OBJ_BUCH-2164-006.book Page 187 Thursday, October 27, 2016 7:52 AM
Аутостоп функција
Моторот на уредот автоматски се исклучува кога се
отпушта чкрапалото.
Совети при работењето
Општи упатства
Осигурајте се дека притисната пералка е на ниво со подот.
Не тегнете го високопритисното црево и не влечете ја
високопритисната пералка за цревото. Во таков случај
пералката не е стабилна и може да се преврти.
Не газете го високопритсното црево и не возете преку
него. Заштитете го високопритисното црево од оштри агли
и рабови.
Не користете ротациони млазници за миење на
автомобил.
Предупредување! Мијалките за тераси се погодни само
за чистење равни површини! Не користете ги за скали и
вертикални површини. Никогаш не допирајте ја
ротирачката млазница додека работи!
Совети за работа со детергенти
Користете само детергенти соодветни за употреба
со високопритисни пералки.
Препорачуваме штедлива употреба на детергент, со цел
на заштита на животната средина. Прочитајте го
упатството за растворање на детергентот.
Со оваа високопритисна пералка вклучено се продава и
лизгач за дозирање на детергентот. Регуллирањето се
врши според потребата.
Препорачан начин на чистење
Чекор 1: Натопете ја нечистотијата
Монтирајте го додатокот за пена и повремено нанесувајте
детергент.
Чекор 2: Отстранување на нечистотијата
Испрскајте ја олабавената нечистотија со јак млаз.
Напомена: Чистете оддолу нагоре. Плакнете одгоре
надолу.
Отстранување грешки
Проблем
Можна причина
Моторот не се вклучува
Уредот не е вклучен на струја
Утикачот е неисправен
Прегорен осигурувач
Продолжниот кабел е оштетен
Активирана е заштитата на
моторот од прегревање
Замрзнување
Bosch Power Tools
Користење на алтернативни извори на вода
Оваа високопритисна пералка е самостоечка и дава
можност за црпење вода од резервари и извори. Многу е
ВАЖНО Бош филтерот да е исчистен и да се употребува
само чиста вода.
Отворени резервари и природни извори
Употребувајте го додатокот за самостојно дозирање, кој се
состои од:
– Влезна цедилка со неповратен вентил
– 3 м ојачано црево
– Универзална спојка за чистење под притисок
Со овој додаток високопритисната пералка може да
исфрла вода 0,5 m над нивото на водата. Ова може да трае
15 секунди.
Целосно потопете го трометражното црево во вода за да
излезе од него сиот воздух. Поврзете го трометражното
црево со високопритисната пералка и осигурајте се дека
влезната цедалка останува во вода.
Оставете ја високопритисната пералка да работи без
пиштолот за пркање, додека од цревото не потече
рамномерен млаз вода. Ако таков млаз не се постигне за
25 секунди, престанете и проверете ги сите спојки. Ако
водата истекува, згаснете ја високопритисната пералка и
монтирајте го пиштолот и копјето.
Важно е цревото и спојките да се квалитетни, во добра
состојба, цврсто и правилно монтирани. Неприцврстените
спојки можат да предизвикаат лошо функционирање.
Резервари со чешми
Ако високопритисната пералка се поврзува со
резервоарот преку чешма, прво монтирајте го
соодветното црево на чешмата од резерварот (не е
приложено). Отворете ја чешмата, пуштете да излезе
целиот воздух од цревото, па потоа поврзете го цревото во
високопритисната пералка.
Решение
Вклучете го уредот на струја
Користете друг утикач
Заменете го осигурувачот
Пробајте без продолжен кабел
Оставете го моторот да се лади 15 минути
Пуштете да се одмрзнат пумпата, доводното црево и
останатите делови.
Македонски | 187
F 016 L81 380 | (27.10.16)