Télécharger Imprimer la page

Beko GN163241XBN Manuel D'utilisation page 233

Publicité

1
Упатства за безбедност
• Во овој дел се дадени упатства
за безбедност потребни за
спречување на ризик од повреда и
материјална штета.
• Нашата компанија нема да преземе
одгворност за штетите кои можат
да настанат ако не се почитуваат
овие упатства.
Инсталирањето и поправањето
секогаш треба да ги прави овластен
сервис.
Секогаш користете оригинални
резервни делови и додатоци.
Оригиналните резервни делови
ќе ги имате 10 години по датумот на
купување на производот.
Не поправајте и не заменувајте
дел од производот освен ако тоа не
е јасно наведено во упатството за
употреба.
Не правете никакви измени на
производот.
1.1 Цел на употреба
• Производот не е соодветен за
комерцијална употреба и не смее
да се користи за други цели од
наменетата.
Производот не е наменет за
користење во интериери, како на
пример домаќинства и слично.
На пример:
- во кујните за персоналот во
продавници, канцеларии и други
Фрижидер/Упатство за употреба
работни средини,
- во фарми,
- во делови од хотели, мотели и
други слични објекти кои ги користат
клиентите,
- во хостели или слични средини,
- за кејтеринг и слични
немалопродажни примени.
Овој производ не треба да се користи
на отворени или во затворени
надворешни средини како што
се бродови, балкони или тераси.
Изложувањето на производот на
дожд, снег, сончева светлина или
ветар може да претставува ризик од
електричен инцидент.
1.2 Безбедност на
деца, ранливи личности
и миленици
• Овој уред може да го користат деца
од 8-годишна возраст и лица со
намалени физички, сензорни или
ментални капацитети или лица
кои немаат искуство и знаење,
под услов да имаат надзор или
упатства во врска со користењето
на уредот безбедно и да ги
разбираат вклучените опасности.
• Дозволен е деца на возраст од 3 до
8 години да вадат и ставаат храна
од/во производот за разладување.
• Електричните производи се опасни
за деца и за миленици. Децата и
домашните миленици не смеат
да си играат со производот, да се
качуваат или да влегуваат во него.
• Чистењето и одржувањето од
страна на корисникот не треба да
го прават деца освен ако некој не
ги надгледува.
• Чувајте ги материјалите од
пакувањето настрана од деца.
Постои ризик од повреда и од
гушење.
3 /34 MK

Publicité

loading