Користење на производот
6.5 Оддел за свежа храна
со контрола на влага
(EverFresh+)
*Може да не е достапен во сите
модели
Благодарение на одделот за свежа
храна со контролирана влажност,
зеленчукот и овошјето може да се
чуваат подолг период во средина
со идеални услови за влажност.
Со системот за поставување на
влажноста со 3 опции во одделот за
свежа храна, можете да управувате
со степенот на влажност внатре во
одделот во зависност од храната
што ја чувате. Ви препорачуваме да
ја чувате храната со избирање на
опцијата за зеленчук кога складирате
само зеленчук, опцијата за овошје
кога складирате само овошје и
мешаната опција кога складирате
мешана храна.
Препорачуваме зеленчукот и
овошјето да не се чуваат во ќеси за
да се зголеми периодот на чување на
храната и за подобро да се искористи
системот за контрола на влажноста.
Ако ги оставите во пластични кеси,
зеленчуците ќе скапат за кусо време.
Препорачуваме особено краставиците
и брокулата да не се чуваат во
затворени ќеси. Во ситуации во кои
не се препорачува контакт со други
зеленчуци, користете материјали
за пакување како хартија што има
одредено ниво порозност, во смисла
на хигиената.
Кога ги ставате зеленчуците, ставете
ги тешките и тврди зеленчуци на
дното, а лесните и меките горе, имајќи
ја предвид специфичната тежина на
зеленчуците.
Не ставајте овошје кое произведува
голема количина на етиленски гас,
Фрижидер/Упатство за употреба
како што се крушата, кајсијата,
праската и особено јаболката, во
истиот оддел за свежа храна со
други зеленчуци и овошја. Етиленот
што доаѓа од овие овошја може да
предизвика други зеленчуци и овошја
да созреат побрзо и да скапат побрзо.
6.6 Сино светло/HarvestFresh
(Тазе набрано)
*Може да не е достапен во сите
модели
За Сино светло,
Зеленчукот и овошјето складирани
во одделите за свежа храна
осветлени со сина светлина
продолжуваат да вршат фотосинтеза
и ги задржуваат своите нивоа на Ц
витамин благодарение на ефектот
на брановата должина на сината
светлина.
За HarvestFresh (Тазе набрано),
Зеленчукот и овошјето складирани во
одделите за свежа храна осветлени
со технологијата HarvestFresh ги
задржуваат своите нивоа на витамини
(витамини А и Ц) подолг период
благодарение на циклусите на сино,
зелено, црвено светло и мрак што
симулираат циклус на денот.
Кога вратата од Вашиот фрижидер
е отворена за време на мрачниот
период на технологијата HarvestFresh,
Вашиот фрижидер автоматски ќе
го почувствува ова и ќе го осветли
одделот за свежа храна со едно од
сините, зелени или црвени светла
соодветно со Вашите потреби.
Мрачниот период ќе се продолжи
кога ќе ја затворите вратата од
фрижидерот, така што тоа ќе го
претставува ноќниот период од
дневниот циклус.
23 /34 MK