Télécharger Imprimer la page

AEG WS 7-125 Notice Originale page 61

Publicité

вашиот електро-алат. Приборите со несоодветна димензија
не можат да бидат соодветно заштитени или контролирани.
ѓ) Навоите на деловите од приборот мора да се
совпаѓаат со навојот на осовината за брусење. Кај
деловите од приборот кои што се приспојуваат,
бушењето за трнот за натегнување во делот од
приборот мора да се совпаѓа со пресекот на
фланшот за локализирање. Делови од приборот кои
што не пасуваат на монтажниот трн на апаратот, работат
ексцентрично, вибрираат прекумерно силно и можат да
доведат до загуба на контролата врз орудието.
е) Не употребувајте оштетен прибор. Пред секоја употреба
извршете контрола, како на пример на дисковите за
брусење по однос на расцепи и пукнатини, на подножјата
за брусење по однос на пукнатини, изабаност или голема
искористеност, на четките со жици по однос на лабави или
скршени жици. Ако електро-алатот или приборот паднат,
проверете, дали тие се оштетени или употребете
неоштетен прибор. Ако приборот сте го провериле и го
употребувате, тогаш вие и лицата, кои се наоѓаат во
близина, треба да бидете вон доменот на ротирачкиот
прибор и оставете го приборот да работи една минута со
максимален број на вртежи. Оштетениот прибор најчесто се
крши во овој тест-период.
ж) Носете опрема за лична заштита. Зависно од
употребата, користете целосна визуелна заштита, заштита
за очите или заштитни очила. Доколку е потребно, носете
маска за заштита од прашина, заштита за ушите, заштитни
ракавици или специјална престилка, со која се
заштитувате од ситни честички од шлајфувањето и од
материјалот. Очите треба да бидат заштитени од страни тела
што се разлетуваат наоколу, а кои настануваат при различни
употреби. Заштита маска од прашина и за дишење мора да ја
филтрираат прашината што се создава при работата. Доколку
сте подолго време изложени на гласна бучава, тоа може да
предизвика губење на слухот.
з) Кај лицата што стојат во близина внимавајте на тоа да
се почитува безбедно растојание од вашиот делокруг на
работа. Секој што ќе пристапи во делокругот на работа,
мора да носи опрема за лична заштита. Можат да се
разлетаат парчиња од работниот материјал или од скршен
прибор и да предизвикаат повреди, исто така и надвор од
директниот делокруг на работа.
ѕ) Фаќајте го електро-алатот само на изолирани површини
за држење, додека извршувате работи, кај кои приборот
може да погоди сокриени струјни водови или сопствениот
кабел за напојување со струја. Контактот со водови што
спроведуваат напон, става и метални делови од електро-
апаратот под напон и доведува до електричен удар.
и) Кабелот за напојување со струја чувајте го настрана од
прибор што се врти. Доколку ја изгубите контролата над
електро-алатот, кабелот за напојување со струја може да се
исече или да се закачи и вашата рака или вашата дланка да
бидат повлечени во приборот што се врти.
ј) Никогаш не оставајте го електро-алатот, додека тој не
постигне состојба на комплетно мирување. Електро-алатот
што се врти може да дојде во контакт со површината, на
којашто се остава, а на тој начин можете да ја изгубите
контролата над електро-алатот.
к) Не оставајте го електро-алатот да работи додека го
носите. Вашата облека може да биде закачена преку случаен
контакт со приборот што се врти, при што тој може да навлезе
во вашето тело.
л) Редовно чистете го отворот за проветрување на вашиот
електро-алат. Вентилаторот на моторот влече прашина во
куќиштето, а големо насобирање на метална прашина може да
предизвика електрични опасности.
љ) Не употребувајте го електро-алатот во близина на
материјали што горат. Таквите материјали можат да се
запалат од искри.
м) Не употребувајте прибор, за којшто се потребни течни
средства за ладење. Употребата на вода или на други течни
средства за ладење може да доведе до електричен удар.
120
МАКЕДОНСКИ
Повратен удар и референтни безбедносни упатства
Повратниот удар претставува неочекувана реакција како
последица на заглавен или блокиран прибор што се врти, како
на диск за брусење, подножје за брусење, четка со жица итн.
Заглавувањето или блокирањето доведува до неодложно
стопирање на ротирачкиот прибор. На тој начин
неконтролираниот електро-алат се забрзува во спротивна
насока од насоката на вртење на приборот во точката на
спојување.
Доколку, на пример, диск за брусење е заглавен или блокиран
во материјалот, работ на дискот за брусење што навлегува во
материјалот, може да се закачи и на тој начин да дојде до
излегување на дискот или да се предизвика повратен удар. Во
таков случај дискот за брусење се движи или кон операторот
или настрана од него, зависно од насоката на вртење на
дискот во точката на спојување. Притоа дисковите за брусење
можат исто така и да се скршат.
Повратен удар претставува последица од погрешна или
неисправна употреба на електро-алатот. Тој може да биде
избегнат со соодветни мерки на претпазливост, како што се
опишани подолу.
а) Држете го електро-алатот цврсто и поставете ги вашето
тело и вашите раце во позиција, со која ќе можете да
дадете отпор на силите од повратиот удар. Секогаш
употребувајте ја додатната рачка, доколку постои, за да
можете да имате максимална можна контрола над силите
од повратниот удар или на моментите на реакција при
пуштање во работа. Операторот може да ги контролира
силите на повратниот удар и реакционите сили со преземање
соодветни мерки на претпазливост.
б) Никогаш не поставувајте ја вашата рака во близина на
прибор што се врти. Во случај на повратен удар, приборот
може да биде исфрлен врз вашата рака.
в) Избегнувајте го со вашето тело местото, во кое
електро-алатот се движи во случај на повратен удар.
Повратниот удар го води електро-алатот во спротивна насока
од насоката на движење на дискот за брусење на местото за
спојување.
г) Работете особено внимателно кај агли, остри рабови
итн. Спречувајте ситуации, во кои приборот се одбива од
и заглавува во материјалот за обработка. Кај агли, остри
рабови или во случај на одбивање ротирачкиот прибор е склон
кон заглавување. Тоа предизвикува губење на контролата или
повратен удар.
д) Не употребувајте ланчан диск или забест диск за
сечење. Таквиот прибор честопати предизвикува повратен
удар или губење на контролата над електро-алатот.
Специјални безбедносни упатства за шлајфување и
шлајфување со делење
a) Употребувајте ги исклучително алатите за брусење што
се одобрени за вашиот електро-алат како и заштитната
капа што е предвидена за таквите алати за брусење. Алати
за брусење, коишто не се предвидени за електро-алатот, не
можат да бидат доволно заштитени и се несигурни.
б) На косо сечени листови за стружење мора да
бидат монтирани на тој начин што нивната површина
за стружење нема да излегува надвор од нивото на
работ на заштитната хауба. Нестручно монтиран диск
за стружење кој што излегува надвор од нивото на работ
на заштитната хауба не може да биде доволно
заштитен.
в) Секогаш употребувајте ја заштитната капа што е
предвидена за употребуваниот тип на алат за брусење.
Заштитната капа мора да биде сигурно поставена на
електро-алатот и да биде така нагодена, што ќе се постигне
максимално ниво на безбедност, тоа значи најмал дел од
алатот за брусење да е насочен кон операторот.
Заштитната капа треба да го штити операторот од парчиња и
од случаен контакт со телото за брусење.
г) Телата за брусење смеат да се употребуваат само за
препорачаните можности за употреба. На пример: никогаш
не брусење со страничната површина од диск за делење.
Дисковите за делење се наменети за отстранување на
материјал со работ на дискот. Дејството на странична сила врз
овие тела за брусење може да ги скрши истите.
д) Секогаш употребувајте за дисковите за брусење што сте
ги одбрале неоштетени фланши за стегање, со исправна
големина и форма. Соодветните фланши го заштитуваат
дискот за брусење и на тој начин ја намалуваат опасноста од
кршење на дискот за брусење. Фланшите за дискови за
делење можат да се разликуваат од фланшите за други
дискови за брусење.
ѓ) Не употребувајте искористени дискови за брусење од
поголеми електро-алати. Дисковите за брусење за поголеми
електро-алати не се погодни за повисоките броеви на вртежи
кај помалите електро-алати и можат да се скршат.
Други специјални безбедносни упатства за брусење
со делење:
а) Избегнувајте заглавување на дискот за делење или
премногу висок контактен притисок. Не изведувајте
претерано длабоки засеци. Преоптоварувањето на дискот за
делење го зголемува неговиот напор и чувствителноста за
извртување или блокирање, а со тоа и на можноста за
повратен удар или за кршење на телото за брусење.
б) Избегнувајте го доменот пред и зад ротирачки диск за
делење. Доколку дискот за делење го движите во материјалот
за обработка во насока подалеку од себе, во случај на
повратен удар електро-алатот со дискот што се врти, може да
се насочи директно кон вас.
в) Доколку дискот за делење се заглави или доколку
прекинете со работа, исклучете го електро-алатот и држете
го мирно сè додека дискот не постигне состојба на
мирување. Никогаш не обидувајте се, да го извлечете
дискот од засекот додека се врти, во спротивно може да
дојде до повратен удар. Констатирајте и отстранете ја
причината за заглавувањето.
г) Не вклучувајте го електро-алатот повторно, сè додека
истиот се наоѓа во материјалот за обработка. Дозволете
дискот да го достигне целиот број на вртежи, пред
внимателно да го продолжите сечењето. Во спротивно
