Télécharger Imprimer la page

Skil 1043 Notice Originale page 146

Publicité

- пробно вклучете го алатот најмалку 60 секунди
на најголема брзина во празен од и во сигурна
положба
- веднаш престанете со работата доколку дојде до
поголеми вибрирања или други неправилности во
работата и прегледајте го алатот, за да ја одредите
причината
Прекинувач на заклучување за вклучување/
исклучување H q
- вклучете го алатот q a
! внимавајте на повратната сила од алатот при
вклучување
! пред дополнителниот дел да го допре делот за
работа, алатот мора да работи со полна брзина
- заклучување на прекинувачот q b
- отклучување на прекинувачот/исклучување на
алатот q c
! уредот треба да се подигне од работната
површина пред тој да биде исклучен
! приборот се врти уште некое време по
исклучувањето на електричниот алат
Брусење w
- придвижувајте го електричниот алат напред-назад
со лесен притисок
! никогаш не користете диск за сечење за
странично брусење
Сечење e
- при сечењето не го навалувајте алатот
- секогаш движете го алатот во правец на стрелките
на врвот на алатот, за да спречите алатот
неконтролирано да се лизне од резот
- не го притискајте електричниот алат; пуштете го
дискот за сечење да работи сам
- работната брзина на дискот за сечење зависи од
материјалот што се сече
- со страничен притисок може да го скршите дискот
за сечење
Држење и насочување на алатот
- електричниот алат секогаш држете го силно со
двете раце, за да можете во секој момент да имате
целосна контрола врз него
! додека работите, секогаш држете го алатот
за местото (местата) кое (кои) се означени со
сива боја r
- секогаш бидете во сигурна положба
- обрнете внимание на насоката на ротација,
електричниот алат секогаш држете го така за
искрите и прашината од брусењето/сечењето да
летаат во насока спротивна од телото
- отворите за ладење J 2 држете ги отворени
СОВЕТИ ЗА ПРИМЕНА
Наместо штитникот B 2 може да се користи
"CLIC" штитник за брзо поставување (SKIL прибор
2610388766); дисковите за брусење/сечење мора да
се постават без користење на клучевите за приборот
Многу други совети можете да најдете на
www.skil.com
ОДРЖУВАЊЕ/СЕРВИСИРАЊЕ
Овој алат не е наменет за професионална употреба
Алатот и кабелот секогаш да се одржуваат чисти
(особено отворите за ладење J 2 )
! не обидувајте се да ги чистите отворите за
вентилација со вметнување на остри предмети
низ отворите
! пред чистење извадете го алатот од
приклучокот
Доколку алатот и покрај внимателното работење и
контрола некогаш откаже, поправката мора да ја
изврши некој овластен SKIL сервис за електрични
алати
- во случај на примедба, испратете го алатот
нерасклопен, заедно со сметкопотврдата, до
вашиот продавач или најблискиот SKIL сервис
(адресите се наведени на www.skil.com)
ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
Не се ослободувајте од електични алати,
уреди или амбалажа преку нивно фрлање во
домашното ѓубре (само за земјите на ЕУ)
- според Европската Директива 2012/19/EC за
ослободување од електрична и електронска
опрема и нејзина имплементација во согласност
со националните закони, електричните алати кои
го достигнале крајот на својот животен век мора
да бидат собрани посебно и да бидат вратени во
соодветен објект за рециклирање
- симболот 6 ќе ве потсетува на ова кога ќе дојде
време алатот да го фрлите
БУЧАВА / ВИБРАЦИИ
Мерено во согласност со EN 60745 нивото на звучен
притисок е 93 dB(A) а нивото на звучна моќност 104
dB(A) (стандардно отстапување: 3 dB), и вибрација
со површина за брусење 3,7 м/с² (векторски збир на
трите показатели; несигурност К = 1.5 м/с²)
! други примени (како што се сечење) имаат
други вредности за вибрациите
Нивото на емитирање на вибрации кое е наведено
на задниот дел на ова упатство е измерено во
согласност со стандардизираниот тест даден во EN
60745; може да се користи за да се спореди еден
алат со друг, и како првична оценка за изложеноста
на вибрации кога се користи алатот за споменатите
примени
- користењето на алатот за разни примени, или со
различни или неправилно чувани делови, може
да доведе до значајно зголемување на нивото на
изложеност
- кога алатот е исклучен или кога алатот е вклучен
но не врши некаква работа, може да дојде до
значително намалување на нивото а изложеност
! заштитете се од ефектите на вибрациите
преку одржување на алатот и неговите делови,
одржување на топлината во вашите раце, и
организирање на вашата работа
146

Publicité

loading

Ce manuel est également adapté pour:

1043 aaF0151043aa