Télécharger Imprimer la page

Dolmar PM-46 B Manuel D'instructions page 211

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 19
Подготовка
• Додека косите, секогаш носете тешки обувки и
долги панталони. Не ракувајте со опремата боси
или со отворени сандали;
• Темелно проверете го подрачјето каде што треба
да се користи опремата и отстранете ги сите
предмети што машината може да ги фрли;
• ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ - Бензинот е многу запалив.
- Чувајте го горивото во садови специјално
конструирани за таа намена;
- Полнете гориво само надвор и не пушете притоа;
- Додајте гориво пред да го запалите моторот. Не
вадете го капачето на резервоарот и не
дополнувајте бензин додека моторот работи или
додека моторот е жежок;
- Ако се истури бензин, не обидувајте се да го
запалите моторот, туку тргнете ја машината
подалеку од подрачјето на истурањето и обидете
се да не создадете извор на палење додека не
се развеат бензинските пареи;
- Затворете ги капачињата на резервоарот и на
садот цврсто;
• Заменете ги неисправните придушувачи;
• Пред употребата, секогаш визуелно проверете
дали сечилата, завртките на сечилата и комплетот
за сечење не се изабени или оштетени. Заменете
ги изабените или изабени сечила и завртките во
комплетите за да ја зачувате рамнотежата.
Работење
• Не работете со моторот во затворен простор, каде
што може да се наталожат опасни јаглерод
моноксидни пареи.
• Косете само дење или на добро вештачко светло;
• Избегнувајте работа со опремата на мокра трева,
кога е можно;
• Секогаш внимавајте како газите на стрмнини;
• Одете, никогаш не трчајте;
• Со вртливи машини на тркала, косете напречно по
падини, никогаш нагоре или надолу.
• Бидете многу претпазливи кога менувате насока на
падини;
• Не косете многу стрмни падини;
• Бидете многу претпазливи кога одите наназад или
ја влечете косилката кон себе;
• Сопрете ги сечилата ако косилката треба да се
навали за превоз кога се поминуваат површини што
не се тревни и кога ја пренесувате косилката до и
од подрачјето што треба да се коси;
• Не работете со косилката ако штитниците се
оштетени или ако безбедносните делови, на пр.
одбојниците и/или собирачите на тревата, не се на
своите места;
• Не менувајте ги основните поставки на моторот и
не пребрзувајте го;
• Откочете ги сите сечила и погонски квачила пред
да го запалите моторот;
• Запалете го моторот внимателно, според
упатството и со нозете далеку од сечилата;
• Не навалувајте ја косилката кога го палите моторот;
• Не палете го моторот кога стоите пред отворот за
исфрлување;
• Не ставајте раце или нозе близу или под вртливите
делови. Бидете подалеку од отворот за
исфрлување во секое време;
• Не кревајте ја и не носете ја косилката додека
моторот работи;
• Сопрете го моторот и откачете го кабелот на
свеќичката, проверете дали сите подвижни делови
сопреле целосно и, кога има клуч, извадете го
клучот:
- Пред да одглавувате блокирања или го чистите
испустот;
- Пред да ја проверувате, чистите или работите на
косилката;
- Откако ќе удрите во туѓ предмет. Проверете ја
косилката да не е оштетена и извршете ги
поправките пред да ја запалите повторно и да
работите со косилката.
- Ако косилката почне да вибрира ненормално
(проверете веднаш);
• Сопрете го моторот и откачете го кабелот на
свеќичката, проверете дали сите подвижни делови
сопреле целосно и, кога има клуч, извадете го
клучот:
- Секогаш кога ја оставате косилката;
- Пред полнење гориво;
• Намалете го гасот додека моторот е изгаснат и, ако
моторот има вентил за прекин на доводот на
гориво, затворете го доводот на крајот на косењето.
Одржување и чување
• Одржувајте ги сите навртки и завртки затегнати за
да бидете сигурни дека опремата е во безбедна
работна состојба;
• Не одложувајте ја опремата со бензин во
резервоарот во објект каде што испарувањата
може да дојдат до отворен пламен или искра;
• Оставете го моторот да се излади пред да го
одложите во затворен простор;
• За да ја намалите опасноста од пожар, одржувајте
ги моторот, придушувачот, одделот за
акумулаторот и подрачјето за чување бензин чисти
од трева, лисја или премногу маснотии;
• Проверувајте го собирачот на тревата често да не е
изабен или истрошен;
• Заменувајте ги изабените и оштетените делови за
поголема безбедност;
• Ако резервоарот за гориво треба да се испразни,
тоа треба да се направи на отворено.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Не допирајте сечило
што се врти.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Полнете гориво во
добро проветрено подрачје со сопрен мотор.
3. ОПИС НА ДЕЛОВИТЕ (Сл. A и
B, C)
Вклучува
A: Клуч за свеќичката
211

Publicité

loading

Ce manuel est également adapté pour:

Pm-46 nbPm-46 sb