Télécharger Imprimer la page

SKIL MASTERS 9955 Notice Originale page 129

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 8
- веднаш престанете со работата доколку дојде до
поголеми вибрирања или други неправилности во
работата и прегледајте го алатот, за да ја
одредите причината
• Вклучено/Исклучено
- алатот вклучете/исклучете го со повлекување/
пуштање на прекинувачот H 3
• Електронско меко вклучување
Обезбедува внимателно постигнување максимална
брзина без неочекувано влијание кога ќе се вклучи
алатот
• Блокирање на прекинувачот за постојана употреба
- повлечете го прекинувачот H
- притиснете го копчето J со палецот
- отклучете го прекинувачот со повторно
повлекување на прекинувачот H и отпуштање
• Контрола на брзината 6
- Со тркалото K максималната брзина може да се
приспособи од ниска до висока (1-MAX)
- започнете со тркалото K во позиција 1 (најмала
брзина)
- ако е потребно, изберете поголема брзина додека
работи тркалото
- оптималната работна брзина зависи од
материјалот и може да се одреди преку практични
проби
• Работа со алатот
- вклучете го алатот
- поставете го алатот целосно врз површината
којашто треба да се полира и движете
рамномерно по делови
- едното движење треба да го преклопи
претходното за една половина
- не застанувајте на една точка за да избегнете
горење на подлогата
- не движете го алатот во кругови за да избегнете
дамки или горење на подлогата
! уредот треба да се подигне од работната
површина пред тој да биде исклучен
! приборот се врти уште некое време по
исклучувањето на електричниот алат
• Држење и насочување на алатот 7
! додека работите, секогаш држете го алатот за
местото (местата) кое (кои) се означени со
сива боја
- електричниот алат секогаш држете го силно со
двете раце, за да можете во секој момент да
имате целосна контрола врз него
- секогаш бидете во сигурна положба
! не применувајте премногу сила врз алатот со
што ќе предизвикате комплетно застанување
- отворите за ладење L 3 држете ги отворени
ОДРЖУВАЊЕ/СЕРВИСИРАЊЕ
• Заштитете го алатот од удари, потреси и масти
• Алатот и кабелот секогаш да се одржуваат чисти
(особено отворите за ладење L 3)
! пред чистење извадете го алатот од
приклучокот
! не обидувајте се да ги чистите отворите за
вентилација со вметнување на остри предмети
низ отворите
• Доколку алатот и покрај внимателното работење и
контрола некогаш откаже, поправката мора да ја
изврши некој овластен SKIL сервис за електрични
алати
- во случај на примедба, испратете го алатот
нерасклопен, заедно со сметкопотврдата, до
вашиот продавач или најблискиот SKIL сервис
(адресите се наведени на www.skilmasters.com)
ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА
СРЕДИНА
• Не се ослободувајте од електични алати, уреди
или амбалажа преку нивно фрлање во
домашното ѓубре (само за земјите на ЕУ)
- според Европската Директива 2002/96/EC за
ослободување од електрична и електронска
опрема и нејзина имплементација во согласност
со националните закони, електричните алати кои
го достигнале крајот на својот животен век мора
да бидат собрани посебно и да бидат вратени во
соодветен објект за рециклирање
- симболот 8 ќе ве потсетува на ова кога ќе дојде
време алатот да го фрлите
ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА УСОГЛАСЕНОСТ
• Со целосна одговорност изјавуваме дека производот
опишан кај "Технички податоци" е усогласен со
следните стандарди или документи за
стандардизација: EN 60745, EN 61000, EN 55014 во
согласност со одредбите во директивите 2004/108/
EG, 2006/42/EG, 2011/65/EУ
• Техничко досије во: SKIL Europe BV (PT-SEU/
ENG1), 4825 BD Breda, NL
19.08.2013
БУЧАВА/ВИБРАЦИИ
• Мерено во согласност со EN 60745 нивото на звучен
притисок е 86 dB(A) а нивото на звучна моќност 97
dB(A) (стандардно отстапување: 3 dB), и вибрација
8,5 м/с² (hand-arm метода; несигурност К = 1.5 м/с²)
• Нивото на емитирање на вибрации кое е наведено
на задниот дел на ова упатство е измерено во
согласност со стандардизираниот тест даден во EN
60745; може да се користи за да се спореди еден
алат со друг, и како првична оценка за изложеноста
на вибрации кога се користи алатот за споменатите
примени
- користењето на алатот за разни примени, или со
различни или неправилно чувани делови, може да
доведе до значајно зголемување на нивото на
изложеност
129

Publicité

loading