користат. Примената на овие направи ја намалува
опасноста од прашината.
h) Не дозволувајте искуството стекнато со честа
употреба на алатите да ве направи спокојни и да
ги игнорирате безбедносните принципи при
неговото користење. Невнимателно движење
може да предизвика сериозни повреди во дел од
секунда.
4) ВНИМАТЕЛНА УПОТРЕБА И РАКУВАЊЕ СО
ЕЛЕКТРИЧНИТЕ АЛАТИ
a) Не го преоптеретувајте уредот. При вашата
работа користете го предвидениот електричен
алат за таа употреба. Со соодветниот електричен
алат ќе работите подобро и посигурно во наведената
функционална област.
b) Не користете електричен алат чиј прекинувач е
неисправен. Електричниот алат кој повеќе не може
да се вклучува и исклучува е опасен и мора да се
поправи.
c) Исклучете го електричниот алат од струја и/или
извадете го комплетот со батерии, ако се
одделува, пред да правите некакви
прилагодувања, менувате дополнителна опрема
или да го складирате електричниот алат. Со овие
мерки на внимателност ќе се избегне
невнимателното вклучување на уредот.
d) Тргнете го електричниот алат кој не го користите
од допирот на децата. Не допуштајте работа со
уредот на лица кои не се запознаени со него или
кои го немаат прочитано ова упатство.
Електричните алати се опасни доколку со нив
работат неискусни лица.
e) Одржувајте го електричниот алат и
дополнителната опрема. Имајте контрола околу
тоа дали движечките делови на уредот работат
беспрекорно и дали не се заглавени, дали
деловите се скршени или оштетени до таа мерка
што не може да се обезбеди функционирање на
уредот. Пред примената, овие оштетени делови
треба да се поправат. Причина за многу незгоди е
лошо одржуваниот електричен алат.
f) Алатите за сечење одржувајте ги остри и чисти.
Внимателно одржуваните алати за сечење со остри
очтрици помалку ќе се заглавуваат и со нив работата
ќе биде полесна.
g) Електричниот алат, прибор, работни алати итн.,
треба да ги користите според овие упатства, и на
начин кој е опишан за соодветниот тип на уред.
При тоа, земете ги предвид работните услови и
работата која се извршува. Употребата на
електричните алати за други цели кои не се
предвидени, може да предизвика опасни ситуации.
h) Рачките и површините за држење одржувајте ги
суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините
за држење што се лизгаат не овозможуваат
безбедно ракување и контрола на алатот во
неочекувани ситуации.
5) СЕРВИСИРАЊЕ
a) Електричниот алат сервисирајте го кај
квалификувано лице кое користи само
идентични резервни делови. Со ова се обезбедува
безбедно одржување на електричниот алат.
БЕЗБЕДНОСНО УПАТСТВО ЗА РОТАЦИЈА АЛАТКИ
1) БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА
ОПЕРАЦИИ СО БРУСЕЊЕ, ПЕСКАРЕЊЕ,
ЧЕТКАЊЕ СО ЖИЦА, ПОЛИРАЊЕ, РЕЗБАРЕЊЕ
ИЛИ АБРАЗИВНО ОТСЕКУВАЊЕ
a) Овој алат е наменет за брусење, пескарење,
четкање, полирање, резбарење или за сечење.
Прочитајте ги сите безбедносни
предупредувања, упатства, слики и
спецификации што се обезбедуваат со овој алат.
Непочитувањето на сите упатства подолу може да
доведе до електричен удар, пожар и/или сериозна
повреда.
b) Не користете дополнителна опрема којашто
производителот на алатот специфично не ја
наменува или препорачува. Само заради тоа што
одредена дополнителна опрема може да се прикачи
на алатот, тоа не значи дека ќе обезбеди безбедна
работа.
c) Номиналната брзина на дополнителната опрема
мора ба биде барем еднаква на максималната
брзина посочена на алатот. Дополнителната
опрема којашто работи побргу од номиналната
брзина може да се откачи.
d) Надворешниот дијаметар и дебелината на
дополнителната опрема мора да бидат во
рамките на капацитетот посочен на алатот.
Несоодветната големина на дополнителната опрема
не може соодветно да се обезбедува и контролира.
e) Вкупната димензија на тркалата, барабанот за
пескарење или која било друга дополнителна
опрема мора правилно да легнуваат на
осовината или стегата на алатот.Дополнителната
опрема којашто не соодветствува на елементот за
поставување кај алатот нема да работи рамномерно,
ќе вибрира прекумерно и може да предизвика да ја
загубите контролата.
f) Тркалата што се поставуваат на вретено,
барабаните за пескарење, секачите или другата
дополнителна опрема мора да бидат вметнати
докрај во стегата или клинот. Ако вретеното не се
држи добро и/или слободниот дел кај тркалото е
многу долг, поставеното тркало може да се
разлабави и да се исфрли при голема брзина.
g) Не користете оштетена дополнителна опрема.
Проверете ја дополнителната опрема пред
секоја употреба за да утврдите дали
абразивните тркала содржат парчиња и
пукнатини, дали барабанот за пескарење има
пукнатини, дали челичните четки имаат
разлабавени или скинати жици. Ако алатот или
дополнителната опрема паднат, проверете дали
се оштетиле или ставете неоштетена
дополнителна опрема. По проверката и
поставувањето на дополнителната опрема,
поставете се подалеку од опсегот на
ротирачката дополнителна опрема, потоа
вклучете го алатот на максималната брзина да
работи една минута без оптоварување.
Оштетената дополнителна опрема обично ќе се
откачи во текот на овој период за проверка.
156