Bosch UniversalLevel 2 Notice Originale page 186

Masquer les pouces Voir aussi pour UniversalLevel 2:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 24
OBJ_BUCH-3036-001.book Page 186 Friday, March 24, 2017 9:58 AM
186 | Македонски
 Избегнувајте ги ударите и превртувањата на мерниот уред. Доколку се
оштети мерниот уред, може да се наруши прецизноста. По тежок удар или
превртување, проверете ги ласерските линии односно ласерските зраци со
хоризонтална или вертикална референтна линија одн. со контролните точки
на вертикалата.
 Исклучете го мерниот уред за време на транспортот. При исклучувањето, се
блокира осцилирачката единица, која би се оштетила при интензивни движења.
Вклучување/исклучување
За вклучување на мерниот уред притиснете го прекинувачот за вклучување/
исклучување 2 во позиција „On". Веднаш по вклучувањето, мерниот уред
испушта ласерски зраци од излезните отвори 1.
 Не го насочувајте зракот светлина на лица или животни и не погледну-
вајте директно во него, дури ни од голема оддалеченост.
За Исклучување на мерниот уред притиснете го прекинувачот за вклучување/
исклучување 2 во позиција „Off". При исклучување, осцилирачката единица се
блокира.
 Не го оставајте вклучениот мерен уред без надзор и исклучете го по
употребата. Другите лица може да се заслепат од ласерскиот зрак.
За да се заштеди енергија, вклучувајте го мерниот уред само доколку го користите.
Начини на работа (види слики A–C)
Мерниот уред има три начини на работа, кои може да ги промените било кога:
Начин на работа
Режим на вкрстени линии (со автоматика за нивелирање):
емитува една хоризонтална и една вертикална ласерска линија.
Режимот на вкрстени линии и режимот на точка на вертикала
(со автоматика за нивелирање): емитува една хоризонтална и една
вертикална ласерска линија, како и две точки на вертикала.
Режим на вкрстени линии (без автоматика за нивелирање):
емитува една хоризонтална и една вертикална линија.
По вклучувањето, мерниот уред се наоѓа во режим на вкрстени линии со
автоматика за нивелирање.
За да го смените режимот на работа, притискајте на копчето за режими на
работа 3, додека не се прикаже саканиот режим на работа со светење на соод-
ветните прикази за режими на работа 5.
1 609 92A 3LG | (24.3.17)
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières