ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ВО ОДНОС НА БЕЗБЕДНОСТА
оштетувања, електричниот апарат треба да се поправи
пред повторна употреба. Многу инциденти се предизви-
кани заради невнимателно користење.
ѓ) Одржувајте го апаратот наострен и исчистен од оста-
тоци при сечењето. Адекватно одржување од остатоци при
сечењето, со наострени сечива носи помалку случаи на за-
главување и полесно е за контролирање.
е) Користете ги електричниот апарат и додатоците во со-
гласност со ова упатство, имајќи ги секогаш во предвид
условите за работа и видот работа што треба да се из-
врши. Употребата на овој електричен апарат за разни опе-
рации што не се предвидени може да предизвика опасни со-
стојби.
5) Помош
а) Електричниот апарат треба да го поправа квалифику-
вано лице со примена на само оригинални резервни де-
лови. На тој начин се одржува безбедноста на електрич-
ниот апарат.
ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА НОЖЕВИТЕ
НА ЛАНЕЦОТ
• Одржувајте ги сите делови на телото подалеку од наза-
бениот ланец додека сечивото на ланецот работи. Пред
да ја вклучите пилата со ланец, проверете дали назабе-
ниот ланец не е во контакт со ништо. Еден момент на не-
внимание додека работи пилата со ланец може да доведе до
закачување на облеката или телото за назабениот ланец.
• Десната рака мора секогаш да ја држи задната рачка, а
левата рака предната рачка. Никогаш не смее да се сменат
рацете за држење на пилата со ланец бидејќи доведува до ри-
зик од инциденти за даденото лице.
• Носете заштитни очила и акустична заштита. Се препо-
рачува носење и друга заштита на главата, рацете и ста-
палата. Носењето соодветна заштитна облека ги намалува
повредите на телото што се предизвикани од иверките што се
разлетуваат при случаен контакт со назабената пила.
• Не користете ја пилата со ланец качени на дрво. Работа со
пилата со ланец додека сте качени на дрво може да предиз-
вика телесни повреди.
• Одржувајте секогаш правилна точка на потпора на нозете
и вклучувајте ја пилата со ланец само ако стоите на ста-
билна, сигурна и рамна површина. Лизгавите или неста-
билни површини, како што се скалите, може да предизвикаат
губење на рамнотежата или губење контрола врз пилата со ла-
нец.
• Кога се сече гранка што се наоѓа под нивото, треба да се
обрне внимание на ризикот од контраудар. Кога отпорот
на структурата на дрвото ќе се разлабави, гранката што се
сече може да го повреди операторот и / или да се изгуби конт-
ролата врз пилата со ланец.
• Користете ја со исклучително внимание кога се сечат
грмушки и млади честаци. Меките материјали може да се
заглават во назабениот ланец и да се исфрлат во ваш правец
и / или да предизвикаат губење на рамнотежата.
• Транспортирајте ја пилата со ланец за предната рачка
кога е исклучена, држејќи ја подалеку од телото. Кога се
транспортира или се одложува, пилата треба секогаш да
се става со заштита за лостот за водење. Правилно раку-
вање со пилата со ланец ја намалува можноста за случаен кон-
такт со назабениот ланец во движење.
• Придржувајте се до соодветните упатства за подмачку-
вање, за затегнување на ланецот и за резервните де-
лови. Ланец чие затегнување и подмачкување не се правилни
може да се скине што придонесува до ризик од контраудар.
• Одржувајте ги рачките суви, чисти и без траги од масло
или масти. Замастените или мрсни рачки се лизгави и пре-
дизвикуваат губење на контролата.
• Сечете единствено дрво. Не користете ја пилата со ланец
за употреби што не се предвидени. На пример: не кори-
стете ја пилата за сечење пластични материјали, мате-
ријали за градба или материјали што не направени од
дрво. Користењето на ланецот за други работи што не се
предвидени може да доведе до опасни ситуации.
ПРИЧИНИ ЗА КОНТРАУДАР И ЗАШТИТА ЗА ОПЕРАТОРОТ
Може да дојде до контраудар кога крајната точка на лостот за
водење ќе удри во предмет или кога дрвото има кора што го
спречува назабениот ланец во процесот на сечење.
Контакт со крајните делови може во дадени случаи да предиз-
вика ненадејна повратна реакција вртејќи го лостот за наведу-
вање нагоре или наназад кон операторот.
Затегнувањето на назабениот ланец за горниот дел на лостот за
наведување може да предизвика нагло движење наназад на на-
забениот ланец насочен кон операторот.
Која било од овие реакции може да предизвика губење контрола
врз пилата со што се предизвикуваат тешки повреди по лицата.
Нема потреба да се употребуваат само уредите за безбедност
што се содржани во пилата.
Операторот на пилата со ланец, може да преземе различни
мерки за елиминирање на ризични ситуации или телесни по-
вреди во текот на сечењето. Контраударот е резултат на не-
правилна употреба на машината и / или постапка или услови на
работа што не се правилни и може да се избегнат со следење на
соодветните, посочени мерки за заштита:
• Држете ја пилата цврсто со двете раце, со палците и
прстите околу рачките на пилата со ланец и ставајќи го
телото и рацете во позиција која ви дозволува да ги из-
држите ударите на противударот. Силата на противударот
може да ги контролира операторот ако посочи исклучително
внимание на ситуацијата. Не оставајте ја пилата со ланец.
• Не држете ги рацете многу далеку и не сечете над виси-
ната на рамениците. Така се избегнуваат неконтролирани
контакти со екстремитетите и се овозможува најдобра конт-
рола врз пилата во предвидените ситуации.
• Користете ги водилките на лостот и ланецот само за ра-
боти што ги посочил производителот. Резервните делови
за лостот и за ланецот што не се соодветни може да предиз-
викаат расипување на ланецот и / или контраудар.
• Придржувајте се до упатствата на производителот во
однос на острењето и одржувањето на пилата со ланец.
Намалување на нивото на темелноста може да доведе до
зголемување на контраударот.
• Техники на користење на електричната пила
Секогаш следете ги предочувањата за ваша безбедност и при-
менувајте ги техниките за сечење што најдобро одговараат на
работата во согласност со индикациите и со прикажаните при-
мери и упатства (видете поглавје 7).
Поставете го кабелот за напојување на начин да не се за-
главува во гранки или на други препреки.
• Движење на електричната пила во безбедносни услови
Секогаш кога е потребен пренос или транспорт на машината по-
требно е:
– да се исклучи моторот, да се смири ланецот и да се исклучи
машината од довод на ел. енергија;
– да се намести заштитата на лостот;
– да се фати машината само за држачите и да се насочи лостот
во правец спротивен од правецот на движење.
Кога машината се транспортира со возило, треба да се постави
на начин да не претставува опасност за никој и да се блокира
цврсто.
• Препораки за почетници
Пред да започнете со сечење и кастрење за првпат, неопходно
е:
– да имате соодветна обука за користење на овој вид апарати;
– да сте ги прочитале безбедносните предочувања и упатството
за користење што се составен дел на овој прирачник;
– да сте вежбале на мали грмушки на земја или фиксирани на
соодветни потпори на начин што ќе доведе до неопходната за-
познаеност со машината и со најчестите техники за сечење.
5
MK