Македонски
Пред почнување со работа
запознаjте се со сите направи и
елементи за ракување, како и со
нивните функции.
Чуваjте го погонското гориво
само во за тоа дозволени садови
и никогаш во близина на
топлински извори (на пр. печки
или боjлери). Полнете го уредот
со гориво само на отворено.
Hикогаш не го полнете уредот
додека моторот работи или е
врел.
Заменете ги оштетената издувна
цевка, резервоарот или капакот
на резервоарот.
Пред користењето проверете,
– дали збирачот на трева
функционира и дали
поклопецот за исфрлување
затвора правилно.
Оштетените, истрошени или
деловите што недостасуваат
заменете ги итно.
– дали резните алати, клиновите
за прицврстување и целата
резна единица се истрошени
или оштетени. Заменуваjте ги
истрошените или оштетени
делови во стручен сервис само
во чифт за да се избегне
тресење.
Испорачаниот полнач е наменет
исклучиво за полнење на
акумулаторот што се користи во
уредот. Акумулаторот смее да се
полни само со овоj полнач.
Резервните делови и приборот
мораат да одговараат на
барањата кои што се утврдени
од производителот.
Затоа користете само
оригинални резервни делови/
додатоци или резервни делови/
додатоци одобрени од
производителот. Ве молиме
секогаш да внимавате на
дадените упатства за монтажа
при замената.
Употребата на резервни делови
или опрема коишто не се
одобрени од производителот
може да претставува значителен
безбедносен ризик.
212
Упатство за работа – Косилка за трева со бензински мотор
Поправките треба да ги
извршува исклучиво
квалификувани стручни
сервисери или да се изведуваат
во серивсна работилница.
Погрижете се за навремено
одржување за да го одржите
уредот во безбедна работна
состојба.
За време на работата со
уредот
При работа со или на уредот
мора да носите соодветна
работна облека, како на пример:
– Безбедносни ракавици,
– долги пантолони,
– тесно припиена облека,
– Заштита за ушите,
– Заштитни очила.
Носењето на лична заштитна
опрема го намалува ризикот од
повреди.
Избегнувајте да носите широка
облека или облека од која висат
врвки и ремени.
Работење без заштита за ушите
може да доведе до губење на
слухот.
И при носењето на заштитата за
ушите, често правете пауза од
работата за заштита на слухот.
Сите безбедносни механизми
мора секогаш да бидат
поставени на уредот целосно и
во беспрекорна состоjба.
Hе вршете промени на
безбедносните механизми.
Kористете го уредот само во
техничката состоjба што е
пропишана и испорачана од
производителот.
Hикогаш не менуваjте ги
однапред фабрички
дефинираните поставки на
моторот.
Избегнуваjте отворен пламен,
поjава на искри и не пушете.
Насоки за вибрации:
Вибрациите може да
предизвикаат оштетувања на
нервите и нарушување на
циркулирањето на крвта во
дланките и рацете.
– При работа во студени
средини, носете топла облека
и рацете нека ви бидат топли и
суви.
– Правете паузи.
– Доколку утврдите дека кожата
на прстите или на рацете е
сува, ве пецка, ве боли или е
побелена, прекинете да
работите со машината и
консултирајте се со лекар.
Пред изведување секаква
работа на овоj уред
За заштита од повреди при
секоjа работа (на пр. одржување
или дотерување) и транспорт
(на пр. подигнување или носење)
на овоj уред
– изгаснете го моторот,
– извлечете го клучот за палење
(ако има),
– почекаjте сите подвижни
делови целосно да доjдат во
мирување и моторот да се
излади,
– извлечете го приклучокот за
свеќичката за палење од
моторот, за да спречите
несакано стартување на
моторот,
– отстранете го акумулаторот за
стартување од моторот,
– внимаваjте на дополнителните
совети во прирачникот за
моторот.
По работењето со уредот
Hикогаш не го напуштаjте уредот
без да го изгаснете моторот и –
ако има – извлечете го клучот за
палење.
Безбедносни механизми
Слика 1
Опасност
!
Hикогаш не го користете уредот
со оштетени или без поставени
безбедносни механизми.
Безбедносен лак (1)
Безбедносниот лак служи за
ваша безбедност за веднаш да
го запрете моторот и резниот
механизам при итен случаj.
Hе смее да се врши обид за
заобиколување на неговата
функциjа.