OBJ_BUCH-1222-007.book Page 101 Monday, September 5, 2016 4:56 PM
Не го изложувајте мерниот уред на екстремни
температури или осцилации во температурата. При
големи осцилации во температурата, оставете го
мерниот уред најпрво да се аклиматизира, пред да
го вклучите. При екстремни температури или
осцилации во температурата, прецизноста на мерниот
уред и приказот на екранот може да се нарушат.
Користењето или работата на предаватели, како на
пр. WLAN, UMTS, радар за воздухопловство,
телекомуникациски кули или микробранови, во
близина, може да влијае на функцијата на мерењето.
Ставање во употреба
Вклучување/исклучување
Пред вклучување на мерниот уред, проверете, дали
полето на сензорот 12 е влажно. Доколку е влажно,
исушете го мерниот уред со крпа.
Доколку мерниот уред бил изложен на големи
температурни разлики, оставете го да се прилагоди
на температурата пред да го вклучите.
За вклучување на мерниот уред притиснете на копчето за
вклучување-исклучување 5.
За исклучување на мерниот уред, одново притиснете го
копчето за вклучување-исклучување 5.
Доколку не се притисне ниедно копче 5 мин. на мерниот
уред и не се детектира објект, тогаш мерниот уред
автоматски се исклучува заради заштита на батеријата.
Вклучување/исклучување на осветлувањето на
екранот
Со копчето за осветлување на екранот 6 можете да го
вклучите и исклучите осветлувањето на екранот.
Вклучување/исклучување на сигналниот тон
Со копчето Сигнален тон 7 можете да го вклучите и
исклучите сигналниот тон. При вклучен сигнален тон, на
екранот се појавува приказот a.
Функционалност (види слики A–B)
Со мерниот уред се проверува подлогата на полето на
сензорот 12 во правец на мерење A до макс. длабочина
на регистрирање (види „Технички податоци"). Се
препознаваат објекти, коишто се разликуваат од
материјалот на ѕидот.
Мерниот уред движете го праволиниски со лесен
притисок на подлогата, без да го подигате или да го
менувате притисокот. За време на мерењето, лизгачот 11
мора постојано да има контакт со подлогата.
Процес на мерење
Поставете го мерниот уред на подлогата којашто треба да
ја пребарате и движете го во правец B. Доколку мерниот
уред се приближи до некој објект, тогаш се забрзува
отчукувањето на мерниот приказ i и прстенот 1 свето
жолто, по оддалечувањето од објектот отчукувањето се
забавува. Над средината на некој објект мерниот приказ i
покажува максимално отчукување; прстенот 1 свети
црвено и се слуша сигнален тон. Доколку објектите се
Bosch Power Tools
мали или длабоко поставени, прстенот 1 може да
продолжи да свети жолто, а сигналниот тон изостанува.
Пошироките објекти нема да се прикажат во
целосна ширина со светлечкиот прстен одн.
сигналниот тон.
За попрецизно да го лоцирате објектот, движете го
мерниот уред наваму-натаму (3x) над објектот. Во сите
режими на работа автоматски се активира фината скала j.
Фината скала j го покажува целосното отчукување, ако
објектот е под средината на сензорот или ако се достигне
максималното отчукување на мерниот приказ i.
Дополнително во режимите на работа „Сува градба" и
„Метал" свети приказот „CENTER" k.
Пошироките објекти во подлогата се препознаваат со
трајно, високо отчукување на мерните прикази i и j.
Прстенот 1 свети во жолта боја. Времетраењето на
високото отчукување одговара на ширината на објектот.
Доколку се пребаруваат многу мали или длабоко
поставени објекти, а мерниот приказ i отчукува само
малку, поминете со мерниот уред неколку пати
хоризонтално и вертикално над објектот. Внимавајте на
отчукувањето на фината скала j и на режимите на работа
„Сува градба" и „Метал" дополнително во приказот
„CENTER" k, коишто овозможуваат прецизно
позиционирање.
Пред да дупчите во ѕид, сечете или глодате, треба да
се заштитите од опасности и со помош на други
извори на информации. Бидејќи на мерните резултати
може да влијаат околните влијанија или составот на
ѕидот, можна е опасност, иако приказот не покажува
објект во полето на сензорот (не се слуша сигнален тон
и светлечкиот прстен 1 свети зелено).
Видови употреба
Со избирање на режимот на работа ќе ги постигнете
најдобрите мерни резултати. Максималната длабочина на
регистрирање на метални објекти ќе ја постигнете со
режимот на работа „Метал". Максималната длабочина на
регистрирање за кабли, коишто спроведуваат струја, ќе ја
постигнете со режимот на работа „Струен кабел".
Избраниот режим на работа може да се препознае во
секое време со приказот што свети зелено 4.
Сувоградба
Режимот на работа „Сува градба" е најпогоден за
пронаоѓање на дрвени и метални објекти во ѕидови од
сува градба.
Притиснете на копчето 10, за да го активирате режимот на
работа „Сува градба". Приказот 4 на копчето 10 свети
зелено. Веднаш штом го поставите мерниот уред на
подлогата којашто треба да се пребара, прстенот 1
светнува зелено и сигнализира подготвеност за мерење.
Со режимот на работа „Сува градба" ќе се пронајдат и
прикажат сите објекти коишто се:
–
неметални, на пр. дрвени греди
–
магнетизирани, на пр. армирано железо
–
немагнетизирани, но метални, на пр. бакарни цевки
–
спроведуваат кабел, на пр. струјни кабли
Македонски | 101
1 609 92A 270 | (5.9.16)