Télécharger Imprimer la page

JVC LT-32VF42L Manuel D'instructions page 15

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 104
ако поставките на антената не се конфигурирани
правилно.
Репродуцирање на медиуми со УСБ влез
Можете да поврзете 2,5" и 3,5" инчни надворешни тврди
дискови (со надворешно напојување) или УСБ-меморија
на ТВ преку УСБ-влезовите на ТВ-уредот.
ВАЖНО: Направете резервна копија на датотеките
на уредите за чување пред да ги поврзете на
телевизорот. Производителот нема да биде
одговорен за какво било оштетување на датотеките
или загуба на податоци. Можно е одредени
видови на USB-уреди (на пр. MP3-плеери) да не
се компатибилни со овој ТВ-уред. Телевизорот
поддржува FAT32 и NTFS формати на дискот,
но снимањето нема да биде можно со дискови
форматирани во NTFS.
Може да настанат одредени проблеми при
форматирањето на УСБ тврди дискови поголеми
од 1 ТВ (терабајт).
Почекајте малку помеѓу секое вклучување и
исклучување бидејќи уредот можеби cè уште
чита датотеки. Ова може да предизвика физичко
оштетување на USB плеерот и самиот USB
уред. Не извлекувајте го USB-модулот додека се
репродуцира датотека.
Можете да користите УСБ-хабови со УСБ-
влезовите на вашиот ТВ. Надворешен електричен
извор на УСБ хабови се препорачува во таков
случај.
Се препорачува да се користат УСБ-влезовите на
ТВ-уредот директно, ако сакате да конектирате
УСБ-хард диск.
Забелешка: При гледање на слики, менито Прелистувач
на медиуми може да прикаже само 1000 слики кои се
зачувани на поврзаниот УСБ диск.
USB-снимање (**)
Снимање програма
ВАЖНО! Кога користите нов УСБ-цврст диск,
се препорачува прво да го форматирате дискот
с о опцијата Форматирај диск во менито
ТВ>Снимки>Поставки.
За да снимите програма, прво треба да поврзете
УСБ-диск со Вашиот телевизор додека телевизорот
е исклучен. Тогаш треба да уклучите ТВ-уредот за
да се појави опцијата за снимање.
За да можете да снимате, вашиот УСБ-диск
треба да има 2 гигабајт слободен простор и
да е компатибилен со УСБ 2.0. Доколку не е
компатибилен УСБ-дискот, ќе се појави порака
за грешка.
За да снимате долги програми, како на пример,
филмви, се препорачува користење на УСБ-цврсти
дискови (ХДД).
Снимените програми се зачувуваат на поврзаниот
УСБ-диск. Ако сакате, можете да ги зачувате/
копирате снимките на компјутерот, овие датотеки
нема да можете да ги репродуцирате на компјутер.
Можете да ги пуштите снимките само преку вашиот
телевизор.
Може да дојде до доцнење во синхронизирањето на
зборувањето за време на снимањето на програми
за прегледување подоцна. Снимање на радио е
поддржано. Телевизорот може да снима програми
до десет часа.
Снимените програми се поделени на партиции
од по 4GB.
Ако брзината на запишување на поврзаниот USB
не е доволна, запишувањето може да прекине и
временската промена може да не биде достапна.
Се препорачува да користите УСБ-цврст диск за
снимање HD-програми.
Не исклучувајте го USB/HDD за време на снимање.
Ова може да го оштети поврзаниот USB/HDD.
Достапна е поддршка на повеќе партиции. Не се
поддржуваат повеќе од две различни партиции.
Првата партиција на дискот USB се користи за
готови функции за USB-снимање. Исто така мора
да биде форматирана како примарна партиција
за да биде користена за готови функции за USB-
снимање.
Некои стримувани пакети нема да бидат снимени
заради проблеми со сигналот, па понекогаш видеото
може да се замрзне за време на репродуцирањето.
Копчињата Снимај, Репродукција , Пауза, Приказ
(за PlayListDialog) не може да се користат
кога е вклучен телетекстот. Ако снимањето
почнува од тајмер кога телетекстот е вклучен,
телетекстот автоматски ќе се исклучи. Не може да
се користи телетекстот кога е во тек снимање или
репродуцирање.
Снимање програма за прегледување подоцна
Притиснете на копчето PAUSEдодека се емитува
програмата за да се префрлете на режим
запрегледување подоцна. Во режимот за временско
поместување, програмата се паузира и се снима на
поврзаниот диск USB.
Притиснете го повторно копчетоРепродукција за
да ја гледате паузираната програма од моментот
на стопирање. Притиснете го копчето Стоп за
да го запрете тајмшифтингот и да се вратите на
преносот во живо.
Тајмшифтингот не може да се користи на радио.
Можете да ја користите одликата за брзо напред
на снимањето за прегледување подоцна пред да
продолжите со опцијата нормала репродукција
или брзо напред.
Инстантно снимање
Притиснете на копчето Record за да започнете со
снимање на некоја програма додека ја гледате.
Можете да притиснете на копчето Record на
далечинскиот управувач уште еднаш за да го
Македонски - 13 -

Publicité

loading