180 | Македонски
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
u
Правта лесно може да се запали.
Заштитен капак (опрема) (види слика D)
Монтирајте го заштитниот капак (16), пред да го
приклучите електричниот алат на всисувач за прашина.
Ставете го заштитниот капак (16) на електричниот алат на
тој начин што држачите ќе се вклопат на заштитата од
допир (11).
Извадете го заштитниот капак (16) за работење без
всисувач за прашина како и за сечење под агол.
Извлечете го заштитниот капак нанапред од заштитата на
допир (11).
Приклучување на всисувач за прав (опрема)
(види слики E−F)
Поставете ги млазниците за всисување (17) во
вдлабнатините на основната плоча (9).
Внимавајте запците да се вклoпат во млазниците за
всисување, како што е прикажано на сликата E во
соодветниот на основната плоча (9).
Ставете едно црево за всисување (18) на млазниците за
всисување (17). Поврзете го цревото за всисување (18)
со всисувач за прашина (опрема).
Прегледот за приклучување на различните видови на
всисувачи за прашина ќе го најдете на крајот од ова
упатство.
За оптимално всисување, по можност поставете ја
заштитата од кинење (15).
Всисувачот за прашина мора да е соодветен на
материјалот на парчето што се обработува.
При всисување на особено опасни по здравје,
канцерогени или суви честички прав, користете
специјален всисувач.
Употреба
Начини на работа
Пред секое работење на електричниот алат (на пр.
u
одржување, промена на алатот итн.) извадете ја
батеријата од електричниот алат. При невнимателно
притискање на прекинувачот за вклучување/
исклучување постои опасност од повреди.
Подесување на осцилации
Осцилациите што се подесуваат на четири нивоа
овозможуваат оптимално прилагодување на брзината,
капацитетот и сликата на сечење на материјалот што се
обработува.
Со рачката за подесување (8) можете да ги поставите
осцилациите и за време на работата.
Ниво 0
нема осцилации
1 609 92A 9K1 | (20.06.2024)
Ниво I
мали осцилации
Ниво II
средни осцилации
Ниво III
големи осцилации
Оптималниот степен на осцилирање за односната
примена може да се одреди со практичен обид. Притоа
важат следните препораки:
– Доколку го изберете степенот на осцилирање што
помал одн. целосно го исклучите, толку ќе биде
подобар и почист исечениот раб.
– При обработка на тенки материјали (на пр. лимови)
исклучете го осцилирањето.
– Кај тврди материјали (на пр. челик) работете со мало
осцилирање.
– Кај меки материјали и при сечење на дрво може да се
работи со максимално осцилирање.
Подесување на аголот на закосување (види слика G)
Основната плоча (9) може да се навали кон десно или
кон лево за сечење под агол до 45°.
Заштитниот капак (16) и заштитата од кинење (15) не
можат да се вметнат при сечење со закосување.
– Лесно притиснете ги нагоре млазниците за
всисување (17) и извадете ги од основната плоча (9).
– Извадете ги заштитниот капак (16) и заштитата од
кинење (15).
– Олабавете ја завртката (19) со внатрешен шестаголен
клуч (4) и вметнете ја лесно основната плоча
докрај (9) во правец на листот за пилата (10).
– За подесување на прецизен агол на косо сечење,
основната плоча од десната и левата страна има точки
за вклопување на 0° и 45°. Навалете ја основната
плоча (9) согласно скалата (20) во саканата позиција.
Другите сечења под агол може да се подесат со помош
на агломер.
– Потоа притиснете ја основната плоча (9) докрај во
правец на батеријата.
– Повторно затегнете ја завртката (19).
Ставање во употреба
Вклучување/исклучување
За Вклучување на електричниот алат прво притиснете
покрај симболот
на блокадата при вклучување (2) и
со тоа ќе ја деактивирате. Потоа притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (3) и држете
го притиснат.
Работната светилка свети при малку или целосно
притиснат прекинувач за вклучување/исклучување (3) и
овозможува осветлување на работното поле при услови
на слаба осветленост.
Не гледајте директно во него, може да ве заслепи.
u
За исклучување на електричниот алат отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (3). За да ја
активирајте блокадата при вклучување (2), притиснете
покрај симболот на блокадата при вклучување .
Bosch Power Tools