Télécharger Imprimer la page

Ivoclar Vivadent Centric Tray Mode D'emploi page 45

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 6
Технички упатства
1. Скратете ги вестибуларните рабови на силиконскиот отпечаток. Обидете се да идентификувате три референтни точки на моделите.
2. Наместете ги моделите во силиконскиот отпечаток и проверете дали се совпаѓаат.
3. Вградете ги моделите во артикулаторот, поставувајќи ги во однос на оклузалниот загриз.
4. Ако е користен UTS Transferbow, прикачете го на артикулаторот, применувајќи ја логиката релативна на онаа утврдена со загризот
Transferbow.
5. Прицврстете ја Ivoclar Vivadent лажицата за одредување централна оклузија на место. Ставете го и фиксирајте го максиларниот модел.
Извадете ја долната вилица и лоцирајте го и фиксирајте го мандибуларниот модел.
6. Изработете индивидуални лажици, уреди за загриз за точките за одредување централна оклузија, восочни оклузални загризни плочи
или други пропишани барања.
Придржувајте се до следното:
– Зачувајте загриз од измерената оклузална висина.
– Користете вискозен силикон, алгинат или сличен материјал.
– Користете доволно материјал за земање отпечаток.
– Проверете го лежиштето на моделите.
– Земете ја предвид логиката на артикулаторот.
Повторна обработка
– Лажица што може да се стерилизира во автоклав за повеќекратна употреба (препорачани се 10 циклуси во автоклав). Ако лажицата се
стерилизира во дополнителни циклуси во автоклав, фабричката стабилност на лажицата може да се наруши и повеќе не може да се
гарантираат точни димензии).
– Мануелна дезинфекција:
Процедури за дезинфекција:
Расклопете ја лажицата пред да ја дезинфицирате. Ставете ја лажицата за одредување централна оклузија во мрежеста корпа.
Потопете ја мрежестата корпа со индивидуалните делови на лажицата во раствор за дезинфекција, на пр. MD 520 (Dürr Dental),
на 20 ± 2 °C во траење од 5 минути. Погрижете се површините на деловите да бидат целосно покриени со растворот за дезинфекција
и да нема на нив меурчиња за време на реакцијата. Исплакнете ја лажицата за одредување централна оклузија со деминерализирана
ладна вода за да ги отстраните сите остатоци од растворот за дезинфекција.
– Стерилизација: За стерилизација со пареа, применувајте ги следните параметри: 3Х пред-вакуум процедура, 134 °C, време на
стерилизација 5,5 минути.
Информации за безбедност
– Во случај на сериозни инциденти поврзани со производот, контактирајте со Ivoclar Vivadent AG, Bendererstrasse 2,
9494 Schaan/Liechtenstein, веб-страница: www.ivoclarvivadent.com и вашиот одговорен стручен орган.
– Тековното Упатство за употреба е достапно во делот за преземање на веб-страницата на Ivoclar Vivadent AG (www.ivoclarvivadent.com).
Информации за фрлањето во отпад
– Преостанатите залихи мора да се фрлат според соодветните национални законски барања.
Рок на употреба и чување
За овој производ не се потребни посебни услови за чување.
Дополнителни информации
Чувајте го материјалот подалеку од дофат на деца!
Материјалот е развиен исклучиво за употреба во стоматологијата. Обработката треба да се врши исклучиво според Упатството за
употреба. Нема да се прифаќа одговорност за штета настаната од непочитување на Упатството или на пропишаната сфера на користење.
Корисникот е одговорен за тестирање на материјалите за нивната соодветност и употреба за која било цел што не е изречно наведена во
Упатството.
45

Publicité

loading