156 | Македонски
Вадење на алатот за вметнување (види слика F)
– Држете ја цврсто задната чаура (19) на
брзозатегнувачката глава за дупчење. Отворете го
прифатот за алат со вртење на предната чаура во
правец на стрелката, додека не дојде во позиција каде
може да се извади алатот.
Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат за канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
u
Правта лесно може да се запали.
Вшмукување на прав со Saugfix
Монтирање на уред за всисување (види слика G)
За вшмукување на правта потребен ви е Saugfix. При
дупчењето Saugfix амортизира наназад, така што главата
на Saugfix секогаш стои припиена на подлогата.
– Притиснете го копчето за подесување на граничникот
за длабочина (11) и извадете го граничникот за
длабочина (13). Одново притиснете го копчето (11) и
вметнете го Saugfix однапред во дополнителната
рачка (12).
– Приклучете едно црево за всисување (дијаметар
19 mm) на отворот за всисување (20) на Saugfix.
Всисувачот за прашина мора да е соодветен на
материјалот на парчето што се обработува.
При всисување на честички прав кои се особено опасни
по здравје, канцерогени или суви, користете специјален
всисувач.
Подесување на длабочината на дупчење на Saugfix
(види слика H)
Саканата длабочина на дупчење X може да се утврди и
при монтиран Saugfix.
– Вметнете го SDS plus-алатот за вметнување до крај во
прифатот за алат SDS plus (3). Инаку, доколку
SDS plus-алатот е лабаво наместен, може да доведе до
погрешно подесување на длабочината на дупчење.
1 609 92A 9EX | (13.05.2024)
– Олабавете ја пеперутка-завртката (24) на Saugfix.
– Поставете го електричниот алат без да го вклучувате
на местото каде треба да дупчите. SDS plus алатот за
вметнување притоа мора да легне на површината.
– Водечката цевка (25) на Saugfix поставете ја во
држачот, така што главата на Saugfix ќе легне на
површината за дупчење. Не ја туркајте водечката
цевка (25) над телескопската цевка (23) повеќе
одошто е потребно, доволно е да се гледа што е можно
поголем дел од скалата од телескопската цевка (23).
– Повторно затегнете ја пеперутка-завртката (24).
Олабавете ја завртката за затегнување (21) на
граничникот за длабочина на Saugfix.
– Поместете го граничникот за длабочина (22) на
телескопската цевка (23), така што растојанието
прикажано на сликата X ќе одговара на длабочината на
дупчење што сакате да ја постигнете.
– Прицврстете ја завртката за зацврстување (21) во
оваа позиција.
Употреба
Ставање во употреба
Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
u
струјниот извор мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на електричниот
алат.
Подесување на режимот на работа
Со прекинувачот за запирање на удари/вртежи (10)
изберете го начинот на работа на електричниот алат.
– За да го промените начинот на работа, притиснете го
копчето за отклучување (9) и свртете го прекинувачот
за запирање на удари/вртежи (10) во саканата
позиција додека не слушнете дека се вклопил.
Напомена: Променете го режимот на работа само
доколку електричниот алат е исклучен! Инаку
електричниот алат може да се оштети.
Позиција за ударно дупчење во бетон или
камен
Позиција за Дупчење без удари во дрво,
метал, керамика и пластика како и за
Завртување
Позиција Vario-Lock за подесување на
позицијата на длетото
Во оваа позиција, прекинувачот за запирање
на удари/вртежи (10)не се вклопува.
Позиција за Длетување
Bosch Power Tools