Télécharger Imprimer la page

Skil 1043 Notice Originale page 145

Publicité

ПРИБОР
SKIL може да признае гаранција само доколку е
користен оригинален прибор
Користете само дискови за брусење/сечење
со максимална дебелина од 8 мм и со отвор за
осовината од 22 мм
За поставување и користење на приборите кои не се
SKIL погледнете го упатството на производителот
Не користете редуктори или апарати за да ги ставите
дисковите за стругање или сечење со преголем
отвор
Никогаш не користете прибор со отвор на "слепи"
навивки помали од М14 х 21мм
Внимателно ракувајте со дисковите за брусење и
сечење и чувајте ги за да избегнете оштетувања
КОРИСТЕЊЕ НА ОТВОРЕНО
Приклучете го електричниот алат со помош на
автоматскиот прекинувач за излегување на струјата
(F) посилно од 30 mA
ПРЕД УПОТРЕБА
Пред првото користење на електричниот алат, се
препорачува да добиете практични информации
Секогаш проверувајте напонот да е ист со оној кој е
назначен на плочката на алатот
Секогаш поставувајте ги дополнителната рачка E
2 и заштитата F 2 ; никогаш не користете го алатот
без нив
Користете соодветни детектори за наоѓање на
скриени инсталации или повикајте соодветна
компанија за помош (контактот со електричните
линии може да доведе до струен удар; оштетувањата
во гасоводна цевка може да резултира со експлозија;
пенетрирање во водоводна инсталација може да
доведе до оштета на предмети или електричен удар)
Не обработувајте никаков материјал кој содржи
азбест (азбестот важи за предизвикувач на рак)
Прашината од материјали како боја која содржи
олово, некои видови дрво, минерали и метали, може
да биде штетна за здравјето (контактот со прашината
или нејзиното вдишување може да шредизвика
алергии и/или болести на дишните органи за оној
кој работи со алатот или луѓето во близина); носете
маска за прашина и работете со правосмукалки
доколку можете да ги поврзете
Некои видови на прашина се канцерогени (како
на пример прашината од даб или бука), особено
заедно со адитиви за одржување на дрвото; носете
маска за прашина и работете со правосмукалки
доколку можете да ги поврзете
Следете ги процедурите на вашата земја за
прашината која се јавува како резултат од
материјалите со кои работите
Бидете внимателни при острење на утор, особено
на носечките ѕидови (уторите на носечките ѕидови
се во склад со прописите на одредени држави; овие
прописи задолжително треба да се прегледаат)
Зацврстете го материјалот кој го обработувате
(обработка која е зацврстена со стеги или во
менгеме е побезбедна отколку да ја држите со раце)
Немојте да го прицврстувате електричниот алат во
менгеме
Продолжениот кабел кој го користите, мора да биде
сосема одмотан и безбеден, со капацитет од 16 А
ВО ТЕКОТ НА УПОТРЕБАТА
Ако кабелот се оштети или пресече за време на
работата, веднаш исклучете го и не го допирајте
Никогаш не користете алат ако кабелот е оштетен;
замената на кабелот мора да ја изврши стручно лице
Во случај да дојде до електричен или механички
дфект, веднаш исклучете го алатот и исклучете го од
приклучокот
Во случај на прекин на струјата или доколку
кабелот случајно се извлече од напојувањето,
алатката нема повторно да продолжи да работи
сама од себе; за да ја вклучите, отклучете го
прекинувачот on/off q c и повторно вклучете ја
алатката
ПО УПОТРЕБА
По исклучувањето на електричниот алат, никогаш не
го запирајте вртењето на приборот со користење на
странична сила
ОБЈАСНУВАЊЕ ЗА СИМБОЛИТЕ ЗА АЛАТОТ
3 Пред употреба прочитајте го прирачникот за
употреба
4 Носете заштитни очила и заштита за ушите
5 Двојна изолација (не е потребна заземна жица)
6 Не фрлајте го алатот заедно со другиот отпад од
домаќинството
УПОТРЕБА
Поставување на приборот 2
! извлечете го приклучокот ако кабелот
- исчистете го вретеното A и сите делови што ќе ги
поставите
- затегнете го крилцето за стегање B со клуч C
додека го притискате копчето за заклучување на
осовината D
! притискајте го копчето за заклучување на
осовината D само кога осовината A е целосно
застаната
- за отстранување на прибор се справи обратно
! ако дисковите за брусење/сечење во текот
на работата многу се загреат; не ги допирајте
додека целосно не се оладат
! никогаш не користете дискови за брусење/
сечење без ознака ("blotter") што е залепена
на дискот
Поставување на помошната рачка E 7
! извлечете го приклучокот ако кабелот
- зашрафете ја дополнителната рачка E оддесно или
одлево на алатот (зависно од работата што треба
да се заврши)
Прилагодување на заштитниот механизам F 8
! извлечете го приклучокот ако кабелот
! водете сметка затворената страна на
заштитниот механизам секогаш да биде
свртена кон операторот
Отстранување на заштитниот механизам F 9
! извлечете го приклучокот ако кабелот
- за поставување на заштитниот механизам,
постапете по обратен редослед
Пред користење на електричниот алат
- проверете дали е приборот исправно поставен и
силно прицврстен
- проверете дали приборот може да се помести, така
што рачно ќе го стартувате
145

Publicité

loading

Ce manuel est également adapté pour:

1043 aaF0151043aa