318 | Македонски
– Свртете ја масата за пила (16) до жлебот (25) за 0°.
Рачката (22) мора осетно да се вклопи во жлебот.
Проверка (види слика W1)
– Поставете агломер на 90° помеѓу граничната водилка
(14) и сечилото за пила (12) на масата за пила (16).
Кракот на агломерот мора да биде прецизен по целата
должина со сечилото за пила (12).
Подесување: (види слика W2)
– Олабавете ги сите четири завртки за подесување (61)
со крстест одвртувач и свртете ја масата за пила (16)
заедно со скалата (18), додека кракот на агломерот не
лежи рамно по целата должина на сечилото за пила.
– Повторно затегнете ги завртките.
Доколку по подесувањето агломерот (24) не е во линија
со 0° ознаката на скалата (18), олабавете ја
завртката (62) со обичен крстест одвртувач и насочете го
агломерот по должина на 0° ознаката.
Транспорт (види слика X)
Пред транспортот на електричниот алат мора да ги
извршите следните чекори:
– Олабавете ја завртката за фиксирање (33), доколку
таа е затегната. Извлечете ја рачката на алатот целосно
нанапред и повторно затегнете ја завртката за
фиксирање.
– Проверете дали граничникот за длабочина (32) е
притиснат сосема навнатре и завртката за подесување
(4) при движењето на кракот на алатот минува низ
отворот без да го допре граничникот за длабочина.
– Подесете го електричниот алат во транспортна
позиција.
– Отстранете ги деловите на опремата, кои не може
цврсто да се монтираат на електричниот алат.
Неискористените листови за пила, доколку сакате да
ги транспортирате ставете ги во затворена кутија.
– Врзете го струјниот кабел со лепливата лента (63).
– Електричниот алат носете го со транспортната рачка
(3) или фатете го за жлебовите за држење (27)
странично на масата за пила.
За транспортирање на електричниот алат,
u
користете ги секогаш уредите за транспорт, а не
заштитните уреди.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите
u
за проветрување, за да може добро и безбедно да
работите.
Доколку е потребно користење на приклучен кабел,
тогаш набавете го од Bosch или специјализирана
1 609 92A 7NA | (26.04.2022)
продавница за Bosch-електрични алати, за да избегнете
загрозување на безбедноста.
Осцилаторниот заштитен капак мора секогаш да се движи
слободно и самостојно да се затвора. Пределот околу
осцилаторниот заштитен капак секогаш треба да биде
чист.
Отстранете ја правта и струготините со издувување со
компресиран воздух или со четка по секоја работна
постапка.
Редовно чистете го лизгачкиот валјак (6).
За чистење на ласерската единица свртете го поклопецот
на ласерот (64) нанадвор и отстранете ја правта со четка
(види слика Y).
Опрема
Столарска стега
Плочи за вметнување
Вреќичка за прав
Граничник за должина
Завртка за блокирање на
граничникот за должина
Сечила за пила за дрво и плочести материјали,
панели и лајсни
Сечило за пила 216 x 30 mm, 48
запци
Сечила за пила за пластика и неметали
Сечило за пила 216 x 30 mm, 80
запци
Сечило за пила 216 x 25,4 mm, 80
запци
Сечила за пила за сите видови ламинатни подови
Сечило за пила 216 x 30 mm, 60
запци
Сечило за пила 216 x 25,4 mm, 60
запци
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Ознаки за експлозија и
информации за резервните делови исто така ќе најдете
на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на производот.
Северна Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
Број на дел/
артикл
1 609 B04 224
1 609 B03 717
1 609 B05 010
1 609 B02 365
1 609 B00 263
2 608 640 641
2 608 640 447
2 608 642 993
2 608 642 133
2 608 642 995
Bosch Power Tools