OBJ_BUCH-3036-001.book Page 185 Friday, March 24, 2017 9:58 AM
Ласер со вкрстени линии
Батерии
Времетраење на работа околу
Тежина согласно EPTA-Procedure 01:2014
Димензии (Должина x Ширина x Висина)
* Работното поле може да се намали поради неповолни услови на околината (напр. директна
изложеност на сончеви зраци).
Серискиот број 6 на спецификационата плочка служи за јасна идентификација на вашиот
мерен уред.
Монтажа
Ставање/менување на батерии
За работа со мерниот уред се препорачува користење на алкално-мангански
батерии.
За да го отворите капакот од преградата за батерии 9 притиснете на механизмот
за заклучување 8 и извадете го капакот од преградата за батерии. Ставете ги
батериите. Притоа внимавајте на половите во согласност со приказот на
внатрешната страна од преградата за батерии.
Доколку батериите се слаби, предупредувањето за батерија 4 свети црвено.
Секогаш заменувајте ги сите батерии одеднаш. Користете само батерии од еден
производител и со ист капацитет.
Доколку не сте го користеле мерниот уред повеќе време, извадете ги
батериите. Доколку се подолго време складирани, батериите може да
кородираат и да се испразнат.
Употреба
Ставање во употреба
Заштитете го мерниот уред од влага и директно изложување на сончеви
зраци.
Не го изложувајте мерниот уред на екстремни температури или
осцилации во температурата. Напр. не го оставајте долго време во
автомобилот. При големи осцилации во температурата, оставете го мерниот
уред најпрво да се аклиматизира, пред да го ставите во употреба. При
екстремни температури или осцилации во температурата, прецизноста на
мерниот уред може да се наруши.
Bosch Power Tools
Македонски | 185
UniversalLevel 2
3 x 1,5 V LR06 (AA)
5 ч
0,46 кг
125 x 64 x 115 мм
1 609 92A 3LG | (24.3.17)