
Исчистете ја косилката по секоја употреба со четка
•
и сува крпа
! не користете вода (особено не спреови под
висок притисок)
- отстранете ја насобраната покосена трева од
сечивото со дрвен или пластичен алат
•
Чување o
- превиткајте ја рачката на машината за штедење на
просторот за складирање и одложете ја машината
како што е прикажано; прво испразнете ја
кутијата за трева
! проверете да не е заглавен кабелот на рачката
кога ќе ја склопувате/расклопувате рачката на
алатот (не испуштајте ја рачката)
- не ставајте други предмети врз одложената
косилка
•
Редовно проверувајте ја кутијата за трева за знаци
на изабеност или оштетување
•
Редовно проверувајте дали сечивото и навртките се
изабени или оштетени и заменувајте ги во парови за
да ја задржите рамнотежата
•
Замена на сечивото за косење p
! отстранете ги безбедносното копче и
батеријата од алатот и отстранете ја кутијата за
трева H 2 b
! носете заштитни ракавици
- свртете ја косилката
- извадете/ставете сечиво за косење со клуч 23 како
што е прикажано
! користете само сечива за косење од соодветен
тип (број на резервен дел на SKIL 2610S01056,
обележен со LERA340)
- темелно исчистете ја областа кај оската и
внатрешноста на машината пред да го поставите
сечивото за косење
•
Доколку алатот и покрај внимателното работење и
контрола некогаш откаже, поправката мора да ја
изврши некој овластен SKIL сервис за електрични
алати
- во случај на примедба, испратете го алатот
нерасклопен, заедно со сметкопотврдата, до
вашиот продавач или најблискиот SKIL сервис
(адресите се наведени на www.skil.com)
•
Имајте предвид дека оштетувањето настанато
заради преоптоварување или неправилно ракување
со алатот ја отфрла гаранцијата (видете на
www.skil.com или прашајте го продавачот за условите
на гаранцијата на SKIL)
РЕШАВАЊЕ ПРОБЛЕМИ
•
Следниот список ги прикажува симптомите за
проблемите, можните причини и дејства за поправка
(контактирајте со продавачот или сервисерот
ако истите не го идентификуваат ниту решаваат
проблемот)
! секогаш исклучувајте го алатот, отстранувајте
ги батериите и безбедносното копче и
проверувајте дали се целосно запрени сите
подвижни делови
Машината не работи
- празна батерија -> наполнете ја батеријата
- нема безбедносно копче -> проверете дали
безбедносното копче е добро монтирано r
- топла батерија -> оставете ја батеријата да се
излади
- сечилата се заглавени -> исчистете го заглавениот
материјал
- тревата е многу висока -> зголемете ја висината за
косење и закосете ја машината
- внатрешен дефект -> контактирајте со продавачот/
сервисерот
Машината работи со прекини
- оштетување на внатрешното поврзување ->
контактирајте со продавачот/ сервисерот
Машината остава нерамномерна трага или моторот
тешко работи
- висината за косење е премногу ниска -> зголемете
ја висината за косење
- сечивото за косење е тапо -> заменете го сечивото
за косење
- долната страна на машината е многу извалкана ->
исчистете ја машината
Сечивото за косење не ротира
- сечивото за косење е попречено -> исчистете ја
препреката
- навртките/завртките на сечивото се разлабавени
-> затегнете ги навртките/завртките на сечивото
Машината вибрира невообичаено
- сечивото за косење е оштетено -> заменете го
сечивото за косење
- навртките/завртките на сечивото се разлабавени
-> затегнете ги навртките/завртките на сечивото
ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
•
Не се ослободувајте од електични алати,
батерии, уреди или амбалажа преку нивно
фрлање во домашното ѓубре (само за земјите на
ЕУ)
- според Европската Директива 2012/19/EC за
ослободување од електрична и електронска
опрема и нејзина имплементација во согласност
со националните закони, електричните алати кои
го достигнале крајот на својот животен век мора
да бидат собрани посебно и да бидат вратени во
соодветен објект за рециклирање
- симболот 9 ќе ве потсетува на ова кога ќе дојде
време алатот да го фрлите
! пред да се фрли акумулаторската батерија во
отпад, заштитите ги нејзините полови
БУЧАВА / ВИБРАЦИИ
•
Мерено во согласност со EN 60335 нивото на звучен
притисок е 74 dB(A) (несигурност К = 2,5 dB) а
нивото на звучна моќност 80,92 dB(A) (несигурност
К = 1,7 dB), и вибрација < 2,5 м/с² (векторски збир на
трите показатели; несигурност К = 1,5 м/с²)
•
Нивото на емитирање на вибрации кое е наведено
на задниот дел на ова упатство е измерено во
согласност со стандардизираниот тест даден во EN
60335; може да се користи за да се спореди еден
алат со друг, и како првична оценка за изложеноста
94