Télécharger Imprimer la page

Skil 1415 Notice Originale page 159

Masquer les pouces Voir aussi pour 1415:

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 14
230V или 240V исто така може да се поврзат и на
напон од 220V)
• Не обработувајте никаков материјал кој содржи
азбест (азбестот важи за предизвикувач на рак)
• Зацврстете го материјалот кој го обработувате
(обработка која е зацврстена со стеги или во
менгеме е побезбедна отколку да ја држите со раце)
• Продолжениот кабел кој го користите, мора да биде
сосема одмотан и безбеден, со капацитет од 16 А
• Носете заштитни очила и заштита за ушите 4,
заштитни ракавици, и цврста облека; доколку е
потребно, носете и престилка
• Прашината од материјали како боја која содржи
олово, некои видови дрво, минерали и метали, може
да биде штетна за здравјето (контактот со
прашината или нејзиното вдишување може да
шредизвика алергии и/или болести на дишните
органи за оној кој работи со алатот или луѓето во
близина); носете маска за прашина и работете со
правосмукалки доколку можете да ги поврзете
• Некои видови на прашина се канцерогени (како на
пример прашината од даб или бука), особено заедно
со адитиви за одржување на дрвото; носете маска
за прашина и работете со правосмукалки
доколку можете да ги поврзете
• Следете ги процедурите на вашата земја за
прашината која се јавува како резултат од
материјалите со кои работите
• Проверете дали големината на металниот обрач
одговара на големината на приборот
• Проверете дали алатот е исклучен кога го
приклучувате во приклучокот
ВО ТЕКОТ НА УПОТРЕБАТА
• Користете ги страничните дршки кои се
испорачуваат заедно со машината (губењето на
контрола може да доведе до повреди)
• Држете го алатот за изолираните површини за
зафаќање кога извршувате работа при која што
дополнителната опрема за сечење може да
дојде во контакт со сокриените жици или со
кабелот (ако дополнителната опрема за сечење
дојдат во контакт со жица под напон може да ги
електрифицираат металните делови на алатот и да
предизвикаат електричен удар на операторот)
• Кабелот секогаш држете го подалеку од деловите на
алатот кои се движат; кабелот држете го на задната
страна, на страна од алатот
• Никогаш не користете алат ако кабелот е оштетен;
замената на кабелот мора да ја изврши стручно лице
• Никогаш не го заклучувајте вретеното додека алатот
е вклучен (оштетувањата поради неправилно
ракување не се вклучени во гаранцијата)
• Рацете држете ги подалеку од приборот кој се врти
• При брусење на метал доаѓа до искричење;
останатите лица и запалливи материјали треба да се
наоѓаат што е можно подалеку од местото каде се
работи
• Одржувајте ги отворите за вентилација слободни
додека работите
• Во случај да дојде до електричен или механички
дфект, веднаш исклучете го алатот и исклучете го од
приклучокот
ПО УПОТРЕБА
• Приборот се врти уште некое време, по
исклучувањето на електричниот алат
• Исклучете го моторот пред да го спуштите алатот и
проверете дали сите подвижни делови се комплетно
застанати
• По исклучувањето на електричниот алат, никогаш
немојте да го запирате вртењето на приборот со
примена на сила
• Електричниот алат чувајте го на места каде
температурата не е над 50ºC
ОБЈАСНУВАЊЕ ЗА СИМБОЛИТЕ ЗА АЛАТОТ
3 Пред употреба прочитајте го прирачникот за
употреба
4 Носете заштитни очила и заштита за ушите
5 Двојна изолација (не е потребна заземна жица)
6 Не фрлајте го алатот заедно со другиот отпад од
домаќинството
УПОТРЕБА
• Менување на приборот 7
! исклучете го алатот и извадете го од
приклучокот
! проверете дали големината на металниот
обрач одговара на големината на осовината
на приборот
- притиснете го копчето за заклучување на
вретеното B и држете го притиснато додека со
раката ја навртувате навртката на обрачот D, така
што бравата на вретеното оневозможува
понатамошно вртење , а потоа отпуштете ја
навртката на обрачот D, со помош на клучот E
- ставете го приборот во обрачот C што подлабоко,
за да не дојде до негово паѓање или губење а
рамнотежа
- притиснете го копчето за заклучување на
вретеното B и држете го притиснато додека ја
прицврстувате навртката на обрачот D, со помош
на клучот E
! не ја прицврстувајте навртката на обрачот D
премногу силно
! никогаш немојте да ја навртувате навртката на
обрачот ако приборот се не се наоѓа во
обрачот; на тој начин, обрачот може да се
оштети
• Менување на обрачот 8
! исклучете го алатот и извадете го од
приклучокот
- притиснете го копчето за заклучување на
вретеното B и држете го притиснато додека ја
отстранувате навртката на обрачот D
- отстранетего обрачот C
- ставете нов обрач
! никогаш немојте да ја навртувате навртката на
обрачот ако приборот се не се наоѓа во
обрачот; на тој начин, обрачот може да се
оштети
• Пред користење на електричниот алат
- проверете дали е приборот исправно поставен и
силно прицврстен
- проверете дали приборот може да се помести,
така што рачно ќе го стартувате
159

Publicité

loading