Télécharger Imprimer la page

Stiga HT 48 Li Manuel D'utilisation page 149

Masquer les pouces Voir aussi pour HT 48 Li:

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 104
• Не работете во простории каде што постои
ризик од експлозии од разни запаливи
течности, гас или прашина. Електричните
уреди предизвикуваат искри кои може
лесно да ја запалат прашината или чадот.
• Не го користите уредот во
влажна средина, бидејќи постои
ризик од електричен удар.
• Не го користите уредот со мокри раце.
• Не дозволувајте уредот да го
користат деца или лица кои не се
обучени за неговото користење
• Секогаш користите заштита
за очите, соодветни чевли за
нозете, заштитни очила и облека
додека го користите уредот .
• Носете заштитна маска за лицето
доколку работите на терен каде
што има многу прашина.
• Носете соодветна облека. Не носете
широка облека или накит кој може
лесно да се зафати во движечките
делови на уредот. Препорачливо е да
користите гумени ракавици, соодветни
обувки и долги панталони кога
работите во надворешна средина.
• Носете заштита за косата за да ја
заштитите долгата коса да не се
зафати во отворите за воздушна
вентилација и да не се заглави во
движечките делови на уредот.
• Секогаш поставувајте го заштитниот дел
на сечилото кога го пренесувате уредот.
• Секогаш внимавајте на околината
и на можните ризици кои можеби
не може да ги забележите поради
буката која ја прозиведува уредот.
• Секогаш редовно проверувајте дали
алатите или клучевите кои се користат
за прилагодување се отстранети
од уредот пред да биде вклучен.
• Prima di utilizzare l'apparecchio, accertarsi
sempre che le impugnature e i sistemi di
protezione siano stati installati.
• Секогаш проверувајте дали дршките
и одбојниците се добро поставени
додека го користите уредот.
• Никогаш не се обидувајте да го
користите уредот доколку не е целосно
составен или доколку на него се
направени неовластени измени.
• Нивото на вибрации за време на
користењето на уредот може да се
разликува од прикажаната целосна
вредност во зависност од начинот на кој
уредот се користи. Забележано е дека
вибрациите од алатите кои рачно се
користат, кај некои лица може да доведе
до медицинска состојба позната под
називот Raynaud синдром. Симптомите
вклучуваат пецкање, здрвеност и
побелување на прстите, особено на ладни
временски услови. Наследните фактори,
изложеноста на студ и влага, пушењето
и работните навики придонесуваат кон
развојот на наведените симптоми. До
сега е непознато кои, и дали воопшто,
изложеноста на вибрации може да
доведе до развојот на оваа состојба.
Постојат мерки кои може да се преземат
од страна на корисникот за да се
намалат влијанијата од вибрациите:
• Затоплувајте го телото за време на ладни
временски услови. Додека го користите
уредот, носете ракавици за да ги
затоплите рацете и зглобовите. Утврдено
е дека ладното време е најголемиот
фактор за развој на Raynaud синдромот.
• После секое користење, вежбајте за да ја
зголемите циркулацијата на крвотокот.
• Правете чести паузи додека
работите. Намалете го периодот
на изложеност на дневно ниво.
Доколку забележите било кој од
овие симптоми, веднаш престанете
со користењето на уредот и
обратете се до Вашиот доктор.
ЗА ВРЕМЕ НА КОРИСТЕЊЕТО
• Не го користете тримерот доколку
предната рачка не е поставена.
Држете ги двете раце на дршката
додека го користите уредот.
• Никогаш не го пренесувајте уредот со
прстот поставен на копчето за вклучување
за да избегнете несакано стартување.
• Бидете претпазливи и внимавајте
на активностите кои ги вршите.
Разумно проценувајте за време
на работата со уредот
• Носете дебели и долги панталони,
заштитни обувки и ракавици кои
ви одговараат според големината.
Немојте да носите кратки панталони,
сандали или да работите без обувки.
• Немојте да работите на терен со слабо
осветлување. Користете го уредот
за време на дневна светлина или при
добро вештачко осветлување.
• Немојте да посегнувате или да стоите
на нестабилен терен. Внимавајте како
чекорите и одржувајте рамнотежа
постојано. Немојте да го користите
уредот додека стоите на скеле.
• Користете го уредот соодветно според
неговиот капацитет. Уредот ќе работи
подобро и ќе постои помала опасност
од повреди доколку се користи за
намената за која е произведен.
4

Publicité

loading