Télécharger Imprimer la page

JVC LT-32VF42L Manuel D'instructions page 13

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 104
Вклучено/исклучено
За да се вклучи ТВ
Поврзете го струјниот кабел во извор на струја
како на пример ѕиден штекер (220-240 волти
наизменична струја, 50 Херци).
За да го вклучите ТВ-уредот од режимот на
мирување сторете го следното:
• Притиснете го копчето Мирување, Програма
+/- или некое нумеричко копче на далечинскиот
управувач.
• Притиснете ја навнатре средината на страничната
команда на ТВ-уредот.
Исклучување на телевизорот
Притиснете го копчето Мирување на далечинскиот
управувач, или притиснете го центарот на
функциските команди на ТВ-уредот и држете
го притиснат неколку секунди за ТВ-уредот да
премине во режим на мирување.
За да го прекинете напојувањето на телевизорот
целосно, извлечете го кабелот за напојување
од штекер.
Забелешка: Кога ТВ-уредот се префрлува во режим
за мирување, ЛЕД-сијаличката ќе трепка за да
посочи дека одликите како што се Пребарување во
мирување, Безжично преземање или Тајмер се активни.
ЛЕД-диодата може и да трепери кога го вклучувате
телевизорот од режим на мирување.
Прво инсталирање
Кога ќе го вклучите првпат, ќе се појави екранот
„избор на јазик". Изберете го потребниот јазик и
притиснете OK. Во следните чекори на водичот
за инсталација, поставете ги преференциите со
копчињата за насока и со копчето ОК.
На вториот екран поставете ги преференциите за
земјата. Во зависност од изборот од менито Земја,
може ќе треба да поставите и да потврдите ПИН во
овој момент. Избраниот ПИН не може да биде 0000.
Мора да го внесете ако од вас се бара да внесете
ПИН за некоја операција од менито подоцна.
Забелешка: Видот M7-оператор(*) ќе биде зададен
според изборот на Јазик и Земја кој сте го направиле
за време на Првата инсталација.
(*) M7 е доставувач на дигитални сателитски услуги.
Можете да ја активирате опцијата режими за
продавница во следниот чекор. Оваа опција
ќе ги конфигурира поставките за во продавница
и во зависност од користениот модел на ТВ-
уред, поддржаните одлики на телевизорот ќе
бидат прикажани на врвот на екранот во вид на
информациска лента. Оваа опција е наменета само
за користење за во продавница. Се препорачува
да изберете режим за дома за користење
дома. Опцијата ќе биде достапна во менито
Поставки>Систем>Повеќе и може подоцна да
биде изгасена/вклучена подоцна. Изберете и
притиснете OK за да продолжите.
На следниот екран може да ги поставите
преференциите за видовите емитувања кои ќе се
пребаруваат, да поставите кодирано пребарување
канали и временска зона (во зависност од
избраната земја) Дополнително, можете да
поставите еден вид емитување како свој омилен.
Приоритет ќе има избраниот вид емитување во
текот на процесот на пребарување и каналите ќе
бидат наведени на врвот на списокот канали. Кога
ќе завршите, одберете ја Следно и притиснете ОК
за да продолжите.
За избирање на типот емитување
За да ја вклучите опцијата за пребарување на
видот емитување, означете ја и притиснете ОК.
Полето за штиклирање до избраната опција ќе
биде штиклирано. За да ја исклучите опцијата
за пребарување, отштиклирајте го полето за
штиклирање со притискање ОК по поместување
на фокусот на опцијата посакуван вид емитување.
Дигитална антена: Ако е вклучена опцијата за
пребарување на антенско емитување, ТВ-уредот
ќе пребарува дигитални земјени емитувања откако
ќе бидат завршени други иницијални поставки.
Дигитален кабел: Ако е вклучена опцијата за
пребарување кабелско емитување, ТВ-уредот
ќе пребарува дигитални кабелски емитувања
откако ќе бидат завршени други иницијални
поставки. Ќе се прикаже порака пред да се
почне пребарувањето која ве прашува дали
сакате да извршите пребарување на кабелски
мрежи. Ако изберете Да и притиснете ОК, може
да изберете Мрежа или да поставите вредности
како Фреквенција, Идент. на мрежа и Чекор на
пребарување на следниот екран. Ако изберете
Не и притиснете ОК, може да поставите Почни
фреквенција, Прекини фреквенција и Чекор
на пребарување на следниот екран. Кога ќе
завршите, одберете Следно и притиснете го
копчето ОК за да продолжите.
Забелешка: Траењето на пребарувањето се менува во
зависност од избраниот чекор на пребарување.
Сателит: Ако е вклучена опцијата за пребарување
сателити, ТВ-уредот ќе ги пребарува дигиталните
сателитски преноси отк ако ќе се постават
сите иницијални поставки. Пред да се прави
сателитско пребарување, треба да се направат
некои подесувања. Ќе се прикаже мени на кое
можете да изберете да почнете инсталација на
М7-оператор или стандардна инсталација За да
почете инсталација на М7-оператор, за Вид на
инсталација изберете Оператор и Сателитскиот
оператор како соодветен М7-оператор. Потоа
обележете ја опцијата Претпочитано скенирање
и поставете Овие опции може да се изберат
Македонски - 11 -

Publicité

loading