расположливата јачина меѓу сите рингли
(поврзани со истата фаза). Плочата за
готвење ги контролира поставките за
јачина на топлината за да ги заштити
осигурувачите на инсталацијата во куќата.
• Ринглите се групирани според местото
и бројот на фазите на плочата за
готвење. Секоја фаза има максимално
електрично напојување од 3680W. Ако
плочата за готвење го достигне
ограничувањето на максималната
достапна јачина во една фаза, јачината
на ринглите автоматски се намалува.
• За ринглите кои имаат намалена јачина,
контролната плоча ги покажува само
максималните можни јачини на
топлина.
• Ако повисока поставка за јачина не е
достапна намалете ја прво за другите
рингли.
6. ПОМОШ И СОВЕТИ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Видете во поглавјата за заштита и
сигурност.
6.1 Садови за готвење
За индуктивни рингли, силно
електромагнетно поле ја создава
топлината во садовите за готвење
многу брзо.
Користете ги индуктивните рингли со
соодветни садови за готвење.
• За да се спречи прегревање и да се
подобри работата на ринглите,
садовите за готвење мора да бидат што
е можно подебели и рамни.
• Осигурете се дека дното на садовите за
готвење се чисти и суви пред да ги
ставите на површината на плочата за
готвење.
• Секогаш внимавајте да не го лизгате
или триете садот за готвење на
рабовите и аглите на стаклото бидејќи
може да се скрши или оштети
стаклената површина.
282
МАКЕДОНСКИ
• Активирањето на функцијата зависи од
бројот и големината на тенџерињата.
Погледнете ја илустрацијата за можни
комбинации при кои јачината може да се
дистрибуира меѓу ринглите.
Материјал на садовите за готвење
• погоден: лиено железо, челик,
емајлиран челик, челик што не `рѓосува,
повеќеслојно дно (означено како
погодно од производителот).
• непогоден: алуминиум, бакар, бронза,
стакло, керамика, порцелан.
Садовите за готвење се погодни за
индуктивната плоча за готвење ако:
• водата врие многу брзо на рингла
поставена на највисоката поставка за
јачина на топлината.
• магнет се привлекува на дното на садот
за готвење.
Димензии на садовите за готвење
• Индуктивните рингли автоматски се
прилагодуваат на димензиите на дното
на садот за готвење. Видете во
„Технички податоци" > „Спецификација
за рингли" за правилни димензии на
садовите за готвење. Ставете го садот
за готвење директно во центарот на
одбраната рингла.
• Ефикасноста на ринглата е поврзана со
дијаметарот на садот за готвење. За
оптимален пренос на топлина користете
сад за готвење со дијаметар на дно
сличен на големината на ринглата