Dremel 8260 Traduction De La Notice Originale page 211

Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 34
или клуч затегнете ја стезната глава околу
битот. Доколку и понатаму доаѓа до лизгање,
обидете се со стезната чаура и завртката за
стезната чаура.
Стегите на стезната глава може да се изместат
поради што додатокот може да не се врти
правилно и концентрично (да се исфрла од
оска).
За повторно да ги наместите стегите, следете ги
следните чекори:
1. Извадете го приборот од стезната глава.
2. Исчистете ја стезната глава.
3. Притиснете на копчето за заклучување на
осовината и затегнувајте ја стезната глава сè
додека стегите не се рашират, приближно 3 mm.
4. Силно притиснете го крајот на стезната глава
врз тврда рамна површина и проверете дали
стегите се поставени аксијално.
5. Продолжете рачно да ја затегате стезната глава
сè додека стегите не се затворат целосно.
6. Разлабавете ја стезната глава и повторно
ставете го приборот сосема право.
7. Рачно вртете го алатот и внимавајте дали има
некакво исфрлање од оска. Доколку очигледно
има некакво изместување, повторете ја
постапката.
8. Кога осовината е заклучена, затегнете ја
стезната глава со помош на EZ Twist капче
или клуч за приборот да се постави на
место.
9. Вклучете го алатот на најмала брзина и
проверете дали има некакво изместување.
Доколку очигледно има некакво изместување,
проверете дали приборот е поставен право, па
повторете ја постапката.
ПРИБОР ЗА БАЛАНСИРАЊЕ
За прецизно работење, важно е целиот прибор
да биде во добра рамнотежа (исто како кај
пневматиците на Вашиот автомобил). За
дотерување или балансирање на приборот,
полека олабавете ја навртката на стезната чаура
и завртете го приборот или стезната чаура за 1/4.
Повторно стегнете ја навртката на стезната чаура и
вклучете го ротациониот алат.
Врз основа на звукот и осетот, треба да сте во
состојба да кажете дали Вашиот прибор работи
избалансирано. Продолжете со ваквото дотерување
сè додека не го постигнете најдобриот баланс.
ДОДАТОЦИ
Алатот Dremel доаѓа со следните додатоци кои
овозможуваат повеќенаменско користење:
Флексибилна оска *) за прецизно и детално
работење или работење на тешко достапни
места (225 - страници 7-8)
Штитник за заштита од прав и искри (550 -
страница 9)
Повеќенаменски комплет за сечење за
контролирано сечење разновидни материјали
(565/566 - страница 10)
Комплет за вадење фуга меѓу ѕидни и подни
плочки (568 - страница 11)
Правоаголен додаток за користење на
додатоците под прав агол на тешко достапни
места (575 - страница 12)
Платформа за обликување за шмирглање и
брусење под совршен агол од 90° и 45° (576 -
страница 13)
Рачка за прецизно работење за уште подобра
контрола над алатот (577 - страница 13)
Острилка за косилки за трева и градинарски
алатки за лесно и брзо острење под оптимален
агол (675 - страница 14)
Додатокот за праволиниско и кружно сечење
овозможува сечење на совршени кружни отвори
и праволиниски резови (678 - страница 15)
Вретено „EZ SpeedClic" за монтирање додатоци
„EZ SpeedClic" (страница 16)
*) Доколку за првпат користите нова флексибилна
осовина, држете ја во вертикална положба две
минути на најголема брзина на алатот.
НАПОМЕНА: Само дел од додатоците кои се
наведени погоре доаѓаат како стандардна опрема
на алатите/комплетите
КОРИСТЕЊЕ
ПОВРЗУВАЊЕ НА АПЛИКАЦИЈАТА DREMEL APP
Преземете ја апликацијата Dremel App на
Вашиот iOS или Android уред од App Store или
Google Play.
Инсталирајте ја апликацијата Dremel App на
Вашиот смарт уред или проверете дали ја
користи последната верзија на апликацијата.
Вклучете ја Dremel App на смарт уредот и
кликнете на „
Поврзете ја мојата алатка" во делот од
апликацијата „My Dremel".
Следете ги упатствата на апликацијата за да го
споите алатот со смарт уредот. За да го споите
алатот со смарт уредот со помош на Bluetooth
технологија, проверете дали алатот е исклучен
и на 1 метар/ 3 стапки од смарт уредот.
Откако ќе се поврзе, опсегот на поврзување во
линија без пречки е до 20 метри / 65 стапки.
ПОЧЕТОК
Првиот чекор во користењето на
мултифункцоналниот алат е да го „почувствувате"
в рака. Земете го в рака и проценете ја неговата
тежина и баланс. Почувствувајте го конусот на
куќиштето. Овој облик овозможува алатот да го
држите како пенкало или молив.
ВАЖНО! Првин вежбајте на некој отпадок од
материјалот за да видите како работи алатот
при големи брзини. Имајте на ум дека Вашиот
мултифункционален алат најдобро ќе работи при
дозволена брзина, во комбинација со исправниот
Dremel прибор и приклучоци. Ако е можно, немојте
да го притискате алатот за време на користењето.
Наместо тоа, полека спуштете го ротациониот
прибор на работната површина на местото на
което сакате да почнете со работа. Концентрирајте
се на тоа алатот да го водите по работното парче
користејќи многу мал притисок со раката. Дозволете
му на приборот да си ја изврши својата работа.
Обично е подобро работата да се изврши со
алатот во повеќе фази, отколку да ја завршите
целата работа со едно поминување. Нежниот допир
Ви овозможува најдобра контрола и ја смалува
можноста од правење грешка.
ДРЖЕЊЕ НА АЛАТОТ
Алатот секогаш држете го свртен настрана од
Вашето лице. Приборот може да се оштети за
време на ракувањето и може да се распадне на
парчиња при голема брзина.
Кога го држите алатот, немојте со раката
да ги покривате отворите за вентилација.
Блокирањето на отворите за вентилација може
да предизвика прегревање на моторот.
211

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières