Dremel 8050 MICRO Traduction De La Notice Originale page 178

Masquer les pouces Voir aussi pour 8050 MICRO:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 22
ги понастрана од подвижните делови.
Широката облека, накитот или долгата
коса можат да се заплеткаат меѓу
подвижните делови.
g. Ако на уредите е прикачен вшмукувач
на прашина, проверете дали се добро
споени и дали правилно се користат.
Користењето собирач на прашина може
да ги намали опасностите предизвикани
од прашина.
КОРИСТЕЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ НА
ЕЛЕКТРИЧНИОТ АЛАТ
a. Немојте да го форсирате електричниот
алат. Користете соодветен електричен
алат кој е потребен за Вашата дадена
ситуација. Со соодветниот електричен
алат подобро и побезбедно ќе ја
завршите работата за која е дизајниран.
b. Немојте да го користите електричниот
алат доколку не работи прекинувачот
on/off. Секој електричен алат којшто
не може да се контролира со помош
на прекинувач, е опасен и мора да се
поправи.
c. Исклучете ја приклучницата од штекерот
и/или батеријата од електричниот
алат пред да правите било какви
подесувања, пред да го менувате
приборот или пред да го одложите
алатот. Ваквите превентивни мерки на
безбедност го смалуваат ризикот од
случајно вклучување на електричниот
алат.
d. Чувајте го алатот подалеку од дофатот
на деца и не дозволувајте им на лицата
кои не се упатени во алатот или во
овие упатства да ракуваат со алатот.
Електричните алати можат да бидат
опасни во рацете на корисници кои не се
обучени.
e. Одржувајте ги електричните алати.
Проверете дали спојните или
подвижните делови се добро нагодени,
дали деловите се во исправна состојба,
и сите други услови кои би можеле да
влијаат врз работата со електричниот
алат. Ако алатот е оштетен, дајте го на
поправка пред повторната употреба.
Многу несреќи биле предизвикани од лошо
одржуван електричен алат.
f.
Алатот за сечење одржувајте го остар и
чист. Кога правилно се одржува алатот
за сечење со остри рабови за сечење,
помала е веројатноста тој да се заглави
и полесно се контролира.
g. Електричниот алат, приборот и бургиите
користете ги во согласност со овие
упатства, земајќи ги предвид работните
услови и работата што треба да се
заврши. Употребата на електричниот
алат за работи коишто тој не е
предвиден, може да предизвика опасни
ситуации.
КОРИСТЕЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ НА АЛАТОТ
НА БАТЕРИИ
a. Полнете само со помош на полнач
којшто го препорачува производителот.
Полначот кој одговара за еден вид
батерии може да предизвика пожар ако се
користи со друг вид батерии.
b. Користете го електричниот алат само
со специфично дизајнираните батерии.
Употребата на било кој друг вид батерии
може да предизвика ризик од повреди и
пожар.
c. Кога батериите не се користат, држете
ги настрана од други метални предмети
какви што се спојки, метални пари,
клучеви, клинови, шрафови или други
ситни метални предмети кои можат
да предизвикаат спојување на едниот
приклучок на батеријата со другиот.
Краткото спојување на приклучоците
на батериите може да предизвика
изгореници или пожар.
d. Во случај на ненаменска употреба,
течноста може да истече од батеријата;
избегнувајте контакт. Ако дојде до
случаен контакт, измијте се со вода.
Ако течноста дојде во контакт со очите,
побарајте медицинска помош. Течноста
која истекла од батериите може да
предизвика иритација или изгореници.
СЕРВИС
a. Вашиот електричен алат нека го
сервисира квалификуван сервисер
со користење само на идентични
резервни делови. На овој начин ќе се
обезбеди одржување на сигурноста на
електричниот алат.
БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА ЗА
СИТЕ ВИДОВИ ОПЕРАЦИИ
БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА КОИ СЕ
ВООБИЧАЕНИ ЗА БРУСЕЊЕ, ШМИРГЛАЊЕ,
ЧЕТКАЊЕ СО ЖИЦА, ПОЛИРАЊЕ,
РЕЗБАЊЕ ИЛИ АБРАЗИВНО СЕЧЕЊЕ
a. Овој електричен алат е наменет за
употреба при глодање, брусење,
работење со жичена четка, полирање
или сечење. Прочитајте ги сите
безбедносни предупредувања, упатства,
илустрации и спецификации кои се
приложени со овој алат. Доколку не
се почитуваат сите долунаведени
упатства, може да дојде до електричен
шок, пожар и/или сериозни повреди.
b. Не користете прибор кој не е специјално
дизајниран и препорачан од страна
на производителот на алатот. Самото
тоа што на Вашиот алат може да се
приклучи прибор не значи дека е осигурено
и безбедно работење.
c. Номиналната брзина на приборот за
брусење мора да биде поголема или
еднаква на максималната брзина што
е означена на алатот. Приборот за
брусење кој работи со брзина поголема од
неговата номинална брзина, може да се
скрши и да се разлета.
d. Надворешнот пречник и дебелината
на Вашиот прибор мора да бидат во
рамките на капацитетот на Вашиот
електричен алат. Приборот со неисправна
големина не може да соодветно да се
контролира.
e. Големината на вретеното на шајбната,
на добошите за брусење или на кој
178

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières