Дополнителна рачка
Користете го Вашиот електричен алат само со
u
дополнителна рачка (12).
Осигурајте се дека дополнителната рачка е
u
секогаш цврсто затегната. Во спротивно, за време на
работата може да ја изгубите контролата врз вашиот
електричен алат.
Навалување на дополнителната рачка (види слика A)
Дополнителната рачка (12) може да ја вртите по желба,
за да може безбедно и неуморно да работите.
– Вртете го долниот дел на дополнителната рачка (12)
во правец спротивно на стрелките од часовникот и
навалете ја (12) во саканата позиција. Потоа повторно
зацврстете го долниот дел на дополнителната рачка
(12) во правец на стрелките од часовникот.
Внимавајте, затезната лента на дополнителната дршка
да легне во предвидениот жлеб на куќиштето.
Бирање на глава за дупчење и алат
За ударно дупчење и длетување потребни ви се SDS plus-
алати, кои се вметнуваат во SDS plus-главата за дупчење.
За дупчење без удари во дрво, метал, керамика и
пластика како и за завртување, се користат алати без
SDS plus (на пр. дупчалка со цилиндрично вратило). За
овие алати потребна ви е брзозатезната глава за дупчење
одн. запчеста глава за дупчење.
Менување на главата за дупчење
Монтирање брзозатегнувачка глава за дупчење/
запчеста глава за дупчење (види слика B)
– Завртете го SDS plus-вратилото за прифат (17) во
брзозатегнувачка глава за дупчење (1)/запчеста глава
за дупчење (16). Зацврстете ја брзозатегнувачка
глава за дупчење (1)/запчестата глава за
дупчење (16) со безбедносната завртка (15).
Внимавајте сигурносната завртка да има лев навој.
Вметнување на брзозатегнувачката глава за
дупчење/запчеста глава за дупчење (види слика B)
– Исчистете го крајот за вметнување на SDS plus-
вратилото за прифат (17) и малку намастете го.
– Брзозатегнувачката глава за дупчење (1)/запчестата
глава за дупчење (16) со вратилото за прифат ставете
ја со вртење во прифатот за алат, додека самата не се
заклучи.
– Проверете дали е заклучена со влечење на
брзозатегнувачката глава за дупчење (1)/запчестата
глава за дупчење (16).
Вадење на брзозатегнувачка глава за дупчење/
запчеста глава за дупчење
– Вметнете ја чаурата за заклучување (5) наназад и
извадете ја брзозатегнувачката глава за дупчење (1) /
запчестата глава за дупчење (16).
Bosch Power Tools
Промена на алат
Капакот за заштита од прав (4) го спречува
навлегувањето на правта која се создава при дупчењето
во прифатот на алатот. Затоа при употребата на алатот
проверете дали капакот за заштита од прав (4) е оштетен.
Оштетениот капак за заштита од прав веднаш треба
u
да се замени. Се препорачува ова да се изврши од
страна на сервисната служба.
Замена на алат SDS plus
Ставање на SDS plus-алатот за вметнување (види
слика C)
Со SDS plus главата за дупчење (2) може едноставно и
лесно без користење на дополнителни алати да го
замените алатот што се вметнува.
– Исчистете го крајот за вметнување на алатот што се
вметнува и малку намастете го.
– Алатот за вметнување ставете го со вртење во
прифатот на алат (3) додека самиот не се заклучи.
– Проверете дали е заклучен со повлекување на алатот.
Со SDS plus-алатот за вметнување може слободно да се
маневрира поради системот. Така, при празен од
настанува отстапување од кружниот тек. Ова нема
влијание на прецизноста на дупчењето на дупката,
бидејќи дупчалката сама се центрира при дупчењето.
Вадење на SDS plus-алатот за вметнување (види
слика D)
– Турнете ја чаурата за заклучување (5) наназад и
извадете ја запчестата глава за дупчење.
Замена на алат, брзозатегнувачка заменлива глава за
дупчење
Ставање на алатот за вметнување (види слика E)
Напомена: Не користете алати без SDS plus за ударно
дупчење или длетување! Алатите без SDS plus и главата
за дупчење што ја користите ќе се оштетат при ударното
дупчење или длетување.
– Вметнете ја брзозатегнувачката глава за дупчење (1).
– Држете ја цврсто задната чаура (19) на
брзозатегнувачката глава за дупчење (1) и свртете ја
предната чаура (18) во правец спротивен на
стрелките на часовникот, додека не се вметне алатот.
Вметнете го алатот.
– Држете ја цврсто задната чаура на брзозатегнувачката
глава за дупчење (1), а предната чаура свртете ја
цврсто со рака во правец на стрелките на часовникот
додека целосно не се вклопи. Со тоа, главата за
дупчење автоматски се заклучува.
– Проверете дали е зацврстена со влечење на алатот.
Напомена: Доколку прифатот за алат е отворен до крај,
при вртење на истиот може да се слушне како се
вклопува, а сепак да не се затвора.
Во овој случај, свртете ја еднаш предната чаура во
правец спротивен на стрелката. Потоа може да се
затвори алатот за прифат.
– Свртете го прекинувачот за запирање на удари/
вртежи (10) во позиција „Дупчење".
Македонски | 155
1 609 92A 9EX | (13.05.2024)