Télécharger Imprimer la page

Bosch 3 601 M19 161 Notice Originale page 284

Publicité

284 | Македонски
предизвикуваат сечилото да го засекува и влече делот
со вашата рака кон сечилото.
Оставете сечилото да достигне целосна брзина
u
пред да го допре делот што се обработува. Со ова ќе
се намали ризикот делот што се обработува да биде
отфрлен.
Ако делот што се обработува или сечилото се
u
заглави, исклучете ја аголната пила. Почекајте сите
подвижни делови да застанат и исклучете го
приклучокот од струја и/или извадете го
пакувањето со батерии. Потоа извадете го
заглавениот материјал. Ако продолжите да сечете со
заглавен дел што се обработува може да изгубите
контрола или да ја оштетите пилата.
Откако ќе завршите со сечењето, ослободете го
u
копчето, држете ја главата на пилата надолу и
почекајте сечилото да застане пред да го извадите
исечениот дел. Приближување на раката до сечило
кое сè уште врти е опасно.
Држете ја рачката цврсто кога правите нецелосен
u
засек или кога го ослободувате копчето пред
пилата да биде ставена во целосна надолна
позиција. Сопирањето на пилата може да предизвика
главата на пилата ненадејно да биде повлечена надолу
и да предизвика опасност или повреда.
Не отпуштајте ја рачката ако главата на пилата ја
u
има достигнато најдолната позиција. Секогаш
враќајте ја рачно главата на пилата до најгорната
позиција. Ако главата на пилата се движи
неконтролирано, тоа може да доведе до ризик од
повреди.
Одржувајте ја чистотата на работното место.
u
Мешавините на материјали се особено опасни. Правта
од лесен метал може да се запали или експлодира.
Не користете тапи, пукнати, свиткани или оштетени
u
листови за пила. Листовите на пилата со тапи или
неправилни запци, заради претесниот резен
процеп, предизвикуваат зголемено триење и
заглавување на листот на пилата или повратен
удар.
Не користете листови за пила од високо легиран
u
брзорезен челик (HSS-челик). Таквите листови на
пила може лесно да се скршат.
Секогаш користете сечила со точна големина и
u
форма (дијамантски наспроти тркалезни) за арбор
дупки. Сечила кои не одговараат на металниот дел за
монтирање на сечилото ќе излезат од средиштето, што
ќе предизвика губење на контрола.
Никогаш не ги отстранувајте остатоците од
u
сечењето, дрвените струготини и сл. од полето за
сечење, додека е вклучен електричниот уред.
Најпрво ставете ја рачката на апаратот во позиција на
мирување и потоа исклучете го електричниот апарат.
Не го фаќајте листот од пилата по работата, додека
u
не се олади. Листот за пилата за време на работата се
вжештува.
1 609 92A 8L9 | (03.03.2023)
Не ја оштетувајте ознаката за предупредување на
u
електричниот алат.
Електричниот алат се испорачува со ознака за
u
предупредување за ласерот (види табела „Ознаки и
нивно значење").
Не го насочувајте ласерскиот зрак кон
лица или животни и немојте и Вие самите
да гледате во директниот или
рефлектирачкиот ласерски зрак. Така
може да ги заслепите лицата, да
предизвикате несреќи или да ги оштетите
очите.
Не правете промени на ласерскиот уред.
u
Можностите за подесување опишани во ова упатство
за употреба можете безбедно да ги користите.
Не ги користете ласерските заштитни очила
u
(дополнителна опрема) како заштитни очила.
Ласерските заштитни очила служат за подобро
распознавање на ласерскиот зрак; сепак, тие не
штитат од ласерското зрачење.
Не ги користете ласерските заштитни очила
u
(дополнителна опрема) како очила за сонце или
пак во сообраќајот. Ласерските очила не даваат
целосна UV-заштита и го намалуваат препознавањето
на бои.
Внимание – доколку користите други уреди за
u
подесување и ракување освен овде наведените или
поинакви постапки, ова може да доведе до опасна
изложеност на зрачење.
Вградениот ласер не го заменувајте со ласер од
u
друг тип. Доколку се искористи ласер кој не е
соодветен на овој електричен алат, може да има
опасност за лицата.
Ознаки
Следните ознаки се од големо значење за користењето
на вашиот електричен алат. Ве молиме запаметете ги
ознаките и нивното значење. Вистинската
интерпретација на ознаките Ви помага подобро и
побезбедно да го користите електричниот алат.
Ознаки и нивно значење
Класа 1
Потрошувачки ласерски производ
Не посегнувајте со дланките во
полето на сечење, додека работи
електричниот алат. Доколку дојдете
во контакт со сечилото за пила постои
опасност од повреда.
Носете маска за заштита од прав.
Bosch Power Tools

Publicité

loading