• Промена на бургиите !
! исчистете го и намачкајте го SDS+ приборот со
масло пред да го вметнете
- повлечете ја главата за стегање D наназад и
вметнете го приборот во SDS+ главата, вртете ја и
туркајте го приборот додека не го затегнете;
приборот сам се затегнува автоматски
- повлечете го приборот за да проверите дали е
цврсто стегнат
- извадете го приборот, така што ќе а повлечете
наназад главата за стегање D
! SDS+ приборот бара неограничена слобода на
движењето, која предизвикува ексцентрична
работа со алатот во празен од; за време на
работата, таа сама се центрира; ова нема
влијание врз прецизноста на дупчењето на
отворот
! не употребувајте бургии со оштетена дршка
• Подесување на режимот за работа @
1 = нормално дупчење/навртување
2 = дупчење со чекан
! подесувањето на режимот на работа се врши
само кога алатот е исклучен и приклучокот е
изваден од струја
- механизмот со чеканот се активира со благ
притисок на алатот, додека сврделот се наоѓа во
допир со материјалот кој се обработува
- треба малку време додека механизмот со чеканот
не достигне целосна моќност за удирање
- најдобри резултати за чекан дупчење дупчење се
постигнуваат само со лесен притисок на алатот;
резултатот на дупчењето не се подобрува со
посилно притискање на апаратот
• Приспособување на длабочината на дупчењето #
• Држење и насочување на алатот $
! додека работите, секогаш држете го алатот за
местото (местата) кое (кои) се означени со
сива боја
- алатот секогаш држете го за страничната дршка
H (може да се приспособува, како на цртежот)
- отворите за ладење J 2 држете ги отворени
- не притискајте премногу со алатот; дозволете тој
сам да работи
СОВЕТИ ЗА ПРИМЕНА
• Користете соодветни бургии %
! употребувајте само остри бургии
• При дупчење во дрво, метал и пластика, како и
навртување, користете адаптер (не се вклучени во
приборот) ^
! исчистете го и намачкајте го SDS+ адаптерот
со масло пред да го вметнете
- повлечете ја главата за стегање D 2 наназад и
вметнете го адаптерот во SDS+ главата, вртете ја
и притискајте го адаптерот додека не го стегнете;
адаптерот сам се затегнува автоматски
- повлечете го адаптерот за да проверите дали е
цврсто стегнат
- подесете го прекинувачот F 2 за нормално
дупчење (подесувањето се врши само кога
алатот е исклучен и приклучокот е изваден од
струја)
• При дупчење во метал
- најпрво издупчете помала дупка, кога сакате да
издупчите поголема дупка
- бургијата подмачкувајте ја со масло од време на
време
• При навртување на штрафовите на краевите на
дрвото, прво треба да се издупчи мала дупка за да
се избегне разлистување на дрвото
• Дупчење на дрво без разлистување &
• Дупчење на дрво без прашина *
• Дупчење на таван без прашина (
• Дупчење на плочки без лизгање )
• Многу други совети можете да најдете на
www.skil.com
ОДРЖУВАЊЕ/СЕРВИСИРАЊЕ
• Овој алат не е наменет за професионална употреба
• Алатот и кабелот секогаш да се одржуваат чисти
(особено отворите за ладење J 2)
! пред чистење извадете го алатот од
приклучокот
• Доколку алатот и покрај внимателното работење и
контрола некогаш откаже, поправката мора да ја
изврши некој овластен SKIL сервис за електрични
алати
- во случај на примедба, испратете го алатот
нерасклопен, заедно со сметкопотврдата, до
вашиот продавач или најблискиот SKIL сервис
(адресите се наведени на www.skil.com)
ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА
СРЕДИНА
• Не се ослободувајте од електични алати, уреди
или амбалажа преку нивно фрлање во
домашното ѓубре (само за земјите на ЕУ)
- според Европската Директива 2012/19/EC за
ослободување од електрична и електронска
опрема и нејзина имплементација во согласност
со националните закони, електричните алати кои
го достигнале крајот на својот животен век мора
да бидат собрани посебно и да бидат вратени во
соодветен објект за рециклирање
- симболот 5 ќе ве потсетува на ова кога ќе дојде
време алатот да го фрлите
БУЧАВА / ВИБРАЦИИ
• Мерено во согласност со EN 60745 нивото на звучен
притисок е 88 dB(A) а нивото на звучна моќност 99
dB(A) (стандардно отстапување: 3 dB), и вибрација ✱
м/с² (векторски збир на трите показатели;
несигурност К = 1.5 м/с²)
✱ при дупчење со чекан во бетон 12,0 м/с²
• Нивото на емитирање на вибрации кое е наведено
на задниот дел на ова упатство е измерено во
согласност со стандардизираниот тест даден во EN
60745; може да се користи за да се спореди еден
алат со друг, и како првична оценка за изложеноста
на вибрации кога се користи алатот за споменатите
примени
100