Télécharger Imprimer la page

JVC LT-32VF42L Manuel D'instructions page 25

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 104
Опции за надградба е вклучено и телевизорот е
поврзан на сигнал на антена или на интернет. Ако е
најден нов софтвер и успешно е преземен, ќе биде
инсталиран на следното вклучување.
Забелешка: Немојте да го исклучувате кабелот додека
трепка лед-диодата за време на рестартирањето. Ако
телевизорот не се вклучува после надградба, исклучете
го од струја, почекајте 2 минути и вклучете го повторно.
Сите ажурирања се контролираат автоматски. Ако се
направи мануелно пребарување се и не се најде софтвер,
тоагаш оваа е тековната верзија.
Решавање на проблеми и совети
ТВ-уредот не се вклучува
Осигурете се дека кабелот е правилно вклучен во
штекерот. Притиснете го копчето Напојување на
телевизорот.
Лоша слика
• Проверете дали е рпавилно наштиман вашиот
ТВ-уред.
• Ниско ниво на сигнал може да доведе до
искривување на сликата. Проверете ги врските
на антената.
• Доколку рачно сте штелувале, проверете дали
сте ја внесле правилната фреквенција.
Нема слика
• ТВ-уредот не прима никаков сигнал, Проверете
дали е избран вистинскиот извор за влез.
• Дали антената е правилно поврзана?
• Дали е оштетен антенскиот кабел?
• Дали се користат соодветни приклучоци за
поврзување на антена?
• Ако се сомневате, консултирајте го вашиот
продавач.
Без звук
• Проверете дали звукот на телевизорот не е
пригушен. Притиснете го Mute или повишете го
тонот за да проверите.
• Звукот доаѓа од само еден звучник. Во менито
Звук проверете ја рамнотежата на звукот.
Далечински управувач - не работи.
• Батериите можеби се празни. Заменете ги
батериите.
• Можеби батериите се ставени погрешно.
Прочитајте го делот „Ставање на батерии во
далечинскиот управувач".
Нема сигнал на влезен извор
• Можно е да не е поврзан ниеден уред.
• Проверете ги AV-каблите и врските од вашиот
уред.
• Проверете дали е вклучен уредот.
Снимањето не е достапно (**)
За да снимите програма, прво треба да поврзете
УСБ-меморија с о вашиот ТВ-уред додек а
телевизорот е исклучен. Тогаш треба да го уклучите
ТВ-уредот за да се појави опцијата за снимање. Ако
не можете да снимате, проверете дали уредот за
складирање е правилно форматиран и дали има
доволно простор.
USB е многу бавно (**)
Ако пораката „Брзината на пренесување на USB-
дискот е многу бавна" се прикаже на екранот
додека започнувате со снимање, пробајте да
го рестартирате снимањето. Ако и понатаму ја
добиете истата грешка, можно е вашиот диск УСБ
да не е во согласност со барањата за брзина.
Обидете се да користите различен уред за
складирање USB.
(**)Доколку апликацијата е применлива на вашиот ТВ
Македонски - 23 -

Publicité

loading