Dremel 8050 MICRO Traduction De La Notice Originale page 183

Masquer les pouces Voir aussi pour 8050 MICRO:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 22
„почувствувате" в рака. Земете го в рака
и проценете ја неговата тежина и баланс.
Почувствувајте го конусот на куќиштето. Овој
облик овозможува алатот да го држите како
пенкало или молив.
ВАЖНО! Првин вежбајте на некој отпадок од
материјалот за да видите како работи алатот
при големи брзини. Имајте на ум дека Вашиот
мултифункционален алат најдобро ќе работи
при дозволена брзина, во комбинација со
исправниот Dremel прибор и приклучоци. Ако
е можно, немојте да го притискате алатот за
време на користењето. Наместо тоа, полека
спуштете го ротациониот прибор на работната
површина на местото на което сакате да
почнете со работа. Концентрирајте се на
тоа алатот да го водите по работното парче
користејќи многу мал притисок со раката.
Дозволете му на приборот да си ја изврши
својата работа.
Обично е подобро работата да се изврши со
алатот во повеќе фази, отколку да ја завршите
целата работа со едно поминување. Нежниот
допир Ви овозможува најдобра контрола и ја
смалува можноста од правење грешка.
ДРЖЕЊЕ НА АЛАТОТ
Алатот секогаш држете го свртен настрана
од Вашето лице. Приборот може да се
оштети за време на ракувањето и може да
се распадне на парчиња при голема брзина.
Кога го држите алатот, немојте со раката
да ги покривате отворите за вентилација.
Блокирањето на отворите за вентилација
може да предизвика прегревање на моторот.
За најдобра контрола кај деталните работи
држете го мултифункционалниот алат во раката
како пенкало помеѓу палецот и показалецот.
Методата на држење дршка за „голф" се
користи за потешки операции, какви што се
брусење или сечење.
ON/OFF (ВКЛУЧЕНО/ИСКЛУЧЕНО)
За да го вклучите алатот, притиснете го и
пуштете го копчето за вклучување/исклучување
E. Алатот ќе почне да работи со 15.000 врт/
мин и ќе се вклучи предното LED-светло.
Едноставно притиснете 3 пати на синото
копче минус (–) F и предното LED-светло ќе
се исклучи.
Во тој момент брзината на алатот ќе се постави
на 5.000 врт/мин.
За да го вклучите повторно предното LED-
светло, едноставно исклучете го и повторно
вклучете го алатот.
За да го исклучите алатот, притиснете го
и пуштете го копчето E за вклучување/
исклучување.
Ако од некои причини прекинувачот за
вклучување/исклучување не функционира,
исклучете го алатот следејќи ги следниве
методи:
притискајте на синото копче минус (–) F, за
да ја намалите брзината на најмало ниво
(5.000 врт/мин)
држете 5 секунди на синото копче минус
(–) F
ЕЛЕКТРОНСКИ МОНИТОРИНГ
Вашиот алат е опремен со интерен
електронски систем за надгледување кој
овозможува „мек старт", кој ги намалува
A q
ударите што се случуваат поради стартот
со висок вртежен момент. Системот исто
така помага да се максимизира учинокот
на моторот и на батеријата со смалување
на напонот според алатот, кога ќе дојде до
блокада (види го делот „Заштита од блокада").
Моторот и патронот со батеријата се штитат со
смалување на напонот според моторот во овие
ситуации.
РАБОТНИ БРЗИНИ
Брзината може да се нагодува за време на
работење со притискање на сините копчиња F,
плус (+) или минус (-).
Брзината ќе се зголемува или намалува со
чекор од 5.000 врт/мин, од минимална 5.000 до
максимална 28.000 врт/мин.
LED-светлата I ќе се палат според поставената
брзина.
Секогаш кога ќе се исклучи алатот, брзината се
враќа на средно ниво (15.000 врт/мин).
За да ја изберете соодветната брзина
за секој вид работа, користете парче од
материјалот за вежбање.
Погледнете ја табелата на стр. 6-7 за да ја
одредите соодветната брзина за материјалот
на кој ќе работите и додатокот што ќе го
користите.
Немојте да пречекорувате 15.000 врт./мин. кога
користите жичени четки.
Повеќето операции можат да се извршат
ако алатот го подесите на највисок степен.
Меѓутоа, извесни материјали (некои видови
пластика и метали) можат да се оштетат
бидејќи високата брзина се ослободува
9
топлина, и мораат да се обработуваат со
релативно мали брзини. Работењето со
мали брзини (15.000 врт./мин. или помалку)
обично е најдобро за полирање со прибор за
полирање со филц. Сите работи на четкање
вршете ги со помали брзини за да го спречите
испаѓање на парчиња жица од лежиштето на
четката. Дозволете му на алатот да ја завршат
работата за Вас кога користите помала брзина.
Повисоките брзини се посоодветни за тврдо
дрво, метал и стакло, како и за дупчење,
резбање, сечење, гравирање и врежување
жлебови во дрво.
Некои упатства во врска со брзината на
алатот:
Пластиката и останатите материјали кои се
топат на ниски температури, треба да се
режат при ниски брзини.
Полирањето, гланцањето и чистењето со
жичена четка мора да се прави при брзини
кои не се поголеми од 15.000 врт./мин., за
да се спречи оштетувањето на четката и на
вашиот материјал.
Дрвото треба да се сече со висок број на
вртежи.
Железото или челикот треба да се сечат со
висок број на вртежи.
Доколку ножот од брзорезен челик почне
да вибрира, тоа обично значи дека работи
со премал број на вртежи.
Aлуминиум, легури од бакар, од олово,
цинк и калај може да се сечат при
различни брзини, во зависност од видот
на сечењето. Користете парафин (не
183
A a

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières