за местото (местата) кое (кои) се означени со
сива боја
- по завршувањето на сечењето, исклучете го алатот
со пуштање на орозот A
! пред да го подигнете електричниот алат од
местото каде се работи, проверете дали е
дојдено до целосен прекин на работата на
сечилото
СОВЕТИ ЗА ПРИМЕНА
•
Добрата страна на обработката секогаш вртете ја
надолу, за да обезбедите минимално кршење на
материјалот
•
Користете само остри сечила, од соодветен вид q
- квалитетот на сечењето се подобрува со бројот на
запците
- сечилата со карбиден врв остануваат остри 30 пати
подолго од обичните сечила
•
Странична ограда Z w
- за правење на точни засеци низ работ на
материјалот кој се обработува
- може да се вметне на било која страна на нивото
Подесување на страничната ограда
- пуштете го копчето AA
- прилагодете до саканата длабочина на сечење
со употреба на паралелна скала за наведување
(користете визир за линија на пилата Q со
0-референца)
- прицврстете го копчето AA
•
Длабинско сечење e
- подесете ја саканата длабочина за сечење
- закосете го алатот со визирот за линијата на
пилата Q порамнета со саканата линија на сечење
на материјалот за обработка
- отворете го долниот заштитен механизам F со
користење на рачката G
- непосредно пред сечилото да го допре материјалот
кој се обработува, вклучете го електричниот алат
и постепено спуштајте го задниот крај на алатот,
со користење на предниот крај на нивото како
показател
- постепено движете го алатот надолу и напред
- штом сечилото ќе допре во материјалот, пуштете ја
рачката G
! никогаш не туркајте го алатот кон назад
•
Сечење на големи плочи r
- поставете ја плочата близу сечењето на под, маса
или работна маса
! подесете ја длабочината на сечењето така што
ќе сечете низ плочата, а не низ потпората
- во случај страничната ограда да не ја овозможува
саканата широчина за сечење, со спрега или со
клинец закачете дрвен дел на местото каде се
работи, како водилка, и користете ја десната
страна на нивото со оваа водилка
ОДРЖУВАЊЕ/СЕРВИСИРАЊЕ
•
Овој алат не е наменет за професионална употреба
•
Алатот и кабелот секогаш да се одржуваат чисти
(особено отворите за ладење AB)
! пред чистење извадете го алатот од
приклучокот
•
Секогаш одржувајте ја областа околу долниот
штитник F 2 чиста (отстранете ги прашината и
деланките со раздувување со компримиран воздух
или со четка)
•
Сечилото на пилата исчистете го непосредно по
користењето (особено од смола и лепак)
•
Доколку алатот и покрај внимателното работење и
контрола некогаш откаже, поправката мора да ја
изврши некој овластен SKIL сервис за електрични
алати
- во случај на примедба, испратете го алатот
нерасклопен, заедно со сметкопотврдата, до
вашиот продавач или најблискиот SKIL сервис
(адресите се наведени на www.skil.com)
•
Имајте предвид дека оштетувањето настанато
заради преоптоварување или неправилно ракување
со алатот ја отфрла гаранцијата (видете на
www.skil.com или прашајте го продавачот за условите
на гаранцијата на SKIL)
ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
•
Не се ослободувајте од електични алати,
уреди или амбалажа преку нивно фрлање во
домашното ѓубре (само за земјите на ЕУ)
- според Европската Директива 2012/19/EC за
ослободување од електрична и електронска
опрема и нејзина имплементација во согласност
со националните закони, електричните алати кои
го достигнале крајот на својот животен век мора
да бидат собрани посебно и да бидат вратени во
соодветен објект за рециклирање
- симболот 5 ќе ве потсетува на ова кога ќе дојде
време алатот да го фрлите
БУЧАВА / ВИБРАЦИИ
•
Измерено во согласност со EN 62841, нивото на
звучен притисок на оваа алатка е 97,0 dB(A) и
нивото на звучна моќност 108,0 dB(A) (несигурност
K = 3 dB), и вибрацијата ✱ (триакс векторна сума;
несигурност K = 1.5 m/s²)
сечење на дрво 4,0 м/с²
✱
сечење на метал 2,8 м/с²
✱
•
Нивото на емитирање на вибрации кое е наведено
на задниот дел на ова упатство е измерено во
согласност со стандардизираниот тест даден во EN
62841; може да се користи за да се спореди еден
алат со друг, и како првична оценка за изложеноста
на вибрации кога се користи алатот за споменатите
примени
- користењето на алатот за разни примени, или со
различни или неправилно чувани делови, може
да доведе до значајно зголемување на нивото на
изложеност
- кога алатот е исклучен или кога алатот е вклучен
но не врши некаква работа, може да дојде до
значително намалување на нивото а изложеност
! заштитете се од ефектите на вибрациите
преку одржување на алатот и неговите делови,
одржување на топлината во вашите раце, и
организирање на вашата работа
153