- пробно вклучете го алатот најмалку 60 секунди на
најголема брзина во празен од и во сигурна положба
- веднаш престанете со работата доколку дојде до
поголеми вибрирања или други неправилности во
работата и прегледајте го алатот, за да ја
одредите причината
• Прекинувач за вклучување/исклучување 9
- вклучете/исклучете го електричниот алат со
поместување на копчето A во "I"/"O" положба
! пред дополнителниот дел да го допре делот за
работа, алатот мора да работи со полна брзина
! уредот треба да се подигне од работната
површина пред тој да биде исклучен
• Контрола на брзината 0
За оптимални резултати на различни материјали
- одберете ја брзината со помош на тркалцето G (тоа
можете да го правите и кога алатот е вклучен)
- користете ! како пример за одредување на
соодветната брзина
- пред да почнете со работата, пронајдете ја
оптималната брзина преку тестирање на стариот
материјал
! по подолг период на работа со помала брзина,
мора да го пуштите алатот да се олади, така
што ќе работи околу 3 минути на поголема
брзина, без оптеретување
• Држење и насочување на алатот @
- рачка со моливот за прецизна работа (гравирање)
- рачка за една рака за помалку прецизна работа
(брусење)
- потпорна рачка за дополнителна контрола и удобност
- немојте премногу да го притискате електричниот
алат; дозволете брзина сам да работи
• Потпорна рачка #
- може да се подеси како што е прикажано на сликата
- може да се постави во 4 различни положби
• Рефлектор (не се добива заедно со алатот) $
Вклучете/исклучете го рефлекторот J со вртење на
копчето K во насока спротивна на стрелките на
часовникот/во насока на стрелките на часовникот
• Осовина која се витка (не се добива заедно со
алатот) %
- поставете ја осовината која се витка како што е
прикажано на сликата
- користете ја осовината која се витка за работа на
тешкопристапни места
Менувањето на приборот при користење на
осовината која се витка ^
- повлечете го ракавот L надолу (=брава на
вретеното) и држете го додека со раката ја
навивате навртката на обрачот D, така што
бравата на вретеното оневозможува понатамошно
вртење, а потоа отпуштете ја навртката на
обрачот D со помош на клучот E
- ставете го приборот во обрачот C
- повлечете го ракавот L надолу (=брава на
вретеното) и држете го додека ја прицврстувате
навртката на обрачот D со помош на клучот E
• Поставување на постамент (се добива заедно со
алатот) &
- поставете го постаментот на работната површина
или маса, со максимална дебелина од 60 мм
- подесете ја висината на постаментот со вртење на
цевките M во насоката спротивна од стрелките на
часовникот, поставете ги на соодветната висина,
а потоа свртете ги во насоката на стрелките на
часовникот
- подесете ја висината на штитникот N со отпуштање
на копчето P, а потоа подесете го штитникот на
саканата висини а прицврстете го копчето P
- прицврстете го електричниот алат на штитникот,
со помош на куката Q
• Склопување на определениот прибор *)
ОДРЖУВАЊЕ/СЕРВИСИРАЊЕ
• Овој алат не е наменет за професионална употреба
• Алатот и кабелот секогаш да се одржуваат чисти
(особено отворите за ладење H 2)
! пред чистење извадете го алатот од приклучокот
• Доколку алатот и покрај внимателното работење и
контрола некогаш откаже, поправката мора да ја
изврши некој овластен SKIL сервис за електрични алати
- во случај на примедба, испратете го алатот
нерасклопен, заедно со сметкопотврдата, до
вашиот продавач или најблискиот SKIL сервис
(адресите се наведени на www.skil.com)
ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
• Не се ослободувајте од електични алати, уреди
или амбалажа преку нивно фрлање во
домашното ѓубре (само за земјите на ЕУ)
- според Европската Директива 2012/19/EC за
ослободување од електрична и електронска
опрема и нејзина имплементација во согласност
со националните закони, електричните алати кои
го достигнале крајот на својот животен век мора
да бидат собрани посебно и да бидат вратени во
соодветен објект за рециклирање
- симболот 6 ќе ве потсетува на ова кога ќе дојде
време алатот да го фрлите
БУЧАВА / ВИБРАЦИИ
• Мерено во согласност со EN 60745 нивото на звучен
притисок е 71 dB(A) (стандардно отстапување: 3 dB)
и вибрација 2,9 м/с² (векторски збир на трите
показатели; несигурност К = 1.5 м/с²)
• Нивото на емитирање на вибрации кое е наведено на
задниот дел на ова упатство е измерено во согласност
со стандардизираниот тест даден во EN 60745; може
да се користи за да се спореди еден алат со друг, и
како првична оценка за изложеноста на вибрации кога
се користи алатот за споменатите примени
- користењето на алатот за разни примени, или со
различни или неправилно чувани делови, може да
доведе до значајно зголемување на нивото на
изложеност
- кога алатот е исклучен или кога алатот е вклучен
но не врши некаква работа, може да дојде до
значително намалување на нивото а изложеност
! заштитете се од ефектите на вибрациите
преку одржување на алатот и неговите
делови, одржување на топлината во вашите
раце, и организирање на вашата работа
160