Télécharger Imprimer la page

Bosch UniversalChainPole 18 Notice Originale page 226

Masquer les pouces Voir aussi pour UniversalChainPole 18:

Publicité

226 | Македонски
исклучен и времето кога е вклучен, но работи без
оптоварување).
Пуштање во погон
За Ваша безбедност
Извадете ја батеријата од машината пред да
u
работите на неа (на пр. редовно одржување,
замена на делови и сл.), како и пред транспорт и
складирање. Постои ризик од повреда ако ненамерно
се активира прекинувачот за вклучување /
исклучување со копчето за заклучување.
Управувајте со прекинувачот само кога батеријата
u
е целосно вметната.
Заменете/извадете ја батеријата (види слики
D и O)
Совет: Користењето на несоодветни батерии може да
доведе до погрешно функционирање или до оштетување
на уредот.
Вметнете ја наполнетата батерија (17) во телескопската
рачка. Проверете дали батеријата е правилно вклопена.
За да ја отстраните батеријата (17) од производот,
притиснете го копчето за ослободување на
батеријата(18) и повлечете ја батеријата напред во
насока на ланецот за пилата.
Монтажа
Извадете ја батеријата од машината пред да
u
работите на неа (на пр. редовно одржување,
замена на делови и сл.), како и пред транспорт и
складирање. Постои ризик од повреда ако ненамерно
се активира прекинувачот за вклучување /
исклучување со копчето за заклучување.
Составување на уредот (види слики C и E)
Поврзете ги главата на кроењето и телескопската рачка
рамно едни со други и прицврстете ги со вртење на
поврзувачкото парче (6). Проверете обата дела од
тримерот да се правилно монтирани и заклучени.
Прицврстете ја лентата за рамо (11) до јамките на
ременот (10)/(13) на дршките. Имајте на ум дека лентата
за на рамо има две куки со различна големина. Уверете
се дека поголема куката (20) до јамката за ремени на
задната рачка (13) и помалата кука (19) до јамката за
ремени на предната рачка (10) се прицврстени.
Извадете го штитникот за синџирот на пилата.
Прилагодете ја висината на телескопот (види
слика F)
Олабавете го прилагодувачот на висината на
телескопот (8) со вртење, наместете ја телескопската
цевка (7) до посакуваната должина и завртете го
прилагодувачот на висината на телескопот (8) повторно
цврсто.
F 016 L94 806 | (17.09.2024)
Во зависност од примената, телескопската цевка (7)
може да се прилагоди на должина од 2,1 m до 2,6.
Прилагодете ја вртливата глава (види слика H)
Притиснете ги двата тастера за подесување
истовремено (4), поставете ја вртливата глава во
посакуваната положба со поместување на главата од
режачот нагоре или надолу, ослободете ги копчињата за
прилагодување(4) и уверете се дека главата на режачот е
правилно заклучена.
Вртливата глава може да се заклучи во 9 различни
позиции.
Затегнување на синџирот (види сликаJ)
Проверете ја затегнатоста на ланецот пред да започнете
со работа, по првите парчиња и на секои 10 минути
додека пилите. На почетокот на употребата, новите ланци
можат значајно да се олабават.
Секогаш затегнувајте го ланецот на пилата кога ладен.
Затегнување на ланец на вруќа пила може да го
презатегне ланецот.
– Синџирот на пилата (1) е правилно затегнат ако истиот
може да се подигне во средината за 2-3 мм. Ова се
проверува такашто со една рака се подига ланецот
наспроти тежината на пилата.
– За да ја прилагодите затегнатоста на ланецот, свртете
ја завртката за затегнување (5) со клучот Ален во
насока на стрелките на часовникот (ја зголемува
затегнатоста на ланецот) или спротивно од стрелките
на часовникот (за намалување на затегнатоста на
ланецот).
Подмачкување на ланецот (види слика I)
Забелешка: Пилата не се испорачува наполнета со
масло за ланецот. Многу е важно да ставите соодветно
масло пред првата употреба. Користењето на пилата без
масло за пила или кога нивото на маслото е под
минималната ознака, ќе ја оштети пилата.
Животниот век и ефикасноста на ланецот зависат од
оптималното подмачкување. Ова е причината зошто
синџирот на пилата автоматски се подмачкува преку
млазницата за масло за време на работата.
За да го наполните резерварот за масло:
– Моторната пила не се испорачува наполнета со уље.
– Наполнете ја моторната пила со масло за ланец пред
употреба.
– Ставете ја пилата на соодветна површина со капачето
за масло (3) нагоре.
– Со крпа исчистете го делот околу капакот на
резервоарот за масло (3) и одвртетего капачето.
– Наполнете го резервоарот за масло со
биоразградливо масло за ланец од Бош. Употребата на
неодобрено масло може да ги наруши перформансите
на системот за масло.
– Внимавајте во резерварот да не влезе никаква
валканштина.
Bosch Power Tools

Publicité

loading

Ce manuel est également adapté pour:

3 600 hb3 1