дискот може да заглави, да отскокне од материјалот за
обработка или да предизвика повратен удар.
д) Потпрете ги плочите или големите материјали за
обработка, за да го намалите ризикот од повратен удар
како резултат на заглавен диск за делење. Големи
материјали за обработка може да свијат како последица на
својата тежина. Материјалот за обработка мора да биде
потпран на двете страни и тоа како во близина на засекот за
делење така и на работ.
ѓ) Бидете особено внимателни при „сечење џебови" кај
ѕидови или во други непрегледни области. Дискот што
навлегува може да предизвика повратен удар при сечење во
гасоводи или водоводи, понатаму во електрични водови или
други објекти.
Специјални безбедносни упатства за мазнење со
хартија за шмирглање:
a) Не употребувајте прекудимензионирани листови за
мазнење. Следете ги податоците на производителот по
однос на големината на листот за мазнење. Листови за
шмирглање што зјаат надвор од подлогата за мазнење, можат
да предизвикаат повреди како и блокирање, кинење на
листовите или да доведат до повратен удар.
Специјални безбедносни упатства во врска со работата со
четките со жица:
a) Внимавајте на тоа, дека четката со жица во текот на
вообичаената употреба губи парчињ од жицата. Не ги
преоптоварувајте жиците со премногу голем притисок на
допир. Парчиња од жицата што се разлетуваат можат да
навлезат низ тенка облека и/или во кожата.
б) Доколку е препорачана заштитна капа, спречете да
дојде до можност за допир помеѓу заштитната капа и
четката со жица. Кај четките со подножје и за четкање може
да дојде до зголемување на нивниот дијаметар како резултат
на притисокот при допир и на центрифугалните сили.
Останати безбедносни и работни упатства
При глодање на метал, се создаваат летечки искри.
Погрижете се луѓето да не бидат загрозени. Поради
ризик од пожар, запалливи матери не смеат да бидат
лоцирани во близина (зона на искрење). Не користете
издув за прав.
Избегнувајте искри и прашина од брусењето да го
погодат телото.
Никогаш не посегнувајте во зоната на опасната работна
површина при вклучена машина.
Во случај на значителни вибрации или појава на други
неправилности веднаш исклучете ја машината со цел да
ја најдете причината за нив.
При екстремни услови на работа (на пр. кај глатко
брусен метал со потпорни тањири и дискови од
вулканизирани влакна за брусење) може да се наталожи
силен талог на нечистотија во внатрешноста на аголната
брусилица (метални наталожувања). Под вакви работни
услови поради безбедносни причини потребно е
претходно вклучување на заштитниот прекинувач на
струјата на дефектот. После реагирање на
FI-заштитниот прекинувач машината мора да се испрати
на oдржување.
Прашината и струготините не смеат да се одстрануваат
додека е машината работи.
ГЛАВНИ ВРСКИ
Да се спои само за една фаза АС коло и само на
главниот напон наведен на плочката. Можно е исто така
и поврзување на приклучок без заземјување доколку
изведбата соодветствува на безбедност од 2 класа.
Уредите кои се користат на многу различни локации
вклучувајки и отворен простор мора да бидат поврзани
за струја преку направата за поврзување (FI, RCD,
PRCD).
Вклучувањето на кабелот во струја се прави исклучиво
машината е исклучена.
Не дозволувајте какви и да се метални делови да дојдат
до отворите за вентилација-ризик од куршлус!
предизвикува краткотрајни падови на напонот. При
неповолни услови на напојување, останатата опрема
може да биде оштетена. Дококу отпорот на системот на
снабдувањето е помал од 0,2Оhm, мала е веројатноста
за појава на пречки.
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Аголната брусилка се употребува за делење и брусење
согребење (грубо гребење) на голем број материјали
како например на метал или камен, како и за мазнење
на подлогиза мазнење на пластика и за работа со четка
со челичнажица. Во секој случај почитувајте ги упатствата
напроизводителите на приборот.
За работи со делење употребувајте ја заштитната капа од
програмата за прибор.
Во секој случај почитувајте ги упатствата
напроизводителите на приборот.
Eлектричното орудие е прикладно само за сува обработка.
РАБОТНИ УПАТСТВА
За алатите кои се наменати за опремување со шилесто
тркало за дупчење, осигурете се дека жицата во тркалото е
доволно долга за да ја прифати должината на вретеното.
Сечени и брусени плочи да се употребуваат и чуваат
секогаш према податоците на производителот.
Во случај на груба обработка и пресекување секогаш се
работи со заштитна капа.
При расцепување на камен мора да биде користена
подлошка водилка!
Коленчестите плочи за стругање мора да бидат монтирани
на тој начин, што нивната клизна површина ќе завршува
барем 2 мм под рамнината на работ на заштитната капа.
МАКЕДОНСКИ
121

Publicité

loading