Télécharger Imprimer la page

Beko GN163241XBN Manuel D'utilisation page 235

Publicité

Упатства за безбедност
производот или повреди.
• Пред да го инсталирате, проверете
дали производот е оштетен. Не
инсталирајте го производот ако е
оштетен.
• Ставете го производот на рамна
и цврста површина и израмнете
го со приспособливи ногалки.
Инаку, фрижидерот би можел да се
преврти и да предизвика повреди.
• Производот треба да се инсталира
во сува и вентилирана средина. Не
ставајте ќилими, черги или слични
подни прекривки под поризводот.
Тоа може да претставува ризик
од пожар поради нессодветна
вентилација!
• Не блокирајте или прекривајте
ги дупките за вентилација.
Инаку, може да се зголеми
потрошувачката на струја и
да дојде до оштетување на
производот.
• Не поврзувајте го производот со
системи за електрична енергија,
како што се соларните електрични
системи. Инаку, може да дојде до
оштетување на производот поради
нагли волтажни флуктуации!
• Колку повеќе агенс за разладување
содржи фрижидерот, толку поголем
треба да биде просторот во кој е
инсталиран. Во многу мали соби,
може да се создаде мешавина на
гас и на воздух во случај да има
истекување на гас во системот за
ладење. Волумен од најмалу 1 m³
е потребен за секои 8 грама агенс
за разладување. Количината на
агенсот за разладување достапен
во вашиот производ е надведен во
етикетата за видот.
Фрижидер/Упатство за употреба
• Местото на кое се инсталира
производот не треба да е изложено
на директна сончева светлина и не
треба да биде во близина на извор
на топлина, како што се шпорети,
радијатори итн.
Ако мора да се инсталира производот
во близина на извор на светлина,
користете соодветна плоча за
изолација, а минималното растојание
од изворот на топлина треба да биде
како што е наведено подолу.
- Најмалку на растојание од 30
сантиметри од извори на топлина
како што се шпорети, единици за
затоплување и загревање итн.
- Најмалку на растојание од 5
сантиметри од електрични шпорети.
• Вашиот производ има I класа
на заштита. Приклучете
го производот во заземјен
штекер кој е во согласносст со
волтажата, електричната струја
и фреквенциите наведени во
етикетата за видот. Излезот на
штекерот е опремен со осигурувач
со ранг од 10 А - 16 А. Нашата
компанија не одговара за штетите
кои настануваат поради ракување
со производот без обезбедување
на заземјувањето и електричните
поврзувања направени според
локалните или националните
прописи.
• Електричниот кабел на производот
мора да е исклучен за време на
инсталирањето. Инаку, постои
ризик од струен удар и повреда!
• Не приклучувајте го производот
во разклатени, скршени, валкани,
измастени приклучници излезени од
своите места или приклучници кај
кои има ризик да дојдат во допир со
вода.
5 /34 MK

Publicité

loading