OBJ_BUCH-1326-005.book Page 189 Monday, October 10, 2016 3:12 PM
Употреба
Ставање во употреба
Пневматскиот алат работи оптимално при работен
притисок од 6,3 бари (91 psi), измерено на влезот за
воздух при вклучен пневматски алат.
Извадете ги алатите за подесување, пред да го
вклучите пневматскиот алат. Алатот за подесување
што се наоѓа на ротирачки дел на алатот, може да
доведе до повреди.
Напомена: Доколку пневматскиот алат не стартува, напр.
по подолго мирување, прекинете го напојувањето со
воздух, и свртете го повеќепати моторот на прифатот за
алат 9. Притоа ќе се отстранат атхезионите сили.
За да се заштеди енергија, вклучувајте го пневматскиот
алат само доколку го користите.
– За вклучување на пневматскиот алат, притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 1 и држете
го притиснат за време на работниот процес.
– За Исклучување на пневматскиот алат, отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 1.
Бирање на бројот на вртежи (види слика C)
Со регулаторот за број на вртежи 5 може да го изберете
потребниот број на вртежи и за време на работата.
– За максимален број на вртежи
регулаторот за број на вртежи 5 свртете го
настрана од приклучните додатоци 3.
– За минимален број на вртежи регулаторот
за број на вртежи 5 свртете го накај
приклучните додатоци 3.
Неопходниот број на вртежи зависи од материјалот и
работните услови и може да се одреди при практична
примена.
Совети при работењето
Почекајте додека пневматскиот алат сосема не
прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
Внимавајте да ги залепите самолепливите брусни
листови концентрично на брусниот диск.
При прекин на напојувањето со воздух или намален
работен притисок исклучете го пневматскиот уред.
Проверете го работниот притисок и одново стартувајте
со оптимален работен притисок.
Оптоварувањата што ќе настанат одеднаш забрзано го
намалуваат вртежниот момент или предизвикуваат
состојба на мирување, но не му штетат на моторот.
Брусење на површини
– Вклучете го пневматскиот алат, поставете го со целата
површина за брусење на подлогата што се обработува и
движете го со благ притисок преку парчето што го
обработувате.
Капацитетот на отстранување и изгледот во главно се
одредуваат според изборот на брусниот лист, степенот на
избраниот број на вртежи и притисокот на површината.
Bosch Power Tools
Само беспрекорните брусни листови може да придонесат
за добар капацитет на брусење и одржување на
пневматскиот алат.
Внимавајте на рамномерноста на притисокот, за да го
зголемите рокот на употреба на алатот што се бруси.
Прекумерното зголемување на притисокот врз
површината не води кон зголемен капацитет на брусење,
туку кон поголемо изабување на пневматскиот алат и
брусниот лист.
Брусниот лист со кој сте обработувале метал, не го
користете за други материјали.
Користете само оригинална Bosch опрема за брусење.
Грубо брусење
– Поставете брусен лист со груба гранулација.
– Лесно притиснете го пневматскиот алат, за да работи со
поголем број на вртежи и да се постигне поголем
капацитет на отстранување на материјалот.
Фино брусење
– Поставете брусен лист со фина гранулација.
– Движете го пневматскиот алат со рамномерен притисок
кружно по површината или наизменично по должина
или попречно на делот што се обработува. Не го
накосувајте пневматскиот алат, за да го избегнете
брусењето низ делот што се обработува, на пр. фурнир.
Со мала варијација на притисокот одн. промена на
бројот на вртежи може да го намалите бројот на вртежи
на брусниот диск, при што се задржува ексцентричното
движење.
– По завршување на работниот процес исклучете го
пневматскиот алат.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Одржувањето и поправката треба да се изведува
само од страна на квалификуван стручен персонал.
Само на тој начин ќе бидете сигурни во безбедноста на
пневматскиот алат.
Редовно мерете го бројот на вртежи во празен од на
вретеното за брусење. Доколку измерената
вредност е над наведениот број на вртежи во празен
од n
(види „Технички податоци"), пневматскиот
0
алат треба да биде проверен од страна на Bosch-
сервисната служба. При превисок број на вртежи во
празен од, алатот за вметнување може да се скрши, а
при пренизок број на вртежи се намалува работниот
учинок.
Овластената сервисна служба на Bosch овие работи ги
извршува брзо и доверливо.
Користете исклучиво оригинални резервни делови на
Bosch.
Редовно чистење
– Редовно чистете го филтерот на доводот за воздух од
пневматскиот алат. Притоа отшрафете ја спојницата за
црево 4 и извадете ги честичките прав и нечистотија од
филтерот. Повторно зашрафете ја цврсто спојницата за
црево.
Македонски | 189
1 609 92A 39N | (10.10.16)